ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.243
Поени од реакции
34.833
...бројот на Албанци на Балкан е поголем од Македонците, нормално дека пропорционално бројот на злосторства од албанци ќе биде поголем. (и знам дека ке кажеш да не мешаме Албанците од други држави, ама тоа е невозможно во ова геополитика).
Jaс сеуште сметам дека се обидуваш да го релативизираш албанскиот уддел. Нормално дека кога дискутираме за Македонија, ќе дискутираме за Албанците од Македонија. Не за Албанците од Албанија, не од Косово, и не од Грција, Србија, Европа и понатаму од светот.

Се разбира, освен ако не мислиш на Албанците кои одсекаде доаѓаат во Македонија да вршат злодела. Но секако се работи за Албанци, и за злодела кои Албанците ги вршат врз Македонците, и другите не-Албанци, овде во Македонија.

Не ми одговори на прашањето: колку Албанци во Македонија има, кои не смеат да се вратат на родните огништа заради опасност по животот?
Еве уште едно прашање: дали Македонците имаат етничко исчистени области во Македонија (или било каде), не само од Албанци, туку и од било која друга заедница?

Значи тоа се тие разлики во димензиите. Не можеш да го релативизираш фактот дека Албанците на Македонците им имаат направено и сеуште им прават, многу зло. Додека во обратна насока не можеш да покажеш ништо конкретно, освен местенките на Тарчуловски и Љубе - кои дури и ако ги земеме во обзир, наспрема реалните албанските етнички чистења димензионално се разликуваат со некој однос сличен на трилион наспрема еден.


Не ли сметаш дека толку бељи од малцинство врз мнозинство ќе има реакција некогаш?
Ни америте не се семоќни, работите се вртат, а кармата е кучка.

Кога тоа некогаш ќе се случи, а неминовно е некогаш да се случи со сите тие еднострани страња од албанска страна - мислам дека поинаку ќе го гледаш муабетов каде ги оправдуваш целосното неосудување на Албанците, на злоделата што ги прават некои нивни сонародници. Само тогаш касно ќе биде.
 

Raynor

Mr.Terrible
Член од
16 април 2014
Мислења
384
Поени од реакции
583
Осуден затвореник е, нели.
Тарчуловски каков таков имаше доблест и одслужи затворска казна, ова вашиве Воини при секој конфликт се кријат зад Американскиот Задник,а згусти одма Америка. Тоа покажува дека немате никаков капацитет како народ да направите нешто самостојно, односно да не бидете нечија марионета. Држава Албанија ви ја направија Западните Сили без да испукате еден куршум, Косово во го поклони Бил Клинтон,исто така и Македонија. Секогаш сте нечиии вазали и работите за туги интереси... За криминалниот рејтинг на Албанците во светот воопшто да не отвараме тема, тоа е прашање на common sense и секој знае за вашите трговии со дрога,бело робје, органи и слични срања.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
353
Поени од реакции
210
Нема потреба албанците да ги осудат клошариве, доволно е само да не ги поддржат. ретко некој крева глас против неговиот народ пошто одма ќе му се сипаат еден куп испрани морони како бил предавник.

Тарчуловски е исто говно како и учките од типот на маљишева. ама јас немам проблем ако некој ме нарекува предавник. какви го кажуваат тоа, треба да се сфати како комплимент.

Америка да сакаше да ја уништи Македонија немаше да ангажира руља од 15 јадници во Куманово. тоа што американците ги ваделе учките од Арачиново затоа што имало американски ПМЦ меѓу нив не значи по автоматизам дека малишева во Куманово бил на линија со белата куќа.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.502
Поени од реакции
18.231
Нема потреба албанците да ги осудат шупциве, доволно е само да не ги поддржат.
Никако случајно да не му текнало на некој од албанските фактори, посебно нивните политичари да се осмели да излезе со осуда за случувањата, зашто нивото на здраворазумност и цивилизираност од таков чин може да ја наруши космичката рамнотежа и нешто лошо да и се деси на државава.
Еве, ние велиме не треба да ги осудат, туку само нека не ги поддржувааат како што ги поддржаа убијците од Смилковско кога го демолираа градот и повикуваа на "етничка Албанија".
Вака добро е?[DOUBLEPOST=1452908619][/DOUBLEPOST]
Осуден затвореник е, нели.
Тарчуловски, кој бтв никогаш не сум го поддржувал ниту идолизирал, напротив, не е осуденик туку е слободен човек кој ја одлежа својата казна за стореното злодело, за разлика од цела командна структура на ДУИ која по сите воени закони е одговорна за злосторствата на ОНА во Македонија меѓу кои имаше и такви против човештвото, а која ги застапува интересите на Албанците ( коинциденција?- јас би се срамел да сум Албанец ) и учествува во Влада на РМ.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.313
Поени од реакции
26.231
Никако случајно да не му текнало на некој од албанските фактори, посебно нивните политичари да се осмели да излезе со осуда за случувањата
Ако сме искрени, ставот на сите (бар значајни) албански политичари за случувањата во Куманово е повеќе од коректен. Иако е на нивна директна штета, од аспект на изборен рејтинг гледано.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.328
Поени од реакции
8.859
Ако сме искрени, ставот на сите (бар значајни) албански политичари за случувањата во Куманово е повеќе од коректен. Иако е на нивна директна штета, од аспект на изборен рејтинг гледано.
Албанците, народот е важно каков став ќе заземат/искажат кон нападите во Гошинце. ДУИ ги осудија и убиствата кај Смилковско езеро, повикуваа да не се излегува на протести.

Сè ми изгледа дека и овој пат ќе се разочараме од ставот на Албанците.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.313
Поени од реакции
26.231
Албанците, народот е важно каков став ќе искажат кон нападите во Гошинце. ДУИ ги осудија и убиствата кај Смилковско езеро, повикуваа да не се излегува на протести.

Сè ми изгледа дека и овој пат ќе се разочараме од ставот на Албанците.
За тоа не треба ни воопшто да имаме сомнение. Самиот факт што таквиот став на ДУИ и ДПА (иако е тивок и срамежлив) создава револт кај базата и предизвикува обвинувања за предавство кажува каков е генералниот став на народот.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.328
Поени од реакции
8.859
За тоа не треба ни воопшто да имаме сомнение. Самиот факт што таквиот став на ДУИ и ДПА (иако е тивок и срамежлив) создава револт кај базата и предизвикува обвинувања за предавство кажува каков е генералниот став на народот.
Иако засега недостасува конкретна реакција, мислам дека ќе се оди на стандардната реторика. Искрено, никого не тероризира. :icon_lol: :icon_lol:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.313
Поени од реакции
26.231
Иако засега недостасува конкретна реакција, мислам дека ќе се оди на стандардната реторика. Искрено, никого не тероризира. :icon_lol: :icon_lol:
Да, на гости беа дојдени. :D Да градат мостови и спојуваат, не да делат. За нивните блискоисточни браќа по вера. :icon_lol:

Без разлика дали биле или не биле свесни за тоа.
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Нема потреба албанците да ги осудат клошариве, доволно е само да не ги поддржат. ретко некој крева глас против неговиот народ пошто одма ќе му се сипаат еден куп испрани морони како бил предавник.
Никако. Исто како што нема потреба да се здружат со останатиот нормален народ и да ги исчистат терористите во свои редови кои фрлаат лоша слика за целиот народ. Многу е нормално да молчат и преќутно да ги помагаат. Затоа што нели не се сите исти.

Тарчуловски е исто говно како и учките од типот на маљишева. ама јас немам проблем ако некој ме нарекува предавник. какви го кажуваат тоа, треба да се сфати како комплимент.
Исто како шо јас немам никаков проблем ако некој ме нарекува исламофоб, ксенофоб, југендхитлер и тн. Јас би се навредил кога Антифа лешинарите би ме пофалиле. Подобро викајте ме расист, отколку истребен домородец. Ако ти терминот предавник и петоколонаш го сфаќаш како комплимент, јас тогаш вашите етикети ќе ги носам како орден на честа и око нема да ми трепне.

Америка да сакаше да ја уништи Македонија немаше да ангажира руља од 15 јадници во Куманово. тоа што американците ги ваделе учките од Арачиново затоа што имало американски ПМЦ меѓу нив не значи по автоматизам дека малишева во Куманово бил на линија со белата куќа.
Целта на Американците не беше да ја уништат Македонија, туку внатрешно да ја ремоделираат државата според нивниот интерес.
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
103
Поени од реакции
31
За што е осуден?
Za zlostorstvo protiv nevino naselenie, mislam deka beshe.
Jaс сеуште сметам дека се обидуваш да го релативизираш албанскиот уддел. Нормално дека кога дискутираме за Македонија, ќе дискутираме за Албанците од Македонија. Не за Албанците од Албанија, не од Косово, и не од Грција, Србија, Европа и понатаму од светот.

Се разбира, освен ако не мислиш на Албанците кои одсекаде доаѓаат во Македонија да вршат злодела. Но секако се работи за Албанци, и за злодела кои Албанците ги вршат врз Македонците, и другите не-Албанци, овде во Македонија.

Не ми одговори на прашањето: колку Албанци во Македонија има, кои не смеат да се вратат на родните огништа заради опасност по животот?
Еве уште едно прашање: дали Македонците имаат етничко исчистени области во Македонија (или било каде), не само од Албанци, туку и од било која друга заедница?

Значи тоа се тие разлики во димензиите. Не можеш да го релативизираш фактот дека Албанците на Македонците им имаат направено и сеуште им прават, многу зло. Додека во обратна насока не можеш да покажеш ништо конкретно, освен местенките на Тарчуловски и Љубе - кои дури и ако ги земеме во обзир, наспрема реалните албанските етнички чистења димензионално се разликуваат со некој однос сличен на трилион наспрема еден.


Не ли сметаш дека толку бељи од малцинство врз мнозинство ќе има реакција некогаш?
Ни америте не се семоќни, работите се вртат, а кармата е кучка.

Кога тоа некогаш ќе се случи, а неминовно е некогаш да се случи со сите тие еднострани страња од албанска страна - мислам дека поинаку ќе го гледаш муабетов каде ги оправдуваш целосното неосудување на Албанците, на злоделата што ги прават некои нивни сонародници. Само тогаш касно ќе биде.
Da, na tie Albanci mislam, poveketo od incidentite bile vrsheni od Albanci od Kosovo.
Albanci nema shto ne mozhat da se vrakaat kolku shto znam, a i za Makedonci ne sum slushnal, a ako ima toa e problem na vlasta, ne mozhesh ti da ostaish nekoja teritorija vo drzhavata nekontrolirana, i posle se cudish od kaj kriminalci.
A ova: karma, amerikanci, rusi, tie se muabeti za deca od osnovno koga mislat deka znaat neshto poveke od megjunarodna politika.
Se e prashanje na mentalitet, koj e promenliva rabota.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.268
Поени од реакции
84.374
..Тоа покажува дека немате никаков капацитет како народ да направите нешто самостојно,...
Кажи некој пример на Блаканот за народ кој направил нешто самостојно (освен СФРЈ што беше).
Никој не може ништо денес самостојно да направи, треба амин од повисоко.
 
C

cige

Гостин
Za zlostorstvo protiv nevino naselenie, mislam deka beshe.

Da, na tie Albanci mislam, poveketo od incidentite bile vrsheni od Albanci od Kosovo.
Albanci nema shto ne mozhat da se vrakaat kolku shto znam, a i za Makedonci ne sum slushnal, a ako ima toa e problem na vlasta, ne mozhesh ti da ostaish nekoja teritorija vo drzhavata nekontrolirana, i posle se cudish od kaj kriminalci.
A ova: karma, amerikanci, rusi, tie se muabeti za deca od osnovno koga mislat deka znaat neshto poveke od megjunarodna politika.
Se e prashanje na mentalitet, koj e promenliva rabota.
Јохан Тарчуловски е осуден од тие што не им одговара Балканот да напредува, што сакаат да има конфликти меѓу народот, и со тоа економски да не напредуваат.
Јохан Тарчуловски го бранеше народот во Република Македонија од воени напади од етнички Албанци наоружани токму од тие што му судеа.

Sent from my SM-T230 using Tapatalk
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
103
Поени од реакции
31
Јохан Тарчуловски е осуден од тие што не им одговара Балканот да напредува, што сакаат да има конфликти меѓу народот, и со тоа економски да не напредуваат.
Јохан Тарчуловски го бранеше народот во Република Македонија од воени напади од етнички Албанци наоружани токму од тие што му судеа.

Sent from my SM-T230 using Tapatalk
Aha, tie bi bile Illuminati, taka?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.243
Поени од реакции
34.833
... poveketo od incidentite bile vrsheni od Albanci od Kosovo.
Некои би рекле дека и солиден дел од овдешните Албанци, се релативно скорешни дојденци од Косово. Како и да е, злосторства јавно не беа осудени од Албанците.


