88ми американски филмски награди (Оскари 2015, 28 Февруари)

Кој е вашиот фаворит?

  • Вкупно гласачи
    93
  • Гласањето е завршено на .
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Околу оскариве неможам да зборам, поголем дел не сум гледал од номинираниве. Но околу Сикарио, секако дека заслужува за кинематографија. Добра фотографија има филмот, добра боја, комплексни кадри...

@Zlatikevichius Значи Тарантино закаснил со доставување DVD до луѓето од академијата што оценуваат сценарио? А сепак како што сфатив во цитатите, 2100 луге од академијата присуствувале на прикажување во 70mm?
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
5.933
Исто како што си нема везе Сикарио со номинација во кинематографија :pos: т.е. безвезе е што уопште и е номиниран. Bridge of Spies очекувам да зграби неколку оскари, филмиште! Пред некој ден го гледав ептен ми се свиѓаше, иам уште неколку што не ми се гледани, ама по 10ти пати ќе искењам... што кур бара Сикарио на оскариве ?
Во случај сеуште да немаш сфатено, филмов е номиниран за КИНЕМАТОГРАФИЈА (плус и за soundtrack & sound editing, кои беа извонредни, но тоа е друга тема на разговор). Значи не за сценарио, режија или глума (иако и овие 3 работи се доста квалитетни).

Чим толку го хејташ филмов, или не знаеш да цениш кинематографија, или си ги прескокнал тие делови од филмот.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.530
Поени од реакции
29.058

Како да ценам нешто кај филм што те тера буквално да заспиеш ? Пак ќе кажам, види ги другите номинирани за кинематографија па спореди ги со Сикарио и кажи колку е назад.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Околу оскариве неможам да зборам, поголем дел не сум гледал од номинираниве. Но околу Сикарио, секако дека заслужува за кинематографија. Добра фотографија има филмот, добра боја, комплексни кадри...
Јас ги гледав повеќето и мислам дека речиси сигурно оваа награда ќе оди за Реверант. Веројатно Spotlight за најдобар филм. Исто така и повеќето филмови од категоријата главна машка улога ми се гледани таму можеби Леонардо, Фасбендер што знам некако сум неодлучен. Кај женските немам гледано ништо. Очекував Стив да има номинација за The big short ама таа отишла кај Бејл тој филм е многу добар можеби и подобар од Spotlight според мене. Супер беше и споредната улога во Bridge of Spies. За споредна кај жените ме изненади Рејчел ама очекувам Кејт да го земе оскарот за Стив Џобс.

Што е фамата со Мад Макс јас тој филм го немам гледано.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
Околу оскариве неможам да зборам, поголем дел не сум гледал од номинираниве. Но околу Сикарио, секако дека заслужува за кинематографија. Добра фотографија има филмот, добра боја, комплексни кадри...

@Zlatikevichius Значи Тарантино закаснил со доставување DVD до луѓето од академијата што оценуваат сценарио? А сепак како што сфатив во цитатите, 2100 луге од академијата присуствувале на прикажување во 70mm?
Не знам колку присуствувале, тоа никогаш нема да го дознаеме. Но колку што се сеќавам, Академијата има над 6000 членови.

И, да се разбереме - ова што го зборувам не е единствената причина за неноминирањето на Hateful Eight во многу категории. Сигурно има влијание и бојкотот на многу луѓе на филмот по изјавата на Тарантино дека сите полицајци во САД се убијци. Плус уште многу други работи за кои не можам да пишувам од телефон. :P
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Јас ги гледав повеќето и мислам дека речиси сигурно оваа награда ќе оди за Реверант. Веројатно Spotlight за најдобар филм. Исто така и повеќето филмови од категоријата главна машка улога ми се гледани таму можеби Леонардо, Фасбендер што знам некако сум неодлучен. Кај женските немам гледано ништо. Очекував Стив да има номинација за The big short ама таа отишла кај Бејл тој филм е многу добар можеби и подобар од Spotlight според мене. Супер беше и споредната улога во Bridge of Spies. За споредна кај жените ме изненади Рејчел ама очекувам Кејт да го земе оскарот за Стив Џобс.

Што е фамата со Мад Макс јас тој филм го немам гледано.
Не знам колку е сигурно дека ќе оди кај Лубецки за кинематографија поради тоа што ќе му биде трет пат по ред, доминација на Оскарите последователно година по година тешко се случува. И покрај тоа што не сум го гледал Ревенант бидејки чекам добра снимка, највероатно има најдобра кинематографија од номинираните :D
Околу Ди Каприо, мислам дека и од комерцијален аспект им се исплати да му дадат оскар, и поради тоа мислам дека ќе земе он.
А за Mad Max, една од најдобрите акции што некогаш сум ги гледал. Нема тупење со глупа приказна, едноставно хардкор акција која има врв кореографија. Многу јак стил. Но ме изненадија сепак што е номиниран за најдобар филм бидејки не им е таков стилот, акција да добие номинација за најдобар филм. Но ако некоја акција добие номинација за најдобар филм, па не ми е криво ако е тоа Mad Max.

Не знам колку присуствувале, тоа никогаш нема да го дознаеме. Но колку што се сеќавам, Академијата има над 6000 членови.

И, да се разбереме - ова што го зборувам не е единствената причина за неноминирањето на Hateful Eight во многу категории. Сигурно има влијание и бојкотот на многу луѓе на филмот по изјавата на Тарантино дека сите полицајци во САД се убијци. Плус уште многу други работи за кои не можам да пишувам од телефон. :P
Па ме збуни муабетот дека Тарантино не доставил DVD на време а сепак луѓето што оценуваат сценарио присуствувале со време на прикажување во 70mm.
Но ти држи и вода муабетот околу скорешните изјави на Тарантино. Можно е републиканските конзервативни струи да си го направиле своето.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
Не знам колку е сигурно дека ќе оди кај Лубецки за кинематографија поради тоа што ќе му биде трет пат по ред, доминација на Оскарите последователно година по година тешко се случува. И покрај тоа што не сум го гледал Ревенант бидејки чекам добра снимка, највероатно има најдобра кинематографија од номинираните :D
Околу Ди Каприо, мислам дека и од комерцијален аспект им се исплати да му дадат оскар, и поради тоа мислам дека ќе земе он.
А за Mad Max, една од најдобрите акции што некогаш сум ги гледал. Нема тупење со глупа приказна, едноставно хардкор акција која има врв кореографија. Многу јак стил. Но ме изненадија сепак што е номиниран за најдобар филм бидејки не им е таков стилот, акција да добие номинација за најдобар филм. Но ако некоја акција добие номинација за најдобар филм, па не ми е криво ако е тоа Mad Max.

Па ме збуни муабетот дека Тарантино не доставил DVD на време а сепак луѓето што оценуваат сценарио присуствувале со време на прикажување во 70mm.
Но ти држи и вода муабетот околу скорешните изјави на Тарантино. Можно е републиканските конзервативни струи да си го направиле своето.
Ете, побарај на интернет номинации на Writers Guild of America, и ќе видиш - таму не е номиниран во ниту една категорија, а баш тие биле неговото стандардно гласачко тело. Има нешто што ги тииииит кокошките, а не е петел. :P
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219
Јавен апел до @wot : ако Spotlight земе оскар за најдобар филм, да не ми го хејта веќе The Hurt Locker :unsure:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
Од кратките анимирани успеав да го најдам само World of Tomorrow и ме акна од земја поштено. Многу смешна и немодерна анимација, но приказната и темите во кои филмов чепка не верувам дека можат да остават некого рамнодушен. Ме потсети малку на La Maison En Petits Cubes, освојувач на Оскар за 2008, ако не се лажам, исто така прекрасен филм. Ова мора да го погледнете!
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.064

Odlicen. (y)

Ja lani mislam go fativ. Se nerviram koga gi baram, ke cekam edna nedela pred oskarite - sve ke sednam naednas.

Bridge of spies meh... a kolku jako mi pocna, auu...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
Odlicen. (y)

Ja lani mislam go fativ. Se nerviram koga gi baram, ke cekam edna nedela pred oskarite - sve ke sednam naednas.

Bridge of spies meh... a kolku jako mi pocna, auu...
Ги нема уште другите. Реално, јас уште Sanjay's Super Team очекувам да се појави до Оскарите. Другиве - којзнае кога, зашто не се американски. Еден е од чиле, еден британски и еден руски. Ги нема ни на youtube ни на Vimeo.[DOUBLEPOST=1453224431][/DOUBLEPOST]Еве јас до кај сум со оскаровските (со зелено - сѐ што сум изгледал):

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.064
the big short е апла досаден филм, пред да го гледам мислев ќе биде нешто како волкот но се излажав, едвај го догледав
stom ne e kako volkot znaci mora da se glea :D

@Zlatikevichius favorit za najdobar film? Za kogo navivas? Revenant ili Room?
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.505
Поени од реакции
8.185
Mad Max мене ме остави без зборови. Потполн филм.
Иначе да бидеме реални, оваа година има далеку подобри филмови него ли претходната.[DOUBLEPOST=1453227288][/DOUBLEPOST]@Zlatikevichius све си изгледал само Straight outta compton :D
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.064
Mad Max мене ме остави без зборови. Потполн филм.
Иначе да бидеме реални, оваа година има далеку подобри филмови него ли претходната.[DOUBLEPOST=1453227288][/DOUBLEPOST]@Zlatikevichius све си изгледал само Straight outta compton :D
Jas mislam lani bea podobri.

Koga sme kaj Compton...

http://www.ew.com/article/2016/01/19/snoop-dogg-oscars
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.829
Поени од реакции
36.871
@Zlatikevichius favorit za najdobar film? Za kogo navivas? Revenant ili Room?
Искрено, не знам уште. И двата ми беа топ, а сакам да го гледам уште еднаш Revenant, и во кино. Плус, денес им се придодаде и Mad Max: Fury Road. Тоа се трите мои десетки во 2015-та.

А, и The Big Short не ми е уште гледан.[DOUBLEPOST=1453229027][/DOUBLEPOST]
@Zlatikevichius све си изгледал само Straight outta compton :D
Не бе, има уште многу, не е само тој. ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom