- Член од
- 12 февруари 2014
- Мислења
- 7.950
- Поени од реакции
- 25.479
Во текот на животот се соочуваме со безброј опасни ситуации.
Вообичаено човечкиот мозок реагира на опасен настан така што се активираат две мозочни кола, преку едното се испраќаат информации до церебралниот кортекс кој ја оценува ситуацијата и донесува рационална пресуда. Преку другото се испраќаат информации до амигдалата која праќа импулси на автономниот нервен систем. Овој систем ја активира „бори се или бегај“ реакцијата, дури пред церебралниот кортекс да „донесе одлука“ за информациите. Откако ќе се активира, се забрзува работата на срцето, се ослободуваат стрес хормоните, така што овие и други реакции ви помагаат да реагирате брзо во случај на опасност.
И покрај ова, некои луѓе воопшто не реагираат во моментот, односно првичната реакција им е „скаменување“, или полошо, онесвестување, што дополнително ја зголемува опасноста во ситуацијата.
Како вие реагирате во опасни ситуации? На кој начин сметате дека можат да се надминат непосакуваните реакции? Познавате ли некој кој успеал да го „истренира“ инстинктот за преживување и ги надминал таквите реакции, на кој начин?