Да припамтам какви баjки слушавме веке...кога паднат визите за РМ, сите ке се откажат от бугарското државjaнство. Доjде тоа време... видовме не стаса тоа.Сега слушаме новата нубелоза,кога Србиja влезела.

Ке те зарадвам само,во единиот убав ден,кога Србиja влезе во ЕУ, кое нема да е преди 2022, србите нема да имат право да работат во ЕУ едно 5-7 години и србскиот пасош отново нема да биде вака интересен.
Тоа за 5-7 години ќе важи најверојатно само за поголем дел од главните држави во ЕУ.
За визите го тврдеа некои провладини медиуми и тоа беше шуплива пропаганда преку статии.Се знаеше дека укинувањето на визите нема да има суштинско влијание.
Само прашање на време е да се распадне целава бугарска политика со пасошите.
За не повеќе од 10 години,Србија влегува во ЕУ,е тогаш ќе видиш како стојат нештата.
Ако ти Фимчо случајно незнаеш,батко сега ќе те посоветува...отиди на автобуската станица во Скопје да видиш по колку автобуси дневно одат на линија Скопје-Белград
И сите се полни до последно седиште.
Особено споредено со четири линии за Бугарија од кои 1-2 се комбе превоз,често и комбињата се со по 1/3 пополнет капацитет.
А каде се возовите...
Тоа е само приказ Фимчо,на тоа колку македонците и србите се роднински и пријателски поврзани.Нешто што не е случај со Бугарија.
Единствена жичка беа студентите кои веќе тотално пресушија.
Така да ќе правиме муабет кога Србија ќе влезе во ЕУ,дури и не мора да направи пасошка политика како бугарската,туку и по сегашниот систем,преку родбински канали ќе се добиваат српски пасоши.
За тебе Аце, веднага постирам и споредба на Србиja за неjниja ИКТ сектор от денес на РТС. Гледам се фалат дека во последните 5 годнии стасали до 1,2 милиарда евра. Само за сравнение, во БГ за 2016 се очекува от истиот сектор 5,5 милиарда долари.
Ти уште седи и ми гледаj Добрич на google maps и какви били фасадите.
Тие ИТ специјалистчиња сконцентирани во Софија,нема да ви помогнат во однос на депопулација на вашите градови и села,во возобновување на земјените и коцкените патишта,распаднатите и непостоечките тротоари,на недостатокот на осветлување,на развој на цели градови и до 100,000 души кои тонат во сивило и апатија,на промена на демографската слика која масовно се претвара во слика од пензионери и роми...
Настрана туристичките точки,приморјето и најголемите градови...чим малце скршнеш од патот,влегуваш во една околина која наликува на Добрич.
Ќустендил,Силистра,Шумен,Пазарџик,Сливен...да не збориме за помалите места...
И како што кажав најстрашното е немањето перспектива,бидејќи сликата во однос на состојбата на улиците,тротоарите,зградите и куќите по овие места нема ни за 30 години да се подобри,бидејќи нема човечки ресурс за да воопшто се инвестира во такво нешто.
Нема да има народ кој да плаќа даноци,ниту пак оваа другата страна,власта градска или државна ќе биде заинтересирана за такво нешто.
А да не збориме за приватна иницијатива,тие и до сега не се ни ангажирале бар да си ја окречат фасадата.Овие апокалиптични населени места ќе стануваат само полоши,така и ќе тонат,ќе скапуваат,додека комплетно не изчезнат,или пак се претворат во ромски.