Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Се повреди крилото што игра бек, дајте ново крило да го игра бек пијаницата.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.906
Поени од реакции
67.565
Кажа на пресов дека му е потребен дефанзивец... алелуја!
Дали ке купат, којзнае.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ќе одат летово ол ин на Стоунс за штопер, за другиве позиции не знам.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.891
Поени од реакции
11.609
Ќе одат летово ол ин на Стоунс за штопер, за другиве позиции не знам.
Едно време купувавме класа дефанзивци, арно ама последниов период сме наострени кон дрва претежно.
Искрено детево воопшто не ме импресионира, посебно на мечеви против јакиве екипи, а за цената од 40-50 што да кажам освен дека е класично дерење. Башка и добар дефанзивец енглез, после Рио не се родил.
 

tander123

God save the queen!
Член од
5 октомври 2015
Мислења
715
Поени од реакции
363
Мислам дека пресвртницата во формата на Руни беше кога ЛВГ го остави на клупа против Стоук на боксинг деј. Со оваа теза се сложуваат голем број од играчите на Јунајтед. Се согласував со поголемиот број на членови од овој фан клуб дека тоа требаше да се случи многу порано. Но што е, тука е.

Штета што Џонс не е спремен за утре, бидејки ако Блинд игра централен бек лошо ни се пишува, а особено ако се знае дека Грациано Пеле ќе му биде противник. Тоа веројатно и ЛВГ го знае, па затоа сигурно МекНаир ќе игра, а Блинд како лев бек, или што е помалку вероватно Блинд да биде центар бек, Дармиан лев, а Лингард десен. Се разбира и Бродвик-Џексон е во опција. Се на се не очекува интересен и неизвесен натпревар. Многу прашалници има за утрешниот натпревар, па така со нетрапение го очекувам, особено ако се знае дека можеме да се доближеме до првото место.
 

tander123

God save the queen!
Член од
5 октомври 2015
Мислења
715
Поени од реакции
363
Мек Нер џам ке свитка. И он не знае кај тера.
И на мене ич не ми се допаѓа ама тие се опциите. Кога ќе купеме некој асален центар бек, овој МекНаир одма нека го продават. Не е на ниво да игра за Манчестер. Како изгубен е на теренот.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Мислам дека пресвртницата во формата на Руни беше кога ЛВГ го остави на клупа против Стоук на боксинг деј. Со оваа теза се сложуваат голем број од играчите на Јунајтед. Се согласував со поголемиот број на членови од овој фан клуб дека тоа требаше да се случи многу порано. Но што е, тука е.
И после боксинг деј Руни си рече.. абе чекај.. да почнам да играм јас оти и наредниот боксинг може на клупа да седам, а на кајгана ми јадат бубрези за 300к фунти неделно. И така маѓично формата на Руни се врати :vozbud: ЛВГ :cuc:
Брату изледа со тебе не гледаме исти натпревари или пак ти ги гледаш со розевите цвикери. Формата на Руни сеуште е тиња, разликата е во тоа што почна да дава голови под случајни околности. Кога последно Руни сам си креирал шанса и дал гол успат издриблал 2-3ца?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.622
Поени од реакции
6.426
Руни и добра форма се 2 различни поима. Даде 4 гола од кој 2 од пенал и ај во форма е. Нема врска што се влече како црево по терен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom