Некако дегутантно ми личи да пишувам повеќе за нови задолжувања. Ова е лудило....
Него, најдов на нет писмо што на патриотот “му го пишува“ една наша јавна личност пред 3-4 години.
Еве што вика :
Е мој Грујо... Мој, мој па преку мој!
Вие сте обични технократи кои беа донесени на власт да ја дозадолжат Македонија, за после по нејзиниот банкрот да се вратат назад на своите работни места во Светската Банка, ММФ, ЦЕБ, и во разни други европско-белосветски совети и организации. Работите за туѓи интереси. Точка. Никој денес не дава некому пари за џабе.
И уште ( неврзано за темава, ама покрај задолжувањето, тоа е втората работа што не им ја простувам на жмовциве) :
Извини, ама јас не се сеќавам на некој друг што толку го разедини својот народ како тебе. Ти беше тој што го подели на Фалангисти и Словени, на предавници и патриоти, на верници и богохулници, на комуњари и демохристијани, на оние ЗА и оние ПРОТИВ абортусот, на легитимни стечајци и опозиционерски, на вакви бранители и онакви бранители, на добри и лоши...
На секој протест на незадоволните од твоето владеење, ти организираше контра протест.
На протестот на незадоволните земјоделците им спротивстави свои задоволни земјоделци и згодни земјоделки со бланширани, тапирани фризури, силиконски гради и потпетици од дванаесет сантиметри. Црната земја под долгите нокти, нормално, не можеше да им се забележи зашто беа лакирани во разни бои.
На протестите на несреќните стечајци, ти ги уфрли во игра твоите среќни стечајци, кои пред камерите, многу невнимателно се јавуваа некому од мобилни телефони кои чинат петстотини евра.
Кога имаше протести против изградбата на црквата на Плоштад, ти на студентите од архитектура им пушти наапени деликвенти и силеџии.
Кога беа сега протестите во Општина Центар, на твој повик се собраа стотици исти такви силеџии од околните скопски села за да го бранат Центар од неговите сопствени граѓани и локалната власт која самите ја избрале.
Да, да, Грујо мој, твоите ВМРО ЈУНГЕН и фанатичните демохристијани беа главна запршка во секоја твоја манџа на чело со медиумите и твоите мегафони Латас, Јанко и Миленко. Така и ги закрви луѓето меѓу себе. И сега кукаш што не сме единствени!?
Нека каже некој дека не е вистина, а ?