Вашата реакција во случај на опасност

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Значи на некоја возраст, било која, си почнал да искусуваш неубави работи, ама веќе си имал некаква обука и си бил спремен за опасноста. Тоа сакам да го знам и баш за овакви случаи му зборував на @smihajlo, без разлика на ситуацијата, колку и да е непредвидлива, човек со обука е многу поспремен и посталожен.
Па нормално дека и самодовербата игра голема улога тука. Човек со повеќе искуства е посамоуверен и може многу побрзо и поефикасно да реагира.[DOUBLEPOST=1452726798][/DOUBLEPOST]
Зошто море да бегаш? Зарем ваков опасен дечко како тебе да бега?
Нели ти од ништо не се плашиш - нели на смртта и се смееш во лице?[DOUBLEPOST=1452697123][/DOUBLEPOST]
Нема ништо лошо во викање и врискање, само треба да се спремна и на поактивна одбрана ако испадне дека врискањето не е доволно.
Решението се вика Крав Мага, тоа е самоодбрана а не фенси борилачка вештина. Штета само што овде нема кај да се учи.
Најдоброто решение за самоодбрана.
Се останато е реакција.

Логички ако знаеш дека не можеш да избегаш следен чекор е побараш терен кој повеќе ти одговара и/или подобро оружје.

Во глобала најдобро е доколку можеш да го избегнеш конфликтот па потоа се боречките вештини и сите други сценарија.
 
Последно уредено:

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.232
Поени од реакции
3.838
Чекај малку @Phoenixx, па емоциите се токму когнитивни кратенки (shortcut-и) на мозокот. Улогата на емоциите првенствено е скратување на времете на реакција. На пример, кога наеднаш ќе се сретнеш со предатор, разумот (фронталниот кортекс) би анализирал какви се способностите на предаторот, какви оружја има (канџи, заби, отров, итн), која е најсоодветна реакција... Размислувања кои трошат драгоцено време.
Но примарната емоција која се јавува во такви ситуации е СТРАВ, а стравот ги активира механизмите за самоодбрана - срцето почнува побрзо да чука, дишењето се забрзува, крвта се збогатува со кислород, се лачи адреналин, итн - телото се спрема за максимална реакција, да биде спремно краткорочно да даде максимум напор кон трудот за преживување.

Емоциите се предност, не слабост (наспроти идеите од некои нинџа филмови, или Чак Норис филмови). :)
Тоа што ликовите во мојот пример изреагирале сталожено, се должи на нивната спремност и чуството на сигурност што го имаат во сопствените способности - кои се резултат на знаење и упорно вежбање на тоа знаење.

Ете ти ја @бутЕ како спротивен пример, таа колку и да е сталожена кога ќе ја сретне мечката - колку и да и се смее во лице... Мечката сепак ќе ја изеде ако бутЕ не е спремна да се одбрани. Ако нема оружје, кое ќе знае како да го употреби. Сталоженоста без знаење и техника, за бутЕ може само да значи дека ќе биде сталожена додека мечката ја јаде.
Мислам дека на мечката нема да смета дури ни ако бутЕ не биде сталожена, секако најмногу што бутЕ ќе може да направи (без знаење, техника, и оружје) - ќе биде на мечката да и даде индигестија. Мислам дека малку нелагодност и ждригање до сега не и наштетиле на ниедна мечка. :)
Каде сум спомнал дека ќе седам и ќе се смеам додека мечката ме јаде?
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.232
Поени од реакции
3.838
:)[DOUBLEPOST=1452764977][/DOUBLEPOST]

;)
Тука пишит дека ако ме нападнит мечка ќе седам да ме јајт? Го прочита то со кучето? Дека сакав да ме бркат а јас да БЕГАМ И ДА СЕ СМЕАМ?
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Порано се скаменував и во нозете осеќав многу лошо чувство и адреналинот ми излегуваше од контрола, ама после многу многу опасни ситуации ми стана навика сега дури уживам да го пуштам егото во акција.:D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.361
Поени од реакции
43.159
Тука пишит дека ако ме нападнит мечка ќе седам да ме јајт? Го прочита то со кучето? Дека сакав да ме бркат а јас да БЕГАМ И ДА СЕ СМЕАМ?
да го смениме кучето со мечката, сигурен си дека ќе се смееш кога таа ќе те брка?
 

Phoenixx

The Last Pharaoh
Член од
9 ноември 2015
Мислења
788
Поени од реакции
956
Порано се скаменував и во нозете осеќав многу лошо чувство и адреналинот ми излегуваше од контрола, ама после многу многу опасни ситуации ми стана навика сега дури уживам да го пуштам егото во акција.:D
Pa daj spodeli nekoja opasna situacija i kako si se spravil..
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Pa daj spodeli nekoja opasna situacija i kako si se spravil..
3 дечки од гостивар малтретираа едно момче моја генерација беа, го исмејуваа, ајде бе боксер ајде покажи што знаеш од бокс... и цело време гледав и трпев. А и јас тренирам кик бокс и боречки вештини и како мал се сеќавам баш така ми правеа поголемите и ми падна многу жал. И се двоумев дали да им свикам или не ама од кога видов дека го маваат станав и им реков тоа да го направат на мене ама бев толку самоуверен, се соочив со стравот кога ме облеа и типците си заминаа ,,ајде бе ајде да идеме ајде... " хаха истите учеле во муслиманско школо тука некое... после како ми дојде убаво на егото како храна за егото хахаха... херојски

Друго со скршена рака минатата година се степав со двајца ромчиња малку помали од мене... јас сум 20 они нека се биле 15-16 и мавав со нозе по едниот, оти ми се смееја дека ми била сршена раката, а другиот ,,дечко дечко абе не викаме на тебе" хахаха

Пред две години во Скопје еден ром малтретираше човек, не знам точно на која локација беше ама имаше мост голем, не сум од Скопје јас, а бев тамузаради кик бокс квалификации некој си норми исполнувања... и 30 души гледаат ништо не превземаат, а овој го малтретира човекот... и не можев да стојам така.. некој луѓе ми рекоа после ,,еј дечко немаш појма што ќе ти се деси сега немаш појма кој е овој" е после малку се скаменив ама ништо не се случи... среќа хаха

Ама настојувам максимлано да бидам смирен и сакам мир повеќе одколку насилство, ама не можам да трпам неправда... и сеа се испофалив... и мезам јајца и маслинки :D[DOUBLEPOST=1452811384][/DOUBLEPOST]Пред два години бев нападнат со нож и се степав пак со голи раце ама морав да престанам оти со стравот не успеав да се соочам и мислам дека сомакот ми се пресече од страв и морав да ги дадам парите и телефонот... исто така ромче ме нападна.... ,, дечко ќе те кољам нем на мене карате еј нем на мене карате" хахаха мора да најдеме хумор во се :)[DOUBLEPOST=1452811837][/DOUBLEPOST]Интересно... во Таоизам има едно учење дека телото има 3 главни центри, (ДАН-ТИЕН) првиот центар се наоѓа под папокот и е одговорен за претварање на Јинг енергијата (телесната енергија) во Ки (Ки секој различно си го толкува, јас го сфаќам како енергија која ги штити виталните органи) ... и баш во секоја лоша ситуација или во борба осеќам таму многу болка и како нешто да ме сече... сигурно човекот при страв губи многу Ки па затоа тој дел се чувствува морбитно и исцрпен... ако се точни Кинеските теории за човечкото тело... :D
 
Последно уредено од модератор:

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Правилен тренинг на соодветна боречка вештина многу помага опасните ситуации често да се избегнат и без физички контакт. Ако сепак до таков дојде ги зголемуваат шансите да излеземе неповредени или со што помала штета. И тука важи правилото дека повторувањето е мајка на знаењето и затоа се вежбаат едни исти движења се додека не станат дел од инстинктивно делување без размислување.

Кој сака да зголеми шанси да излезе неповреден од опасна ситуација правилна обука за самоодбрана е обавезна.

Психата и карактерот се секако битни така да во иста ситуација може да имаме и две различни реакции без разлика на претходната обука иако во секој случај обуката зголемува шанси за правилна реакција.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.965
Поени од реакции
25.548
Agda Beata ти се случи некоја зезната ситуација пред тебе па што дојде до темава ?
Ми се има случено порано, во некои ситуации реагирам веднаш, а во некои се имам повлечено неколку секунди за да си дојдам на себе. Не беше случај на когнитивна парализа, туку се повлеков од огромна паника и мислев дека не сум способна да се справам со ситуацијата. Среќа што нештото траело буквално неколку секунди и сум реагирала храбро потоа, без да мислам на себе и на последиците. Сепак не би сакала да ми се случуваат ни тие неколку секунди, би сакала многу посмирено да гледам на работите и сметам дека имам потреба од многу обука и поголема психичка подготвеност.

Но моето искуство не беше причината поради која ја отворив темава. Инспирацијата се роди додека читав стручна литература од областа на психологијата, комбинирано со моите апокалиптични сценарија во глава поради настаните што се случуваат во светов. :) Па дури и без нив, живот е, се случуваат непредвидливи и непосакувани работи.
Токму поради ова мислам дека имаме потреба да дискутираме на овакви теми, да размениме мислења и искуства и се надевам дека на овој начин некој ќе добие поттик да работи на себе.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Со некои од мислењата се согласувам, со некои не, но мислам дека темата отиде во погрешна насока

Контрола на автономната реакција нема ништо со физичка спремност, храброст и слично.....луѓе кои поминале низ војни, кои биле храбри и бестрашни во тепачки, можат да се укочат или испаничат при средба со сфојата фобија (пајаче, змија, игла, вода, висина......) и тука нема ништо необично.

Победата на секоја фобија почнува со соочување со фобијата во контролирани услови. Кога еднаш ќе се соочите со фобијата и ќе сфатите дека е ирационална таа ќе исчезне.

Јас најчесто сум смирен и не дозволувам избрзани реакции, се обидувам инстиктот да го држам под контрола, бидејќи разликата меѓу животно и човек е контролата на инстиктот.

Слична ситуација со Let 3. Во младоста со уште еден другар требаше да правиме некоја монтажа под напон во незгоден простор. Бидејќи постоеше голема веројатност некого да фати струја, а од заштитна опрема ни З, трет другар беше замолен да внимава и со дрвен стап во случај да не удри струја да не одвои од жиците. Јас држев клешти во уста бидејќи рацете ми беа зафатени, во еден момент клештите паднаа. Во моментот кога клештите удреа на подот, "чуварот" испаничи, го фрлли стапот и побегна. Од тој ден ниокогаш не сум се потпрел на друг човек. Додека не се осигурам дека сам можам да направам нешто не го правам, или го правам свесно ризикувајќи без да се потпирам на други.

Во младите години правев вежби за контрола на инстиктивните реакции. Едни од најлесните и најбезбедните се контрола на болка и контрола на дишење. Првата вежба е ставање на прст во пламен на свеќа и обидување прстот да остане таму што е можно подолго. Автономниот систем се обидува да го тргне прстот за да го заштити од изгореници, но рационалниут ум знае дека прстот може да издржи многу повеќе од оној иницијален праг. Што почесто рационалниот ум е во право, толку е поголема неговата контрола врз автономниот. На овој начин го зголемувате прагот на болка и можноста за самоконтрола.
Втората вежба е задржување на дишењето што подолго можете. Оваа вежба е најбезбезбедна од сите бидејќи и да бидете тотален инает и да го задржите воздухот подолго од тоа што телото може да издржи само ќе се онесвестите и телото ќе почне да дише.

На овој начин умот учи дека телото и не е така слабо и реагира рационално во критични ситуации.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Ми се има случено порано, во некои ситуации реагирам веднаш, а во некои се имам повлечено неколку секунди за да си дојдам на себе. Не беше случај на когнитивна парализа, туку се повлеков од огромна паника и мислев дека не сум способна да се справам со ситуацијата. Среќа што нештото траело буквално неколку секунди и сум реагирала храбро потоа, без да мислам на себе и на последиците. Сепак не би сакала да ми се случуваат ни тие неколку секунди, би сакала многу посмирено да гледам на работите и сметам дека имам потреба од многу обука и поголема психичка подготвеност.

Но моето искуство не беше причината поради која ја отворив темава. Инспирацијата се роди додека читав стручна литература од областа на психологијата, комбинирано со моите апокалиптични сценарија во глава поради настаните што се случуваат во светов. :) Па дури и без нив, живот е, се случуваат непредвидливи и непосакувани работи.
Токму поради ова мислам дека имаме потреба да дискутираме на овакви теми, да размениме мислења и искуства и се надевам дека на овој начин некој ќе добие поттик да работи на себе.
Мојата лична реакција во повекето случаи е да се скаменам не до толку да се уплашам од самата случка него да ми е страв да помогнам. Далеку од паника и избезуменост ама во ситуацијата не можам да дејствувам... Најлош е тој тип на регистрирање на стресот и стравот го голташ и после е поголем проблем. Оние што вриштат и пиштат полесно си минат не задржуваат толку во себе.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Зависи од психофизичката состојба, која може да биде променлива. Не реагирам исто секогаш. Имало случаи кога сум бил зачуден колку добро сум реагирал во незгодни ситуации. Ама имало случаи и кога исто сум бил зачуден од сопствената спорост и недосетливост.
Така, во моментов, без намера да се фалам, мојот одговор на секоја опасност би бил:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom