... poveketo od incidentite bile vrsheni od Albanci od Kosovo.
Некои би рекле дека и солиден дел од овдешните Албанци, се релативно скорешни дојденци од Косово. Како и да е, злосторства јавно не беа осудени од Албанците.
A ova: karma, amerikanci, rusi, tie se muabeti za deca od osnovno koga mislat deka znaat neshto poveke od megjunarodna politika.
Карма не е „меѓународна политика“, туку концепт на универзална правда кој го има во сите религии. Едноставно е: кој прави зло, тоа му оди на сметката - и некогаш ќе има плаќање за тоа. Старите рекле, дури ако починителот си отишол од светов безда плати - потомците негови ќе платат.
Albanci nema shto ne mozhat da se vrakaat kolku shto znam, a i za Makedonci ne sum slushnal, a ako ima toa e problem na vlasta, ne mozhesh ti da ostaish nekoja teritorija vo drzhavata nekontrolirana, i posle se cudish od kaj kriminalci.
За Албанци секако дека не си слушнал, затоа што никој не прави злосторства против нив - не се избркани од домовите. А за раселени Македонци ако се правиш луд дека не си чул - тогаш конечно потврдуваш дека си ист како и твоите сонардоници.
Чисто колку за евиденција, еве напис само за едно село каде Македонците не смеат да се вратат на родните огништа, а такви случаи има многу:
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8101291259&id=9&setIzdanie=22652
Во Матејче камбана не бие
Златко Цветковиќ и Момчило Скорупан се сеќаваат на времето кога во Матејче имаше повеќе од 140 православни семејства, кои живееја мирен живот со нивните соседи-Албанци, без да имаат меѓусебна нетрпеливост. Меѓу нив немало ни судири ни кавги. Но по 2001 година сѐ е поинаку
Матејче на високите августовски температури изгледа како и секое друго село во летниот период. Со празни улици и обраснати ниви со сува трева. Во селото вообичаена слика на неколку селани седнати во сенките пред џамијата, бегајќи од пладневното сонце, кое немилосрдно пече. Ги нема ни љубопитните детски погледи упатени кон намерниците, што се неизбежен декор, секогаш кога во село ќе пристигне некој гостин од градот. Сѐ е мирно и тивко.
Идиличната слика ја нарушуваат разурнатите куќи распрскани низ селото. Куќите се од тула и бетонски плочи. А сепак празни, без покриви, со разрушени ѕидови и запуштени дворови. Овде некогаш живееја домаќини, кои се грижеа за одржувањето на куќите, градени во едно друго време во кое се живееше безгрижно. Сега нема ништо од тоа, само урнатини и коров.
Златко Цветковиќ (64) и Момчило Скорупан (54) на верскиот празник Св. Петка посакаа да запалат свеќа во црквата во ова кумановско село, во која се крстени и нивните предци. Се сеќаваат на времето кога во селото имаше повеќе од 140 православни семејства, кои живееја мирен живот со нивните соседи-Албанци, без да имаат меѓусебна нетрпеливост. Меѓу нив немало ни судири ни кавги. Но по 2001 година сѐ е поинаку.
Закопано благо
Престојот во селото траеше кратко, колку да се посетат гробиштата на родителите, кои беа зараснати во трева и трње. Надгробните споменици беа скршени и турнати на земја. Црквата е целосно уништена. Во внатрешноста, зад олтарот, куп земја и дупка во која некој го барал закопаното црковно благо.
Тие се тука по неколку години. Првпат биле во 2003-та, две години по воените судири во придружба на меѓународни претставници. Тогаш го видоа пустошот и никогаш повеќе не се вратија. Куќите стојат разурнати, а празни се и малите куќарки, кои беа градени со грантови, со намера да се вратат раселените лица од овој крај.
- Судовите не ми признаваат дека сум живеел таму. А јас не сум пустиник. Бев меѓу поимотните селани во Матејче. Ја обработувавме земјата и се живееше пристоен живот. Сега сум стечаен работник. Со пет илјади денари живееме со четиричленото семејство во кое имаме двајца студенти. Не се издржува. Сметките стојат неплатени. Принуден сум да ја продавам земјата речиси без пари, за да можам да го поминам месецот и да ги школувам децата - вели Златко Цветковиќ.
Тој, како и многу раселени матејчани, води уште една битка што нема крај. Веќе дванаесет години се обидува да добие праведен надомест на разурнатиот имот, што го стекнувал тој и неговите предци пред многу години. Поседувале земјиште од 2,5 хектари и куќа од стотина квадрати со сите придружни објекти и механизација. Со грантови изградиле куќарка од 19 квадратни метри, која подоцна му ја одбиле од оштетеното побарување. Со вештачење имотот му бил проценет на 800.000 денари, а по жалбата му бил намален на 350.000 денари.
Неправилно обесштетување
- Ми направија трафика, а не куќа. При определувањето на површината се раководеа од тоа колку лица моментално живееле во куќата, а не според бројот на членовите на семејството. Од неправдата што ми е направена не можам да спијам. Секоја ноќ ми доаѓа на сон Матејче и кога ќе ме прашаат дали одам во селото, велам - да, секоја вечер кога сонувам - вели Цветковиќ.
Матејчанецот Момчило Скорупан, исто така, со многуте соселани ја послуша препораката од тогашниот претседател Борис Трајковски, цивилното население да се повлече од местата зафатени со кризата. Со семејството се сместил во сопствена куќа во Куманово. Не сакал да ги поминува маките на оние што биле сместени во прифатните центри. Иритиран е од тоа што го гледа во процесот на обесштетување, кога некои што биле сместени во интернатите поминувале „материјално“ подобро.
- Моето вештачење не беше прифатено. Ми платија само третина од вистинската вредност. Немаше правилник по кои критериуми ќе бидеме обесштетени. Имаше голема конфузија и големи неправилности. И ако сега се направи ревизија, ќе излезат многу неправилности. Најголемиот притисок доаѓаше од јавниот правобранител, кој настојуваше што помалку да се исплати како отштета за изгубениот имот - вели Момчило.
Во колективните центри во Куманово се сместени уште 19 семејства. Во средношколскиот интернат има три семејства од селото Опае. Времето го поминуваат во ходникот во кој има шпорет, столови и маси за јадење. Не сакаат да зборуваат за проблемите во домот, но видливо е нивното разочарување од односот на институциите.
- Не знаеме до кога ќе бидеме овде. Никој не ни кажува каде да одиме. Обесштетувањето не е доволно да се направи нова куќа, а каде е плацот? Во Опае да се вратиме, нема можности. И самите селани ни велат дека не можеме да бидеме истите соседи како пред војната. На 3 мај 2001 година сите во ист ден останавме на улица, а сега некои добиваат многу повеќе од она што нам ни се нуди. До кога вака - не знам, но ни со полиција не ќе можат да нѐ избркаат од собите - велат раселените лица.
Нема враќање
Од Арачиново има околу 200 раселени лица, од вкупно 650 жители, колку што живееја пред воениот конфликт. Ниеден од нив не е вратен во скопското село. Некои од нив ги поминуваат последните денови во средношколскиот интернат во Карпош, по добивањето на одговорот до Врховниот суд, со кој се одбива жалбата за добивање нематеријална штета за претрпениот страв што го имале со децата и сопрузите по иселувањето од домот.
- За судот не било стрес тоа што бегавме под закана и тоа што гледавме како ни се уништува куќата. Но судот може да донесува високи отштети за изречена клевета на некоја значајна личност, затоа што тој не можел да спие од нанесената клевета! Не сум задоволен од обесштетувањето, со кое не е исплатен ниту денар за покуќнината. Имам добиено решение за иселување, а веќе ни е скратена и храната. Во домот остануваат неколку семејства, кои се староседелци во Арачиново, а оние што беа доселени во селото се симнати од сместувањето - вели Стојан Ј.
Раселените арачиновци продолжуваат со истерувањето на својата правда пред македонските судови. Околку триста лица, кои имаат поднесено колективна тужба, чекаат на завршување на постапката пред највисоките судски органи и потоа, како што велат, правдата ќе ја бараат пред Судот во Стразбур.
- Луѓето добиваат пресуди да ги враќаат парите што претходно се земени како обесштетување и тоа со едно одржано рочиште. Некои вратија и по 30.000 евра. Бараме повторување на постапките, инаку ќе следуваат тужби пред меѓународните институции. Сите нѐ заборавија. Медиумите пишуваат само за годишнината од рамковниот договор, кој за нас е неважечки. Тие што пробаа да се вратат беа отепани. Од имотот ништо не остана, и да сакаме да се вратиме, нема услови. Баравме од државата да ни ја заменат земјата со државна, а таа да ги преземе нивите од Арачиново, но безуспешно - вели Јана Петрушевска, претседателка на Здружението на раселените лица од Арачиново.
Автор: Митко Р. Јовановски и Трајан Димитровски