На Првиот Вселенски собор биле потврдени книгите кои веќе биле нашироко прифатени како книги на Новиот Завет. Не бил спорен Новиот Завет за Црквата. Но се појавувале помали ереси и гностицизми кои тоа го оспорувале.
Во пишаниот Канон произлезен од Првиот Вселенски Собор нема запишана формална потврдна одлука со наведена листа на книгите од Новиот Завет кои се користеле во храмовите. Но тоа не значи дека немало таква одлука.
Исто така, во Канонот (Законикот) од Првиот Вселенски собор нема ни за одлуката за Символот на верата и неговата содржина. Но, е неспорно дека тој е тогаш утврден и разнесен по помесните Цркви. На наредниот Втор Вселенски собор се вели:
„
1. правило: Светите Отци, собрани во Константинопол установија дека не смее да се укинува, напротив мора да остане во полна снага Символот на верата кој го изложија 318те Отци, кои се собраа во Никеја Витинска, и дека мора да биде предадена на анатема секоја ерес, а поименично: ересите на евномијаните, аномеевците, аријанците или евдоксијани, полуаријани или духоборци, савелијани, маркелијани, фотинијевци и аполинаријевци.
Значи иако во каноните не стои за Символот на верата, тој е тогаш утврден.
За понеупатените, Символот на верата е како преамбулата во уставите. Односно најкратка најконцизна и теолошки прецизна одредница во што верува православниот христијанин. Затоа и се бара секој православен христијанин да ја познава неговата содржина за да може да знае за себе и за другите во што верува.
Во апостолските правила, кои постојат и пред Првиот Вселенски собор во 60тото правило се наведува во храмовите
да не се внесуваат лажните апокрифни црковни книги.
Што значи Црквата веќе имала претстава за книгите од Новиот Завет.
Во правото постојат пишани правила но постојат и обичајни правила. Во својата правна тежина нема разлика.[DOUBLEPOST=1452736111][/DOUBLEPOST]
Апостолски Правила
Правило 85
Нека вам свима, клирицима и световњацима, буду поштована и свете књиге Старога Завета:
- Мојсијевих пет: постанак, излазак, левитска, бројеви, закони поновљени; Исуса Навина једна; Судија једна; О Рути једна; Царства четири; Паралипоменом, књиге дана две; Јездре две; О Јестири једна; Макавеја три; О Јову једна; Псалтира једна; Соломонове три: приче, еклисијаст, песма над песмама; Пророка дванаест: Исаије једна; Јеремије једна; Језекиља једна; Данила једна.
Ван овога пак, нека вам буде напоменуто, да би ваши млађи изучавали мудрост многоученога Сираха. Наше пак (то јест Новога Завета):
- Јеванђеља четири: Матеја, Марка, Луке и Јована; Павлових посланица четрнаест; Петрове посланице две; Јованове три; Јаковљева једна; Јудина једна; Климентове посланице две; и установе, које су мном Климентом за вас Eпископе у осам књига издане, али које не треба међу свима распростирати, јер у њима има тајанственога; и Дела наша апостолска.
(Ап 60; Трул 2; Лаодик 60; Картаг 24; Атан Вел о празницима; Григ Бог о књигама Светог Писма; Амфил о књигама Св. писма)