Конфликтот во Сирија

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.263
Поени од реакции
4.868
Ја погледа таа мапата погоре што ја поставив, со гасните полиња во Персискиот Залив?
Епа Русија не сака ништо од тие огромни гасни резерви да дојдат во Европа, која е рускиот најлукративен енергетски пазар, и геостратешки најважно подрачје на влијание. Затоа во интерес на Русија е конфликтот во Сирија да се оддолжи до недоглед. Русија не го започна тој конфликт, ’муриканските вазали го почнаа со тоа што по наредба на газдите, ги создадоа ИСИС (исто како и Ал Каеда претходно). Русија не го започна тој конфликт, но секако дека ќе го искористи за свои интереси. Тоа е геополитика, реална политика. Нема тука никакви пријатели, само интереси.


Теоретски се е можно, можат и да постават подводни цевки окулу Арабискиот Полуостров и низ Суецкиот Канал да излезат накај Европа.
Но како што кажа, колку ќе кошта тоа? Колку време ќе потрае изградбата? И секако, колку ќе биде безбеден тој гасовод? Ќе поминува низ Јеменски територијални води? М’хмм? Таму не се водеше цивилна војна?

Погледај на мапата, Азербејџан колку гасни (и нафтени) полиња има? Зошто никогаш не се изгради гасовод од Азербејџан накај Европа? Азерско-Ерменската војна сега не ти звучи како рандом случување? М’хмм? ;)
Епа од истите причини, и низ Сирија нема да минува гасовод. Барем не без руски амин (и соодветен договор), иако не гледам што тоа Иран може да понуди - а да вреди повеќе од рускиот интерес во Европа.
Ирак е одлична замена за Сирија за евентуален Катарски гасовод, но проблемот со Ирак е што е константно во војна три и пол децении, што е крајно нестабилен регион за изградба на гасовод. Имајќи го предвид огромното количество оружје и борци истурени во Сирија во последниве години, како и границата со Ирак, Сирија ќе биде нестабилен регион за гасовод со години после крајот на цивилната војна.
Што значи дека гасовод низ Сирија нема да минува, било тоа Катарски или Ирански. Тоа би можело да биди малку незгодно за Русија, имајќи предвид дека може да го препродава Иранскиот гас доколку се изгради гасовод од Иран.

Во врска со резервите на гас, Русија има драстично поголеми резерви на гас од вториот на листата (Иран, Катар), огромни полиња со гас кои се недокажани на Сибир, многу поповолна позиција за снабдување на Европа и Кина, како и многу повеќе технологија, барем од Иран. Просто, со обична пазарна конкуренција Русија може да држи монопол врз снабдувањето со гас. Но бидејќи на пазарот со енергенси такво нешто не е возможно, мора да се трудат на друг начин да го држат монополот.

Катар ќе продолжи да бара начини да доставува гас до Европа по ефтин начин. Можеби следен кандидат за цивилна војна е Јордан...
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
На пат за Сирија, им се приклучува Beriev A-50 'Mainstay' нова главоболка за непријателите.

Денес за прв пат сириски два Mig-29 правеа придружба на руски два Su-25 за време на мисија.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
24.047
Поени од реакции
32.091
Како изгледа Сирија сега и како изгледаше во 2011та, пред војната со ИСИС - платениците на ’мурика, и нејзините регионални вазали.

Ширење на демократија:
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Ова е веќе тешко срање, за кратко време во Сирија пристигаат Ka-52 опремени со Warfare System, по соборувањето на авионот, дефинитивно Русија започнува на применува нова тактика во нападите што значи ќе бидат многу по жестоки, само прашање е дали ќе започне и офанзива со Руска војска или ќе остане да ја подржува Сириската копнена армија, битно е да се напомене дека и Сириското В.В спроведува многу повеќе мисии за разлика од почетокот како комбинирани така и самостално со подршка и наведување од Русите.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.177
Поени од реакции
15.203
Недопирливото засолниште на џихадистите – Ова место и Русите избегнуваат да го бомбардираат

21.01.2016 | 20:00
Извор: Точка
Прочитано: 7267 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот


Експертите проценуваат дека, доколку се урне браната Табка, ќе бидат поплавени делови од Ирак и Сирија.


Токму таму се кријат џихадистите, бидејќи сметаат на фактот дека никој, ниту американските нику руските сили, нема да сакаат браната да ја срамнат со земја, бидејќи тоа би имало последици од огромни размери, пишува британски„Mirror”.


Браната е долга околу 4.5 километри и висока околу е околу 183 метри. Се верува дека терористите од Исламската држава во внатрешноста на браната ги држат затворениците, а Табка им служи како бункер отпорен на бомби. Во тој бункер, засолниште пронашле многу високо позиционирани команданти на џихадистите.


„Доколку браната пукне, значаен дел од Ирак би бил под вода и не би имало струја на истокот од Сирија“, рекол инжинерот Ариел Ахрам. Тоа би била еколошка катастрофа за Ирак и хуманитарна за Сирија, вели тој.

Браната Табка се наоѓа на околу 40 километри оддалеченост од Рака, престолнината на Исламската држава. Неа ја чуваат добро вооружени странски борци, а никому не му е дозволен пристап, освен на милитантите, пишува британски „Mirror”.


Инаку, браната е изградена со руска помош во 1970 година и го контролира текот на реката Еуфрат. изградбата на браната создала езеро долго околу 80 километри кое го претставува најголемиот сириски резервоар за вода.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.296
Поени од реакции
1.801
Сириската армија продолжува со ослободувањето на Латакија, мислам дека за 2-3 дена фронтот ќе се израмни и после ќе оди побрзо.



Русија испраќа засилување морска пешадија во базата Квејрис, зборат и за ПВО С300, Курдите досега беа заедно со Асад, сеуште се но таа игра за федерација, конфедерација ни е добро позната од охридскиот договор, така да многу важно е кој ќе ја ослободи Сирија, дали државата Сирија, курдите , умерената фракција на ИСИС.
Конкретно станува збор за град Манбиџ, дел од курдите заедно со американски окупатори , направија пробив и се движат ви таа насока, Асад е подалеку но сепак се држава и се многу посилни, слично е и во Раака.
Ционизмот е страшна идеологија, сите тие методи за создавање конфликти, војни , поделба на држави, превземање и колонизиране на држави се доведени до совршенство. Ако не може да ја преземат цела држава ја делат, како северна и јужна Кореја, Виетнам(таму не успеаја со колонијалната власт во Сајгон), Тајван, Босна, Судан, сега и Јемен.
Во моментов пробуваат да ги примамат курдите на нивна страна, стандардно им обеќаваат држава, пари, оружје, Русија несака да има идна сириско - курдска војна исто така преговара со нив за локална автономија и лојалност кон сириската држава, со оружје ги помага помалку, евентуално да се борат во склоп на САА под команда на Асад против ИСИС.
Последна неофицијална вест за префрлање на Руска војска во стар аеродром во Камишили, пограничен град со Турска, тоа е едно од малкуте места кајшто има касарни и сириска армија во дел населен и под контрола на курдите, така да ја засилуваат таа коалиција курди-сиријци. Гледаме и разни изјави на исламистот Ердоган, недоволства зашто Русија дислоцира војска во Сирија, гледаме до каде може да е лицемерието на ционистите, Америка и Турска може да праќаат армија во друга држава како Сирија и Ирак, која ако не е поканета од соодветната држава или ООН е агресија, додека Русија која е во сојуз и е поканета од сириската држава неможе?

 
Последно уредено:

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Сириската армија продолжува со ослободувањето на Латакија, мислам дека за 2-3 дена фронтот ќе се израмни и после ќе оди побрзо.
Утринава сириската армија ја освои Рабија (најсилното упориште на терористите/бунтовниците од левата страна на автопатот Латакија-Алепо).

CZeYqgSWwAAAxF9.jpg

После чистењето на теренот од остатоците, на ред е Кинсаба.

Малку остана од територијата на Туркоманите после офанзивата неофицијално наречена по името на убиениот руски пилот (што доволно зборува за тоа кој ја раководи). Интересна ќе биде реакцијата на лудакот Ердоган сега.
 

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Утринава сириската армија ја освои Рабија (најсилното упориште на терористите/бунтовниците од левата страна на автопатот Латакија-Алепо).

Прегледај го приврзокот 137545

После чистењето на теренот од остатоците, на ред е Кинсаба.

Малку остана од територијата на Туркоманите после офанзивата неофицијално наречена по името на убиениот руски пилот (што доволно зборува за тоа кој ја раководи). Интересна ќе биде реакцијата на лудакот Ердоган сега.
Се очекуваше овој град да падне, после жестоките Руски бомбардирања мислам дека џихадистите свесно се повлекоа со цел да ги зачуваат силите за одбрана на провинцијата Идлиб. Посебно во Идлиб (градот) е стационирана голема и силна џихадистичка коалиција наречена Army of Conquest која е составена од повеке групации на ФСА, Ал Нусра, Исламски фронт,Туркмениските (Ердоган) Башибозучки Милитанти,и други поситни групации.. Ако Сириската армија успее да го освои Идлиб, буквално ке ги отсече исламистите од рутите на турската граница прекукоја се снабдуваат со оружје, засилувања,логистичка подршка ...Ке остане само границата покрај Алепо која делумно на контролира ИСИЛ, делумно курдите, и дел од групациите кои се нарекуваат ФСА..Уште една предност ако успеат да ја освојат Идлиб тогаш таканаречените Умерени џихадисти ке бидат набиени во северниот дел на алепо,од западната и јужната страна ке бидат затворени од Сириската Армија, на исток е ИСИЛ, и на северозапад се Курдите, така да тој фронт би бил пред крајот. Ке биде интересно како ке се одиграат работите,иако јас мислам дека Сириската Армија нема доволно сила да го поврати Идлиб...

Ова на видеово не ми е јасно, Рабиа беше под контрола на Туркмените/ Army of Conquest а гледам знаме на ИСИЛ....Испага дека ИСИЛ е во коалиција со нив, или пак им се идоли на ердогановите јаничари па си цртаат нивни знамиња..
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Утринава сириската армија ја освои Рабија (најсилното упориште на терористите/бунтовниците од левата страна на автопатот Латакија-Алепо).

Прегледај го приврзокот 137545

После чистењето на теренот од остатоците, на ред е Кинсаба.

Малку остана од територијата на Туркоманите после офанзивата неофицијално наречена по името на убиениот руски пилот (што доволно зборува за тоа кој ја раководи). Интересна ќе биде реакцијата на лудакот Ердоган сега.
Ова не е тежок удар само за Ердоган. Туку и за Обама, Нетанјаху, Меркел и компанијата. Но јас сепак мислам дека после претседателските избори во САД ситуацијата во Сирија драстично ќе се промени и ќе биде во полза на НАТО.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Ова не е тежок удар само за Ердоган. Туку и за Обама, Нетанјаху, Меркел и компанијата. Но јас сепак мислам дека после претседателските избори во САД ситуацијата во Сирија драстично ќе се промени и ќе биде во полза на НАТО.
Donald Trump will make NATO great again.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.177
Поени од реакции
15.203
Ovoj debeliov( mislam deka e režiserot) tolku gi mrazi republikanciite, što se ponaša kako našive t.n. političari. Poln e so omraza
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.761
Поени од реакции
12.054
Ovoj debeliov( mislam deka e režiserot) tolku gi mrazi republikanciite, što se ponaša kako našive t.n. političari. Poln e so omraza
Мајкл Мур - па, барем убаво е тоа што си ја покажува вистинската фаца.

Колку страствено ги критикува корпорациите и политичарите кои се продаваат за пари, но од тотално непознати причини, тоа го прави исклучиво кога се на власт републиканците. Ама затоа, кога се разведе во 2014 година, критичарот на корпорациите и на профитерите - Мајкл Мур, подели бајаги дебело богатство од над 50 милиони долари со својата сега веќе поранешна сопруга Кетлин Глин.

Го демолираше Џорџ Буш Помладиот за американската инвазија и окупација на Авганистан и Ирак, а ни к од коментар, а камо ли па критика, за неговиот миленик Барак Хусеин Обама, кого Мур толку страствено и одлучно го поддржуваше пред и за време на претседателските избори во 2008 и во 2012 година. Ни к од коментар, а камо ли па критика за таканаречената Арапска пролет - дело на неговиот миленик Барак Хусеин Обама, како и на Хилари Клинтон и на Џон Мекејн, а која во реалност е Арапска зима, бидејќи секаде каде што помина, со себеси донесе секакви масакрирања и злосторства, а слободата и демократијата ги претвори во мисловни именки.

Ама затоа ете го, отворено и јавно ги поддржува муслиманите и сите против кои Доналд Трамп или било кој друг потенцијален републикански кандидат за претседател на САД, би спомнал по било каква негативна критика.

Одејќи по принципот дека непријателот на мојот непријател, е мој пријател, Мур делува подготвен и измет да јаде среде јавност доколку би можел некако да ги зарази луѓето по кои плука без никакво двоумење со сепса или некои други болести и заболувања како резултат на таквото труење со измет.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom