FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.765
Поени од реакции
11.754
Го изгледав All about Eve, на датум 10.01 да нема забуни, сега најдов едвај време за да пишам нешто кратко.

Сум немал никогаш проблем со стари филмови, но без темава никогаш немаше да го заприметам и изгледам овој филм. Одличен почеток на филм клубот, многу ми е мило што се направи ваква тема, браво. :D

Околу филмот немам многу што да кажам, се убаво е напишано и објаснето пред мене. (ве прочитав сите)
Ремек дело, тие 5-6 глумци искинаа, глумата беше на врвно ниво секоја чест. Едноставен, добро скоцкан и фантастично одглумен филм. Нешто што ретко го гледаме во денешниве модерни филмови. ~2ипол саати ми поминаа доста брзо
Плус Мерлин Монро :love:

Вториов ќе го гледам после 18ти, дотогаш имам многу обврски.

Поздрав. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.853
Поени од реакции
36.913
Прекрасен филм! Не знам само зошто, по Три бои трилогијата, се сомневав дека тука ќе видам нешто барем блиску до нив? А добив ремек дело какво што ретко се гледа. Инаку, за тие кои не знаат, ова е всушност продолжена, и со изменет крај верзија на епизодата број 6 од серијата Декалог на Криштоф Кишловски, која е направена така што секоја епизода одговара на некаков аспект кој произлегува од секој од десетте божји заповеди. Тука љубовта како тема е земена од шестата заповед: „Не прави прељуба“. Инаку, освен овој, Кишловски има направено долга верзија и на епизодата 5 во филмот „A Short Film About Killing“.

Тука ја видов истата прекрасна кинематографија од Три бои трилогијата, истата рај-за-уши музика, истите гро планови во кои на прекрасен начин ја отсликува секоја емоција, истата суптилност во раскажувањето (за да се сфати нешто, треба да се проникне во суштината, зашто Кишловски не сервира на тацна, не раскажува, туку прикажува), симболиката... Глумата на ниво на задачата. Прекрасен приказ на љубовта. Инаку - крајот е изменет по барање на главната актерка која сакала крајот да биде како од бајка. И беше како од бајка! Го гледа истото што Томек го видел кога ја набљудувал: она, во моментот кога раскина со дечкото, разочарана од љубовта. Доаѓа Томек и ја допира, и дава утеха и останува покрај неа. Наеднаш, сѐ има смисла, секој потег на Томек, и секој нејзин. Насмевката на нејзиното лице говори сѐ - љубовта, онаа чистата, искрената, вистинската љубов која Магда никогаш не ја доживеала, конечно се роди!

10/10 од мене!

@Толстој , остави на страна тоа што се шегуваме сите понекогаш на твоја сметка, на добар пат си! Штом на твои години гледаш и ти се допаѓаат вакви филмови, тоа е само за респект! :cuc: Ќе биде од тебе вистински филмофил, убеден сум во тоа!
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Уф... ќе умрев. Не ми се допаднаа Трите Бои, не ми се допадна ни овој. Акции кои се несвојствени за некој човек кога се дешаваат у филм ми е тотален трн оф. Сите високи оцени за филм ми се кога некој филм ќе допре нешто реално, нешто секојдневно, постојано. Овој се губи у апстрактниве поими за љубов, војаеризам и тешки психологии и искача на крај пластичен. Кога го гледав имав чувство, ко да знаев дека ова не се десило, ова е само за пред камера, такво некое вештачко чувство што е обратно од тоа што очекувам од филм. Како добро можам само да издвојам главната улога од жената, ем убава ем добро одглуми. Се друго ми беше под просек, бавен филм, без некој посебен саунд едитинг за да те вози, туку те тепа тишина и на крај како у шпанска серија кога ќе се издеси нешто зумирање у нечија фаца со залепена емпетројка одгоре од некоја нежна класична инструменталка за добивање демек длабочина. Кишловски не е за мене, и не верувам друг пат пак да се дружиме со него.

2/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.853
Поени од реакции
36.913
Уф... ќе умрев. Не ми се допаднаа Трите Бои, не ми се допадна ни овој. Акции кои се несвојствени за некој човек кога се дешаваат у филм ми е тотален трн оф. Сите високи оцени за филм ми се кога некој филм ќе допре нешто реално, нешто секојдневно, постојано. Овој се губи у апстрактниве поими за љубов, војаеризам и тешки психологии и искача на крај пластичен. Кога го гледав имав чувство, ко да знаев дека ова не се десило, ова е само за пред камера, такво некое вештачко чувство што е обратно од тоа што очекувам од филм. Како добро можам само да издвојам главната улога од жената, ем убава ем добро одглуми. Се друго ми беше под просек, бавен филм, без некој посебен саунд едитинг за да те вози, туку те тепа тишина и на крај како у шпанска серија кога ќе се издеси нешто зумирање у нечија фаца со залепена емпетројка одгоре од некоја нежна класична инструменталка за добивање демек длабочина. Кишловски не е за мене, и не верувам друг пат пак да се дружиме со него.

2/5
Е сеа за инает ко ќе дојдам јас на ред ќе предложам пак некој од Кишловски. :D Шегата на страна, ама сериозно во Love на Гаспар Ное виде повеќе уметност и повеќе љубов од тука?

Е да, тука немаше cumshot.

^^ ова као да поттикнам дискусија. :D
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Е сеа за инает ко ќе дојдам јас на ред ќе предложам пак некој од Кишловски. :D Шегата на страна, ама сериозно во Love на Гаспар Ное виде повеќе уметност и повеќе љубов од тука?

Е да, тука немаше cumshot.

^^ ова као да поттикнам дискусија. :D
Па зашо мора повеќе уметност да видам? Видов повеќе филм. Од секој аспект. Не само арт. Не само љубов. Не само едитинг.
Дали ти сериозно ако те прашаат кој филм повеќе дефинира љубов, повеќе допира до сржта, кој нуди повеќе би избрал овој недефинираниов лик кој си пресече вени оти сврши како во 40 days and 40 nights или ликот од Love кој е заглавен шо женска оти му се скинал кондом и одбрал фамилија а у раце ја имал љубовта на неговиот живот, што е like.. umm 80 посто од случаиве у земјава? Филмов не нуди ништо. НИШТО. Љубов има у 10000 други подобро прикажано, перверзија, војаеризам у 1000 други... у Love колку и гаден да беше, колку и намерно шокантен и што не, сепак прикажа една врска каква што е, без шминка, без ништо, на платно. Овој у саат и 15 ме измори како да гледав документарец за едноклеточни организми. Oвој филм ако вреди за 5 ѕвезди јас ќе се откажам од гледање филмови нацело. Ќе гледам мравки како формираат линија пренесувајќи трошки подобро.

А тебе злате пошо те сакам ептен, ќе го симнам Love, ќе го едитирам да биде без cumshot-от, да видиш како ќе ти стане омилен филм. :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Мене ми е океј филмов, онака добро си возеше цело време, претпоставував дека нешто вакво ќе се деси. Ме нервираше мене Томек дебилот, не е можно такво понашање од 19 годишен момак, ко пичка некоја, психопат. Убаво му беше само доека ја посматраше, коа дојде до контакт со неа испаничи и не знаеше кај тера.

И со Вот се слагам, некако многу мртво заврши. Од само една средба оваа толку да се занесе у дечково што ни еден збор не изусти пред неа ми е некако мех, на таква дрска и арогантна појава како Марга (мислам се викаше) рандом човек такво нешто да и напраеше имаше одма да пријави у полиција а оваа шо напраи, прифати дејт со 19 годишен неиживеан психопат. Како не бе.
Тој па кретенот глуп, начека пар ескеланс милфара која му се даде овој се извади од памет, земи еби коњ еден, исече вени. :facepalm: Какав данак неискуству, тактички скроз погрешен потег.
Коа отиде дома и коа го зема бикчето мислев не му бил бричен и затоа избега гз преку глава :P

Ама се на се океј филм, барем не ми беше досаден доека го глеав. Добро ми легна на емотивната трилогија на Ињариту што ја глеав минативе 2-3 дена (Бабел, 21 Грамс и Аморес Перос)

Една добра 6.5 од мене.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Meне филмот ми е ремек дело, како и режисерот. На ептен наивен и искрен начин доловува ситуации од секојдневието. Драма посветена на младо момче кое е изгубено меѓу вредностите и категориите и лута со умот. За мене на еден прекрасен начин ја доловува сета таа глупавост и наивност, занес и неизживеаност. Ги сакам ваквите тмурно замрсени драми. Спори кои се развлекуваат, без некои апла дешавки филувани за пред екраните. Затоа истите ги сметам и за поприродни и поблиски до вистинскиот живот на човекот.

И тоа за кое пишувате дека избегал ко „пичка" мене ми е сосема нормална реакција за едно љубовно импотентно детенце кое талка со умот. Нормално е да исцвика. Воедно мислам дека акцентот во тој момент не е ставен само на моментот да ја опали, туку ја покажува подлабоко фантазијата на ликот, и како тоа и пристапува на љубовта на начин каков што само тој ја замислува.

Точно е дека немаше којзнае каква музика која би додала само на атмосферата, но и вака мене ми беше ептен ок. Монотоно, како монотониот му живот на ликот кој единствената радост и позитивна работа што му се дешава е погледот до прозорецот на комшиката :D

8-ка од мене. Втор пат го гледав, првиот пат беше нешто повеќе фасциниран како за прв пат, па тогаш одев со 9.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.853
Поени од реакции
36.913
Вот-е, секој си ги доживува различно филмовите, сцените, кадрите. Јас не сакам кога нешто ќе ми биде сервирано и како такво да морам да го проголтам. Сакам симболика, сакам да откријам од знаците во филмот... Сакам да дознаам дека некого го боли глава според гримасите кои ги прави, а не според реченицата „Ме боли главата, у пичку матер“ што ќе ја изговори. Љубов не е да се дупиш со трансексуалец оти девојка ти така сакала, туку да станеш во 5 насабајле само за да однесеш млеко на саканата (што не ти е работа), и тоа само за да ја видиш; да ризикуваш да бидеш казнет, па дури и избркан од работа со тоа што прекршуваш правила и процедури кои таа работа ги налага, и тоа повторно само за да поминеш некој момент очи в очи со некого што го сакаш... И да, дури и да ги исечеш вените затоа што сфаќаш дека тој што го љубиш е недостижен - дури и тоа е љубов, па макар и да е еден случај во шест милијарди.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Мастерпис!
Без навреда, но не можам да разберам како некои членови го изгледале така површно филмов.
Томек е сирак кој до 18 години живеел во дом, изолиран, без родители, без љубов, веројатно во строги правила и не бил запознаен со надворешниот свет.
Кога наполнил 18 години, се преселил кај неговиот другар, во бедно станче, во комплекс, ламели. До тогаш немал контакт со женска особа, јер живеел во дом. Другаров му ја покажал милферицава и отпочетокот освен физичка привлечност, ништо друго не чуствувал кон неа. Но како минувало времето, се заљубил, иако не ја познавал. Поради тоа не сакаше да гледа како ја шљакаа другите и си ги покриваше очите.

И за делот кога ја прашува бабата зошто луѓето плачат и како тоа на 19 години не знае. Па немало кој да му објасни на 7 години. Живеел изолирано и од емоции, и љубов, и тага и се. Живеел сам.

Од друга страна, она кога дозна дека он ја посматра, реши да си поигра малку со него, на некој начин да му се одмазди.. И сцената кога избега како "пичка" е најбитната сцена во филмот. А таа следеше после тоа што Магда му го рече. Ако сте ја прочитале таа реченица, ќе знаете и зошто си ги пресече вените.
Кога она после ги виде последиците што ги направи, осети грижа на совест, не љубов, не го засака она на крај, само го виде она што го гледал он преку прозорот, она што она го посакувала од другите мажи кои со неа беа само за да ја поминат.
И не знам како овде во филмов не ја видовте љубовта, онаа правата, платонска, невина, неиспрљана, чиста како солза...

Оцена: 9.5/10
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Го изгледав и Love, не можам да се сложам дека е лош филм, но далеку е од нешто што успеа да ме допре. Во тој филм, ама буквално никаде не ја видов љубовта. Единствено изобилуваше со страст. Страшно лошо донесени одлуки од главниот лик, како и неговата придружничка кои беа во зрели 20ти години. И на крајот, кога успеа да си го упропасти својот живот бидејќи мислеше со долната глава наместо горната, се сети на својата бивша и на моментите кои ги имал со неа, па заклучи дека ја сакал. Океееј.
Има една изрека која тотално го доловува филмот: "После јебања, нема кајања".
Или пак, " Што ќе си надробиш, тоа ќе си сркаш".
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Ќе бидам малку офтопик, ама ради режисерот ќе морам. Од 51:15 помотајте натаму. Типот боледува од рак, жена му го изневерува дури е легнат в постела и пазете ја сцената со мувата. Каква симболика има тука у пичку матер. 2 дена не можев при себе да си дојдам дома.

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
А Short story about killing е ваков сличен?
Мене ми е подобар овој за killing, пошто се пронајдов во еден од ликовите, адвокат (како чоек кој сака да се занимава со правото), имаш багабонт и ја имаш темната и неубавата страна на правото. Исто крајот од тој филм по мое е една од најдлабоките, а крајно едноставни сцени, некогаш снимени. Испраќа силна порака. Дури и одбивно ми стана школувањево за момент :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Мене ми е подобар овој за killing, пошто се пронајдов во еден од ликовите, адвокат (како чоек кој сака да се занимава со правото), имаш багабонт и ја имаш темната и неубавата страна на правото. Исто крајот од тој филм по мое е една од најдлабоките, а крајно едноставни сцени, некогаш снимени. Испраќа силна порака. Дури и одбивно ми стана школувањево за момент :D
Може да го гледам и тој.
Овој ми е добар со љубовта, ја сфатив поентата на цел филм, без разлика што пишувам глупости тука, го коментирам од другата страна филмов. (y)

Секој втор напаленко би ја треснал без да му ја мисли. :icon_lol:
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Секој втор напаленко би ја треснал без да му ја мисли. :icon_lol:
Едно хипотетичко прашање само.
Кога си имал 12-13 години, на почеток на пубертет, кога си почнал физички да се оформуваш. Да ти дошла некоја милферица од 30тина години, дали би ја плеснал? :D
Али искрено одговори ми.. Покушај да размислуваш како тогаш што си размислувал.
Еве јас, искрено, не би ја плеснал. :)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Едно хипотетичко прашање само.
Кога си имал 12-13 години, на почеток на пубертет, кога си почнал физички да се оформуваш. Да ти дошла некоја милферица од 30тина години, дали би ја плеснал? :D
Али искрено одговори ми.. Покушај да размислуваш како тогаш што си размислувал.
Еве јас, искрено, не би ја плеснал. :)
Добро реално на 2-13 години не, ќе сум се извадел од памет сигурно :D Или може исто ко на Томек да ми се десело :icon_lol:

Ама на 19, би и ебал стомајки дефинитивно.

Иако нормално не се исти ситуациите, ти убаво објасни претходниот пост. Во детството Томек не осетил ништо од љубов и слично, на почетокот коа ја посматрал размислувал со курот а после со срцето.

Се на се, добар филм пак ќе повторам, може и 7ца да добие во Moviespotting на крај. (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom