Ништо и тоа не е некое сјајно решение. Најдобро е термо печка, ама гледав новите се околу 90000ден. а на старо се околу 50 евра.
Не е баш така и избрзано донесуваш закључок. Во сметката на струја тоа ке ти се одрази вака, термо печка штеди само со полнењето во ефтина тарифа т.е навечер, па пример ако во денот одаде 30KW топлина(за кои потрошила 30KW) ти во сметката за струја ке платиш 15KW што е 50% заштеда или тоа се вика дека имаш коефициент на искористување (COP) од 2.
Солидна клима од A класа има COP од над 3,5 или во денот тие 30KW топлина ке ги испорача со 8,5KW отчитани на броилото, ако грееш навечер тие 8,5 се 4,25.
Втор момент со кој штеди климата во однос на термото, термото кога го пуниш навечер незнае дали утре ке биде +10 или -10 температурата и секако ке ти излапа 30KW(15) додека климата троши точно онолку колку што треба топлина во денот зависно од температурата надвор.
Само на -15 или под таа температура се еднакви климите со термо печките бидејки тогаш и најсолидните клими имаат COP околу 2, но денови/часови со такви температури се многу малку и ке ги има се помалку со климатскиве промени.
Климата троши струја за механичката работа на компресорот и на вентилаторите, а топлината ја добиваш од гасот(фреонот) т.е од природата на гасовите да при одреден притисок греат а при друг притисок ладат. Фактички за вложената електрична(претворена во механичка) енергија се добива 3 пати поголема топлинска енергија.
Ова можеш да си го размислиш со обичен дезодоранс кој внатре е течност (но под притисок) а излага како гас кога притисокот ке падне со притискање на дугмето, или кога зимно време за да си ги стоплиш рацете дуваш слабо со широко отворена уста т.е хукаш, а летно за да ги оладиш дуваш силно со собрани усни, во двата случаја твојата температура е 35-37Ц но во првиот случај се грееш а во вториот ладиш.