Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.940
Поени од реакции
4.438
Фала ви на сите што ми одговоривте, одговорите ми значеа многу излегов со едни другари, после заедно ќе гледаме и ракомет, колку толку сум подобро, синоќа после толку време успеав порано да заспијам, сабајле се разбудив таман за на факс. Битно се осеќам многу подобро.
Фала ви уште еднаш.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.923
Поени од реакции
41.895
Јас мислам дека партнери, поготово оние во сериозна врска/брак, треба да имаат заеднички фејсбук профил. Доколку имаат посебни профили, тоа значи дека кријат нешто еден од друг.
Ако имаат заеднички може едниот да направи нов и да крие нешто.
Ова со заедничкиот профил не е решение и го прават глупи парови.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Јас мислам дека партнери, поготово оние во сериозна врска/брак, треба да имаат заеднички фејсбук профил. Доколку имаат посебни профили, тоа значи дека кријат нешто еден од друг.
Ами ако едниот е за ВМРО а другиот партнер за СДСМ и ако сакаат да напишат пример политички статус, како ќе го сторат тоа?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Ноуп.

Многу јасно дека девојка ми нема да ми каже ако БФФФФФФФФ-то нејзино пушела кур на Апсолвентска а има врска од 150 години што го "сака" или обратно.

Get over it - покажување на телефон е нешто најглупо што може да се измисли како причина за раскин или за "варање".

Дури имав и едно искуство - сакаа да ми проверат телефон демек на заебанција - нема проблем, дај и ти твојот.

А НЕ НЕ НЕ , ти ќе ми читаш муабети со другарки - друго било.

Жени:ROFLMAO:
Брааааат, не знам зошто толку многу си запнал со ова телефониве. Во мој случај воопшто не се ни обрнува внимание на тоа. Излагам пример од кола, телефонот го оставам во кола, не го зимам со мене. Гледа пример она нешто на нет, ќе ме заинтересира, го зимам нејзиниот телефон и седи во мои раце може и по пола саат. Некако, од сам старт не обрнавме внимание на тоа „ааа телефон е приватност“ и мислам дека ни на крај памет не ми дошло да кажам „еј, телефон не може“.

Те разбирам за приватноста, секој треба да ја има ама на крај, станува збор за врска, таа ти е партнерка и сам треба да процениш дали вреди, дали имаш иднина со неа и дали ако другар ти изварал некоја ќе можеш да и кажеш во доверба или ако другарка нејзина планира развод и има семејни проблеми, она тебе може да ти каже.[DOUBLEPOST=1452859218][/DOUBLEPOST]И да, нема поглупаво од заеднички профил.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045

Брат, ја не кријам телефон - ама нејќам да ме проверуваат. Мислам дека е океј тоа - пошто ако е дојдено до проверување работата, тогаш врската е на стаклени нозе.

Фала богу дека не сум за тоа да се чува заклучен телефон во фиока или такво нешто ама со другово не се согласувам :)

А тоа дека ако имаш иднина со девојката ќе си кажуваш све - зависи од човекот. Ако едниот од двајцата е "алапача" посекако ќе му се "лизне" :)
 
Aristotel :D

Mk151
Член од
13 декември 2014
Мислења
23
Поени од реакции
7
Фала ви на сите што ми одговоривте, одговорите ми значеа многу излегов со едни другари, после заедно ќе гледаме и ракомет, колку толку сум подобро, синоќа после толку време успеав порано да заспијам, сабајле се разбудив таман за на факс. Битно се осеќам многу подобро.
Фала ви уште еднаш.
Батка, го имав истиот проблем и јас, али еве уште живеам благодарение на советиве што ти ги даваат останативе членови. Единствено нешто што треба да го правиш е да ја заборавиш и да заборавиш на тоа што поминало и тоа што можело да биде. Терај си као ти одговара
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Брат, ја не кријам телефон - ама нејќам да ме проверуваат. Мислам дека е океј тоа - пошто ако е дојдено до проверување работата, тогаш врската е на стаклени нозе.

Фала богу дека не сум за тоа да се чува заклучен телефон во фиока или такво нешто ама со другово не се согласувам :)

А тоа дека ако имаш иднина со девојката ќе си кажуваш све - зависи од човекот. Ако едниот од двајцата е "алапача" посекако ќе му се "лизне" :)
Точно, тука си во право. Јас не го кријам телефонот а еве до сега не сум осетил дека ме проверува. Можеби го прави тоа умешно, да не приметам :D Како и да е, немам што да кријам, чиста ми е совестта и ама баш ич не обрнувам внимание на тоа.

Во врска со синдромот алапача, во право си и за тоа :)
 
Член од
9 август 2015
Мислења
73
Поени од реакции
61
И што дека ќе проверувате телефон , врската е одма боље и не вара ? Има мал милион начини да вара ако сака , а ако и работи кликерот нема со истиот фб , тел , и сл да го прави тоа , ќе си набави друг .Прост пример ќе рече ќе си легнам да спијам , а може да фати штикла негде , со некого .

Одприлика знаете бе со кого си имате работа , дали ќе или нема да направи глупост и сл , а за приватност делот и читање пораки се согласувам , секој си има муабет во доверба само на него кажан , и не е ок дечкото / девојката да ровари низ разговори , за пр. внатрешното влакно што и пукнало на другарката .....

Секоја здрава врска има доверба , почит и приватност
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.864
Поени од реакции
20.426
Точно, тука си во право. Јас не го кријам телефонот а еве до сега не сум осетил дека ме проверува. Можеби го прави тоа умешно, да не приметам :D Како и да е, немам што да кријам, чиста ми е совестта и ама баш ич не обрнувам внимание на тоа.

Во врска со синдромот алапача, во право си и за тоа :)
Aj sea idi zaednichki profil na fb da naprajs, da mozam neskrisno da te lajkam.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.151
Поени од реакции
16.087
Ова со телефоните мене ми е смешно искрено. :D
Дечко ми има дури три, еден му е од работа, еден негов, и еден од 1999та за кој не сум сигурна дали работи, али сите три ги остава кај ќе му текне, овај, насекаде. Јас само му ги прибирам на едно место и дури ако заѕвони некој скоро никогаш не ни погледнувам кој е, а камоли да му претам низ телефон.
Да ви даде некој причина за сомнеж или ептен да немате доверба па да се осудите да проверувате некој (со што бар ќе знаете дека нема долго да терате), а од мила волја онака, свака част за оние кои имаат нерви за такви глупости.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Ова со телефоните мене ми е смешно искрено. :D
Дечко ми има дури три, еден му е од работа, еден негов, и еден од 1999та за кој не сум сигурна дали работи, али сите три ги остава кај ќе му текне, овај, насекаде. Јас само му ги прибирам на едно место и дури ако заѕвони некој скоро никогаш не ни погледнувам кој е, а камоли да му претам низ телефон.
Да ви даде некој причина за сомнеж или ептен да немате доверба па да се осудите да проверувате некој (со што бар ќе знаете дека нема долго да терате), а од мила волја онака, свака част за оние кои имаат нерви за такви глупости.
Никогаш да не си сигурна, од кај знајш, кај тој аљабакот твој можи се под други имиња, на пример:
Спасе со фапо шо носи песок, миалје со булдужеро, сабедин со троколката, коле со субвенциите....сигурно ги има и договорено да ѕвонат до 22 часот ;)
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.743
Поени од реакции
27.742
Ако имаат заеднички може едниот да направи нов и да крие нешто.
Зошто уште не сфаќате дека трола? inb4 „не тролам, сериозен сум“
Не знам како му седи уште постот овде.
А да, Крејзи одамна не се замара :ROFLMAO:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.721
Поени од реакции
13.443
За проблемот погоре со телефоните:
Не треба многу да се анализира до танчина, само прочитајте го воведниот пост на проблемоти ќе ви стане повеќе јасно.
Девојката го спомна проблемот дека сегашниот и` се лути > спомнува дека таа му се лути за бившата. Првиот дел е проблемот, додека вториот дел е „ако не можам јас, тогаш зошто да може и тој“.
Можеби и нема она ништо со бившиот. Но со самото тоа што чува нешто на профил а особено кога го поврзува со некаков проблем крајно субјективно раскажан од едната страна тука, мене барем ме тера да размислам дека проблемот е во нејзе.
Ако она не седне да го направи муабетот фер како што погоре Џесика спомна, тогаш не и` е до врската и комотно може да си продолжи со драмењето се дур на дечкото не му светне еден ден и не си ги собере парталите. А во денешно време никој нејќе да си има работа со “незавршени врски“.
 
Член од
7 август 2012
Мислења
176
Поени од реакции
11
Имам 18 години скоро 19 сум имал до сега неколку врски али тоа било претходно само на мување ништо друго како што растам се повекје сакам да имам секс да го испробам тоа и се повекје се срамам да и приијдам на девојче или да и пишам на фб дали некој може да ми каже како да се опуштам?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom