Џони Вајсмилер
Don't share my food
- Член од
- 15 февруари 2010
- Мислења
- 15.489
- Поени од реакции
- 15.506
И јас вака размислував од почетокот во првите неколку кола и не бев задоволен од филозофијата на Манчини каде делуваме како малски клуб кој се брани и кој се плаши од секој можен противник но околностите говорат сосема нешто друго...Не, ама и да изиграат 0-0 за нив не е катастрофален резултат, без разлика против кого играат.
Интер во летото смена 90% од костурот на тимот и скоро цела екипа е нова со нови играчи што му беше навистина тешко на Манчини да ја склопи екипата посебно кога доаѓа од неколку катастрофални сезони по ред...
Во минатите сезони Интер со Мацари,Страмачиони и другите тренери во неколку наврати играше поофанзивен и поотворен фудбал но поради недоволен квалитет на одбраната и на средниот ред најчесто се завршуваше фатално со многу примени голови и без никаков концепт и визија што резултираше со секоја година нов проект и нов тренер...па поради овие причини и дел поради самиот(нов) костур Манчини се реши да не оди на ризик и да оди стрикно на резултат бидејќи Интер нема време за губење(мора да се игра во ЛШ) и нема доволно квалитетен тим за да ги доминира останатите тимови во Италија .
Е тука доаѓа одговорот зошто Интер игра толку дефанзивно и претпазливо на секој можен дуел и свесно се оди на зачувување на својот гол бидејќи секој бод па макар бил и нерешен резултат е битен во битката за третото место,посебно во ваква ситуација каде сите ривали имаат натпревари плус во Европа а Интер настапува само во Италија...Интер моментално нема капацитет за ризик и верувам дека Манчини ќе продолжи со истиот концепт без разлика на се.