Не знам од кај ми дојде меморијава, и не знам ни што ме тера да прашувам ова, али ајде.
Вака. Ова е пред години и години (околу 2010

). У времето кога MSN беше шитот, а фб се користеше ама уште не беше толку масовен. И секад нели имаше трендови (и уште има). Се сеќавам на еден, кај што женските ставаа на статуси и топици, пишуваа боја, као „црвен“, „жолт со црно“, „бел“ и тн. И сите бевме ко wtf што се дешава? Али од негде прочури информација, испадна дека се заебаваат, пишуваат име на боја за да кажат каква боја на прслук носат у моментот. Као си праќале chain messages меѓу себе, да не кажуваат на никој и само да пишат статус за тоа, за ние машките да се чудиме. Е, тоа океј, се дозна. АМА! По неколку дена испадна нов тренд. Пак поврзан и сличен со тој, ама пак не знаевме што е работата. Овојпат пишуваа на статус некој град као Лондон, Париз, Милано, Вашингтон, што ли знам. И не дознавме што беше работата. Такада прашањето ми е, ако има некој што се сеќава на тој тренд, што знае за што се работи, нека ми пише, освен ако не сака да ја чува тајната до гроб. Живо ме занима.
И што кур ми е со вакви прашања у 4 и пол сабајле...