Верата се потпира на вера
, и како таква не може да биде побиена од разумен аргумент. Не постои доказ кој може да се носи со ирационалното. Лудилото никој не го приметува додека е дел од него. Бико каков рационален доказ, кој е совршено изведен од научен аспект, може да биде наречен тестирање на верата од еден религиозен човек.
Јас немам проблем со нечие лудило се додека е безопасно. Рисјанското лудило денес е припитомено. Нека си верувааш во што сакаат, и нека си ја чуваат верата за себе.
Не побиваме тука ништо, јас и ти не нудиме разумен аргумент изведен од научен аспект. Намерно така ја поставив темата баш ради тоа да не заглавуваме во такви препукувања( барем тоа ми беше намерата) .
Овде на ова тема сите се во право околу своите религиски убедувања и христијани и муслимани и будисти и сите. После не станува за тестирање на верата, тестот помина. Верата е тестирана во таа хипотетичка ситуација, доказот каков и да бил тоа завршил работа и после иди она главното. Што потоа? Како да се продолжи понатаму. Никој не спомна доказ, тој не е во преден план тука, камоли научен и аргументиран.
Една работа со која неможам да се сложам со тебе е околу безопасноста. Добар верник во било која религија ке биди добар верник. Ако верникот го земиме како бланко личност, тој кај и да го ставиш би требало да биди добар верник затоа што тој неможе да функционира без тоа. Ако најзакоравениот поборник на православието тука по некоја случајност се родил на територија на ИСИС ке биди исто така добар верник но во служба на Муахемд и обратно. Од друга страна добар и безопасен верник од една религија му е смртен непријател на оној од другата религија. Така да можеби христијанството е припитомено, но верниците како такви не се и неможат да бидат. Истите тие припитомени христијани по игра на случајот ако биле на другата страна воопшто немаше да бидат припитомени.
Барем тоа е мое мислење и добро е што конечно се вклучи во дискусијата, се надевав на многу порано, затоа што тука повеќе се работи за филозофија на човечка психа отколку за религијата, а тебе филозофијата не ти е непозната материја.[DOUBLEPOST=1451770853][/DOUBLEPOST]
Oва ти не го разбираш. Ако сум дошол до тој несоборлив доказ, тогаш не би имал никаква потреба од вер(б)а, бидејќи ќе сметам дека моето спознание е неприкосновено и апсолутно, а неприкосновено и апсолутно спознание може да има само Апсолутно Битие, т.е. Бог.
Погрешно гледаш на работите. Не дека не би имал потреба од вер(б)а туку имаш огромна потреба но немаш во што. Тоа е она битното. Како ти ке продолжиш да функционираш понатаму ако она во што си верувал испаднало дека е лага. Како си дошол до тој заклучок ке нагласам по незнам кој пат не е битно. Затоа и се работи за хипотетичко сценарио, за да неморам Јас или било кој друг да ви кажува што би можело да биди тој доказ, настан или што и да е. Тоа е ваша лична интимна работа. Сега освен ако си толку уверен дека ништо ама баш ништо неможе да ти падна напамет што би те натерало да си ги преиспиташ ставовите тогаш ке мораме да прискониме на помош и да измислуваме хипотетички сценарија за вас. Да се надеваме дека нема да дојде до тоа. Сигурно и сами сте за тоа способни.