Здраво дечки,
Подолго време ја читам темата, и морам да ве пофалам за одличните сугестии кои ги давате. Ми треба помош во изборот на инвертер, за греење/ладење на 35-40м2 (дневна, трпезарија, кујна + ходник) во Битола на 7ми спрат, станот е север/исток со добра изолација. Немам уште прошетано по продавници, но од она што можев да го видам на интернет, а и базирано на сугестиите во групата, око ми фати оваа клима:
http://technomarket.com.mk/products/09147017/gree-gwh18qd-k3dna1g . Дали ќе може мислење, а и сугестија во кои продавници (освен техномаркет/нептун/сетек/амц кои што веќе видов што нудат на нет) да видам нешто друго?