A ova: karma, amerikanci, rusi, tie se muabeti za deca od osnovno koga mislat deka znaat neshto poveke od megjunarodna politika.
Карма не е „меѓународна политика“, туку концепт на универзална правда кој го има во сите религии. Едноставно е: кој прави зло, тоа му оди на сметката - и некогаш ќе има плаќање за тоа. Старите рекле, дури ако починителот си отишол од светов безда плати - потомците негови ќе платат.


Albanci nema shto ne mozhat da se vrakaat kolku shto znam, a i za Makedonci ne sum slushnal, a ako ima toa e problem na vlasta, ne mozhesh ti da ostaish nekoja teritorija vo drzhavata nekontrolirana, i posle se cudish od kaj kriminalci.
За Албанци секако дека не си слушнал, затоа што никој не прави злосторства против нив - не се избркани од домовите. А за раселени Македонци ако се правиш луд дека не си чул - тогаш конечно потврдуваш дека си ист како и твоите сонардоници.

Чисто колку за евиденција, еве напис само за едно село каде Македонците не смеат да се вратат на родните огништа, а такви случаи има многу:


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8101291259&id=9&setIzdanie=22652



Во Матејче камбана не бие


Златко Цветковиќ и Момчило Скорупан се сеќаваат на времето кога во Матејче имаше повеќе од 140 православни семејства, кои живееја мирен живот со нивните соседи-Албанци, без да имаат меѓусебна нетрпеливост. Меѓу нив немало ни судири ни кавги. Но по 2001 година сѐ е поинаку











Матејче на високите августовски температури изгледа како и секое друго село во летниот период. Со празни улици и обраснати ниви со сува трева. Во селото вообичаена слика на неколку селани седнати во сенките пред џамијата, бегајќи од пладневното сонце, кое немилосрдно пече. Ги нема ни љубопитните детски погледи упатени кон намерниците, што се неизбежен декор, секогаш кога во село ќе пристигне некој гостин од градот. Сѐ е мирно и тивко.
Идиличната слика ја нарушуваат разурнатите куќи распрскани низ селото. Куќите се од тула и бетонски плочи. А сепак празни, без покриви, со разрушени ѕидови и запуштени дворови. Овде некогаш живееја домаќини, кои се грижеа за одржувањето на куќите, градени во едно друго време во кое се живееше безгрижно. Сега нема ништо од тоа, само урнатини и коров.
Златко Цветковиќ (64) и Момчило Скорупан (54) на верскиот празник Св. Петка посакаа да запалат свеќа во црквата во ова кумановско село, во која се крстени и нивните предци. Се сеќаваат на времето кога во селото имаше повеќе од 140 православни семејства, кои живееја мирен живот со нивните соседи-Албанци, без да имаат меѓусебна нетрпеливост. Меѓу нив немало ни судири ни кавги. Но по 2001 година сѐ е поинаку.

Закопано благо

Престојот во селото траеше кратко, колку да се посетат гробиштата на родителите, кои беа зараснати во трева и трње. Надгробните споменици беа скршени и турнати на земја. Црквата е целосно уништена. Во внатрешноста, зад олтарот, куп земја и дупка во која некој го барал закопаното црковно благо.
Тие се тука по неколку години. Првпат биле во 2003-та, две години по воените судири во придружба на меѓународни претставници. Тогаш го видоа пустошот и никогаш повеќе не се вратија. Куќите стојат разурнати, а празни се и малите куќарки, кои беа градени со грантови, со намера да се вратат раселените лица од овој крај.
- Судовите не ми признаваат дека сум живеел таму. А јас не сум пустиник. Бев меѓу поимотните селани во Матејче. Ја обработувавме земјата и се живееше пристоен живот. Сега сум стечаен работник. Со пет илјади денари живееме со четиричленото семејство во кое имаме двајца студенти. Не се издржува. Сметките стојат неплатени. Принуден сум да ја продавам земјата речиси без пари, за да можам да го поминам месецот и да ги школувам децата - вели Златко Цветковиќ.
Тој, како и многу раселени матејчани, води уште една битка што нема крај. Веќе дванаесет години се обидува да добие праведен надомест на разурнатиот имот, што го стекнувал тој и неговите предци пред многу години. Поседувале земјиште од 2,5 хектари и куќа од стотина квадрати со сите придружни објекти и механизација. Со грантови изградиле куќарка од 19 квадратни метри, која подоцна му ја одбиле од оштетеното побарување. Со вештачење имотот му бил проценет на 800.000 денари, а по жалбата му бил намален на 350.000 денари.

Неправилно обесштетување

- Ми направија трафика, а не куќа. При определувањето на површината се раководеа од тоа колку лица моментално живееле во куќата, а не според бројот на членовите на семејството. Од неправдата што ми е направена не можам да спијам. Секоја ноќ ми доаѓа на сон Матејче и кога ќе ме прашаат дали одам во селото, велам - да, секоја вечер кога сонувам - вели Цветковиќ.
Матејчанецот Момчило Скорупан, исто така, со многуте соселани ја послуша препораката од тогашниот претседател Борис Трајковски, цивилното население да се повлече од местата зафатени со кризата. Со семејството се сместил во сопствена куќа во Куманово. Не сакал да ги поминува маките на оние што биле сместени во прифатните центри. Иритиран е од тоа што го гледа во процесот на обесштетување, кога некои што биле сместени во интернатите поминувале „материјално“ подобро.
- Моето вештачење не беше прифатено. Ми платија само третина од вистинската вредност. Немаше правилник по кои критериуми ќе бидеме обесштетени. Имаше голема конфузија и големи неправилности. И ако сега се направи ревизија, ќе излезат многу неправилности. Најголемиот притисок доаѓаше од јавниот правобранител, кој настојуваше што помалку да се исплати како отштета за изгубениот имот - вели Момчило.
Во колективните центри во Куманово се сместени уште 19 семејства. Во средношколскиот интернат има три семејства од селото Опае. Времето го поминуваат во ходникот во кој има шпорет, столови и маси за јадење. Не сакаат да зборуваат за проблемите во домот, но видливо е нивното разочарување од односот на институциите.
- Не знаеме до кога ќе бидеме овде. Никој не ни кажува каде да одиме. Обесштетувањето не е доволно да се направи нова куќа, а каде е плацот? Во Опае да се вратиме, нема можности. И самите селани ни велат дека не можеме да бидеме истите соседи како пред војната. На 3 мај 2001 година сите во ист ден останавме на улица, а сега некои добиваат многу повеќе од она што нам ни се нуди. До кога вака - не знам, но ни со полиција не ќе можат да нѐ избркаат од собите - велат раселените лица.

Нема враќање

Од Арачиново има околу 200 раселени лица, од вкупно 650 жители, колку што живееја пред воениот конфликт. Ниеден од нив не е вратен во скопското село. Некои од нив ги поминуваат последните денови во средношколскиот интернат во Карпош, по добивањето на одговорот до Врховниот суд, со кој се одбива жалбата за добивање нематеријална штета за претрпениот страв што го имале со децата и сопрузите по иселувањето од домот.
- За судот не било стрес тоа што бегавме под закана и тоа што гледавме како ни се уништува куќата. Но судот може да донесува високи отштети за изречена клевета на некоја значајна личност, затоа што тој не можел да спие од нанесената клевета! Не сум задоволен од обесштетувањето, со кое не е исплатен ниту денар за покуќнината. Имам добиено решение за иселување, а веќе ни е скратена и храната. Во домот остануваат неколку семејства, кои се староседелци во Арачиново, а оние што беа доселени во селото се симнати од сместувањето - вели Стојан Ј.
Раселените арачиновци продолжуваат со истерувањето на својата правда пред македонските судови. Околку триста лица, кои имаат поднесено колективна тужба, чекаат на завршување на постапката пред највисоките судски органи и потоа, како што велат, правдата ќе ја бараат пред Судот во Стразбур.
- Луѓето добиваат пресуди да ги враќаат парите што претходно се земени како обесштетување и тоа со едно одржано рочиште. Некои вратија и по 30.000 евра. Бараме повторување на постапките, инаку ќе следуваат тужби пред меѓународните институции. Сите нѐ заборавија. Медиумите пишуваат само за годишнината од рамковниот договор, кој за нас е неважечки. Тие што пробаа да се вратат беа отепани. Од имотот ништо не остана, и да сакаме да се вратиме, нема услови. Баравме од државата да ни ја заменат земјата со државна, а таа да ги преземе нивите од Арачиново, но безуспешно - вели Јана Петрушевска, претседателка на Здружението на раселените лица од Арачиново.

Автор: Митко Р. Јовановски и Трајан Димитровски
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom