Барате некој закон?

G

Gjoksi

Гостин
Извадок од Законот за оружјето:
Забрането е носење и употреба на оружје на јавно место, освен за работниците кои вршат работи на обезбедување на лица и имот во државните органи и правните лица, согласно со прописите за обезбедување на лица и имот.“
Под јавно место се подразбира: улица, плоштади, патишта, излетнички места, пристаништа, аеродроми, железнички станици, автобуски станици, чекални, угостителски и трговски објекти и занаетчиски дуќани и сл.
Значи, одговорот е ДА, ќе одговараш прекршочно.
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.347
Поени од реакции
1.217
Некој да ми помогне околу законот за превоз на патници,т.е за Такси возачи...Сакам да возам такси со туѓа кола,да не сум осигуран,и немам такси лиценца..Прашањето ми е,дали лиценца морам јас лично да извадам,или такси-компанијата вади лиценци само за возилата,(фарбање во жолто,централа,реклама итн итн)..
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.657
Поени од реакции
722
Ме интересира дали некој ја има книгата „Облигационо право“ ама во електронски формат? Или пак скрипта некоја?
Се работи за полагање на нотарски испит, па ако некој го спремал, или налетал на нешто вакво, фино би било да сподели. Или ако сте има скрипта со прашања...

Во некоја од копирнициве низ градов да не може да се најде нешто вакво или одговорени прашања?

Не се работи за мене лично, така да коментарите од типот загреј столче а-у, ве молам да ги изоставите.

Фала
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
Здраво дечки,
сакам да најдам закон за високо образование кој функционира за сите европски држави, поконкретно ме интересира процесот на евалуација на факултетите. Се изнабарав, а се што успеав да најдам се агенции за евалуација - кои не се пропишани со закон и кои евалуираат само мал дел од универзитетите во ЕУ. Ако има некој повеќе информации, нека постира или нека ми пише :) Фала однапред.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.379
Поени од реакции
3.391
Мене ме интересира дали во МК има некаков закон за инцест или тоа кај нас сепак останува само како неморална работа?
Фала однапред :)
 

Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
167
Мене ме интересира дали во МК има некаков закон за инцест или тоа кај нас сепак останува само како неморална работа?
Фала однапред :)
Таман работа да беше оставено само како прашање на моралот :) Луѓе и со толку строги запретени казни пак се решаваат на инцест а камо ли без закон :)
Инцестот е уреден како кривично дело Родосквернавење по член 194 од Кривичниот законик на Р.М:
„(1) Тој што ќе изврши обљуба со крвен сродник во права линија или со брат, односно сестра, ќе се казни со затвор од пет до десет години.
(2) Ако делото од ставот (1) е сторено со малолетник кој наполнил 14 години, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години“
 
Член од
24 март 2009
Мислења
16
Поени од реакции
1
Барате некој закон?

www.pravo.org.mk е првиот македонски веб сервис за правници, студенти и сите останати кои имаат потреба од закони.

На веб сервисот се наоѓаат закони и меѓународни договори, анализи и судска пракса кои граѓаните можат да ги искористат во секојдневната работа.
Zdravo
Mene mi treba zakon za nasledstvo,
pozdrav
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
470
Поени од реакции
660
Dali ima zakon za nasledna podelba na shuma i pasista? Kolkava moze da bide najmala parcela i na kolku najmnogu naslednici moze da se deli?
Dali vo kolku e zaednicka shumata so republika Makedonija treba prvo da se oddeli od nea pa posle da se deli ili moze otkako ke se nasledi ,naslednikot da si ja oddeluva od republika Makedonija? Se raboti za shumi.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Dali ima zakon za nasledna podelba na shuma i pasista? Kolkava moze da bide najmala parcela i na kolku najmnogu naslednici moze da se deli?
Dali vo kolku e zaednicka shumata so republika Makedonija treba prvo da se oddeli od nea pa posle da se deli ili moze otkako ke se nasledi ,naslednikot da si ja oddeluva od republika Makedonija? Se raboti za shumi.
Вака не бараш закон, прашуваш за правна помош. Прецизирај
 
Член од
1 февруари 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ми требаат актуелни листи со забранетите и регулирани дроги и супстанции.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Ја барам класификацијата на одобренија за оружје според законот за оружје,бидеќи во него поделбата е само на 4 категории односно А,Б,Ц,Д, но во пракса се сретнуваме со оружје за кое е потребна Б7,Б3 и слично одобрение...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom