Го делам истото мислење со тебе. Мене ми беше некако недефиниран, незнам дали Spielberg го замислил како драма со сатиричен тон ама не го постигна тој ефект. Ниту пак можам да го рачунам за сериозна драма со таков обид за хумор на моменти. Настаните се случуваат премногу рандом а ликовите се плитки и некако како да се насадени во приказната, само колку да го придвижат дејството. Судбината на ниеден лик не ми беше битна.Bridge of Spies - second watch
Мислам дека 7/10 му е ептен високо, 6 seems right. Каков празен паушален филм, никаков заплет, ни грам тензија. Сторија, историски осврт, искеширано за добар сет у Берлин и толку.
Освен Мајк Рајланс никој друг со прст не мрда... просек.
Филм за оскар кој единствен квалитет му е кинематографијата? Повеќе ми делува дека е ставен од поштовање кон маестро. Прашање е како догурал до таму искрено. Па нема ни некој посебен перформанс од актерите освен можеби русинот кој се издвојува.
Кога ќе видам какви филмови има Spielberg извадено, мене би ми било срам да го додадам филмов во таа листа.
За тепање време да, за оскар никако!
