Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.461
- Поени од реакции
- 5.162
Ирак е одлична замена за Сирија за евентуален Катарски гасовод, но проблемот со Ирак е што е константно во војна три и пол децении, што е крајно нестабилен регион за изградба на гасовод. Имајќи го предвид огромното количество оружје и борци истурени во Сирија во последниве години, како и границата со Ирак, Сирија ќе биде нестабилен регион за гасовод со години после крајот на цивилната војна.Ја погледа таа мапата погоре што ја поставив, со гасните полиња во Персискиот Залив?
Епа Русија не сака ништо од тие огромни гасни резерви да дојдат во Европа, која е рускиот најлукративен енергетски пазар, и геостратешки најважно подрачје на влијание. Затоа во интерес на Русија е конфликтот во Сирија да се оддолжи до недоглед. Русија не го започна тој конфликт, ’муриканските вазали го почнаа со тоа што по наредба на газдите, ги создадоа ИСИС (исто како и Ал Каеда претходно). Русија не го започна тој конфликт, но секако дека ќе го искористи за свои интереси. Тоа е геополитика, реална политика. Нема тука никакви пријатели, само интереси.
Теоретски се е можно, можат и да постават подводни цевки окулу Арабискиот Полуостров и низ Суецкиот Канал да излезат накај Европа.
Но како што кажа, колку ќе кошта тоа? Колку време ќе потрае изградбата? И секако, колку ќе биде безбеден тој гасовод? Ќе поминува низ Јеменски територијални води? М’хмм? Таму не се водеше цивилна војна?
Погледај на мапата, Азербејџан колку гасни (и нафтени) полиња има? Зошто никогаш не се изгради гасовод од Азербејџан накај Европа? Азерско-Ерменската војна сега не ти звучи како рандом случување? М’хмм?
Епа од истите причини, и низ Сирија нема да минува гасовод. Барем не без руски амин (и соодветен договор), иако не гледам што тоа Иран може да понуди - а да вреди повеќе од рускиот интерес во Европа.
Што значи дека гасовод низ Сирија нема да минува, било тоа Катарски или Ирански. Тоа би можело да биди малку незгодно за Русија, имајќи предвид дека може да го препродава Иранскиот гас доколку се изгради гасовод од Иран.
Во врска со резервите на гас, Русија има драстично поголеми резерви на гас од вториот на листата (Иран, Катар), огромни полиња со гас кои се недокажани на Сибир, многу поповолна позиција за снабдување на Европа и Кина, како и многу повеќе технологија, барем од Иран. Просто, со обична пазарна конкуренција Русија може да држи монопол врз снабдувањето со гас. Но бидејќи на пазарот со енергенси такво нешто не е возможно, мора да се трудат на друг начин да го држат монополот.
Катар ќе продолжи да бара начини да доставува гас до Европа по ефтин начин. Можеби следен кандидат за цивилна војна е Јордан...