Комедии има на темава еј. Интер играле антифудбал, на среќа тепале, не им свиреле пенали на противниците и што ти друго не.
Јас како фан на Интер, ќе ви кажам една работа: Никогаш, ама НИКОГАШ, Интер не играл убав фудбал и точка. Не знам што очекувате од Интер во тој поглед
![Лолз :icon_lol: :icon_lol:](/styles/default/xenforo/emot/icon_lol.gif)
. Интер кога играа убав фудбал (едино со Страмачиони ко тренер), примаа по 3-4 комада на натпревар
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. Разликата меѓу овој Интер и Интер од претходните неколку сезони е одбраната. Ако не ви се допаѓа играта не ги гледајте, пуштете си Барса и
![Дрк :drk: :drk:](/styles/default/xenforo/emot/drk.gif)
. Работата е што до лани никој не коментираше за играта, ама сега кога покажуваат заби Интер, мора да се коментира нешто па ај играта не им чини. Прошлите сезони кога играа со помалите екипи примаа гол у први 10 минути заради Ранокија и Хесус и после тоа се отвараа и многу полесно им беше на противничките екипи да ги закопаат преку контри. Единствената разлика во поглед на играта е компакноста во одбраната, ништо друго ... Ни поубава игра, ни поатрактивен напад. Дури и со Мурињо имаа иста игра, индивидуалните квалитети на Маикон, Ето, Снајдер и Милито, се' останато беше сведено на трчање.
Во поглед на судењето, мислам дека оваа сезона има најкоректно судење без некој поголем кикс од страна на судиите во прививе 17-18 кола. Не знам како судиите им помогнале на Интер, кога од првите 5 екипи моментално на табела, Интер е екипата со највеќе црвени картони (6).