Здраво дечки.
Пред неколку години си ги повредив рамената во теретана (најверојатно од неправилно/небалансирано вежбање) и од тогаш до ден денес имам болки.
Бев на физикална терапија, ми правеа секакви третмани со ласери, магнети, чуда, ништо не помогна. Бев на масажи, бев на рандом-shady-човек-што-знае-да-мести-рамо, бев на киропрактичар, џабе. Направив магнетна резонанца на државна и со резултатите бев во Систина. Докторот не знаеше да ми објасни што ми е, само ми даде некои инекции и апчиња за пиење кои воопшто не помогнаа.
Пробав да одам пак во теретана претходниот месец ама после 3 дена болката стана 100 пати поголема. Прекинав со теретаната ама болката е уште тука, особено при спиење, работа на компјутер, а особено кога ќе се разбудам од спиење неиздржливо боли.
Резултатите уште ги имам па би сакал да ме упатите кај кого можам да одам на преглед, местење, операција, што и да е.
Фала!
Друже имам скоро ист проблем пред 7-8 години си повредив десно рамо во теретана когда правев пуловер едноставно ми се измести рамото. Што не пробав, исто ко ти - ништо не помагаше.
Да идеш по доктори џабе пари ке дадеш. Ке ти кажам што помага
1) треба да се смири, на рамо не даваш никакаво ама ич оптеретување. Се мачкаш со масти што се продават пробај различни, види сам што помага што не фрлај, мене ми носеа од грчка една маст незнам како се вика точно ама многу убаво ми помогна. Ке ја побарам утре ке ти пратам слика со порака.
2) од апчиња земаш витамински некој со се витамини + омега 3, ако ептен боли парацетамол аналгин или кофетин (нешто едно од тие) ама пази не претеруј,
Е сеа кога ке се смири рамото, а тоа треба да помини едно 2-3 месеци најмалку, ке си купиш од 1-2 кг тегчиња и пред вежба се мачкаш со маст што е за загревање (од тие што греат), после правиш добро истегнување на сите мускули (има по нет побарај на јутуб). И само после со тие тегчиња правиш тие основни вежби за рамења што се. Ако сакаш ке ти пратам линкови пиши ми лична порака. Ако не побарај има доста на јутуб. И така полека многу полека зголемуваш тежина. Сеа кога ке стигнеш до 6-8 кг (зависи каква кондиција си бил порано) најверојатно пак ке почне да те болат. И тогаш идеш у теретана и вежбаш само справи. Никакво железо не кревај, никакви истегнување на шипки, скелекови - се тоа заборајго, значи целта е зајакнување и вракање у кондиција.
И така со многу труд и терпение, без фурање со памет полека полека ке се среди со тоа што ти ке ги зајакнуваш мускулите на рамото. Ама не мисли тоа ке биде брзо. Мене ми биле потребни 5-6 години сеа да можам да кревам железо ама пак пазам затоа што сеа секогаш има шанса да се зезне тоа пак.
Што друго помага
1) Пливање (ако немаш болка)
2) секакви терапевски масажи сауна и слично исто кога ке се смири болката.
Инаку со два збора кажани си се заебал друже. Тоа операции демек прават ама тоа исто ти е ке треба 2-3 години реабилитација а и со нашиве доктори не би ти препорачал.