Како е тоа чист црвен ако нема контакт ?
1) Уште чим ја фаќа топката тука и тргнува кон центар на шеснаестник играчот оди на гол или пенал/црвен. Додај дека Коста е во прашање се знае дека ќе проба нешто такво.
2) Во онаа ситуација дури ни Кембел во неговите најдобри години би имал шанса 50/50 да ја исчисти топката. Одбранбен од типот на Мерте, тромав, спор, со секој чекор усвари 2 чекори поназад е, далеку се поголеми шансите да го фаулира него ли да ја избие топката. АПЛА ГЛУПАВ ПОТЕГ !
3) Нема шанса да видиш дали имало контакт или не, посебно како брзо се одви сето. Во 90% од вакви случаеви судиите се водат од инстинкт. Прво, стартот самиот е за црвен. Да продолжеше Коста никому ништо. Меѓутоа да се „засопне“ или да падни играчот, директен црвен. Мерте со неговото 15 годишно искуство МОРА ДА ГО ЗНАЕ ТОА.
Врз сето ова додај дека Пер ги одигра првите 15 минути крајно панично, додај дека Коста до тој момент воопшто не беше центар на внимание и не направи никаква глупост или провокација и додај дека одлично падна, доаѓаш до чист црвен.