Чекај малку @
Phoenixx, па емоциите се токму когнитивни кратенки (shortcut-и) на мозокот. Улогата на емоциите првенствено е скратување на времете на реакција. На пример, кога наеднаш ќе се сретнеш со предатор, разумот (фронталниот кортекс) би анализирал какви се способностите на предаторот, какви оружја има (канџи, заби, отров, итн), која е најсоодветна реакција... Размислувања кои трошат драгоцено време.
Но примарната емоција која се јавува во такви ситуации е СТРАВ, а стравот ги активира механизмите за самоодбрана - срцето почнува побрзо да чука, дишењето се забрзува, крвта се збогатува со кислород, се лачи адреналин, итн - телото се спрема за максимална реакција, да биде спремно краткорочно да даде максимум напор кон трудот за преживување.
Емоциите се предност, не слабост (наспроти идеите од некои нинџа филмови, или Чак Норис филмови).
Тоа што ликовите во мојот пример изреагирале сталожено, се должи на нивната спремност и чуството на сигурност што го имаат во сопствените способности - кои се резултат на знаење и упорно вежбање на тоа знаење.
Ете ти ја
@бутЕ како спротивен пример, таа колку и да е сталожена кога ќе ја сретне мечката - колку и да и се смее во лице... Мечката сепак ќе ја изеде ако бутЕ не е спремна да се одбрани. Ако нема оружје, кое ќе знае како да го употреби. Сталоженоста без знаење и техника, за бутЕ може само да значи дека ќе биде сталожена додека мечката ја јаде.
Мислам дека на мечката нема да смета дури ни ако бутЕ не биде сталожена, секако најмногу што бутЕ ќе може да направи (без знаење, техника, и оружје) - ќе биде на мечката да и даде индигестија. Мислам дека малку нелагодност и ждригање до сега не и наштетиле на ниедна мечка.