Дилема

За да нема повеќе намерно и ненамерно одење оффтопик и во согласност со условите за повторно отворање на темата еве во кратки црти да пробам да ја доловам поентата на темата.
Значи се работи за хипотетичко сценарио каде некој верник заклучува дека се она во што верувал до дадениот момент паѓа во вода. Што го поттикнало да дојде до тој момент, каква случка, доказ или било што воопшто не е битно, битно е дека едноставно го довело до момент не да се посомнева во неговата вера туку за заклучи дека е лага. Што понатаму тој верник ке прави, како ке живее кога повеќе никој не му го чува грбот( се мисли на виша сила, Бог итн итн).
Друг многу битен момент на кој треба да се обрни внимание е дека се работи за хипотетичка ситуација а не вистинит настан, така да од никој не се бара да се преобрати, да ја брани верата и религијата на која припаѓа туку малце да ја уклучи имагинацијата и да каже што би правел при некој таков хипотетички настан. Секако ако смее и ако може.
Мислам дека е доволно јасно и нема да се оди во оффтопик како досега и нема да се одговара со прашања на прашања.
 
Чекај, мислиш какао на пример, некој Муслиман согледал дека сите злосторства кои Муслиманите ги прават во име на Бог, не може да произлегуваат од божја, туку од страната на Сатаната. Сфатил/заклучил дека таа религија е лага, па решил да прими Христијанство или некоја друга религија?
 
Или као на пример будизам или пак отфрли секоја религија.
 
Истото што и ти би го направил откако ќе разбереш ако се докаже дека жена ти(на пример)веќе 20 год е мртва, а таа седи и седела 20 години покрај тебе жива и здрава. Истата личност која се грижела и те чувала 20 години.
 
Чекај, мислиш какао на пример, некој Муслиман согледал дека сите злосторства кои Муслиманите ги прават во име на Бог, не може да произлегуваат од божја, туку од страната на Сатаната. Сфатил/заклучил дека таа религија е лага, па решил да прими Христијанство или некоја друга религија?
Нагласив дека не е битно како тој дошол до заклучокот дека она во што верувал е лага. Битно е дека заклучил дека коренот, основата на нејизното учење не е ништо друго туку еден куп лаги. Што потоа би правел не е мое да кажам, чекам да се произјаснат прозваните.[DOUBLEPOST=1451680745][/DOUBLEPOST]
Истото што и ти би го направил откако ќе разбереш ако се докаже дека жена ти(на пример)веќе 20 год е мртва, а таа седи и седела 20 години покрај тебе жива и здрава. Истата личност која се грижела и те чувала 20 години.
А што тоа јас би направил веќе кога имаш желба да зборуваш во мое име. Претпоставувам одговорот по автоматизам ке се однесува и на тебе пошто нели би постапиле исто.
 
@Frater Barrabbas @MIKI1 @SpaceTraveler Држете се до темата да не затворам пак ама овојпат казнени ќе следат.

П.С. Сите офтопик мислења ви се префрлени во темата “Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања“. Таа тема е ионака за се и сешто. Таму пишувајте дали земјата се врти, дали е плоча и тн..... Сеуште сум новогодишно расположен и нема да казнувам.
 
Последно уредено:
Значи освен разводнување, дефоксуирање и тропање празна слама од религиозните ништо друго не прочитав.
Никој нема храброст дури ни да се соочи со една хипотетичка ситуација и да се произнесе према истата. Толку бе страв ви е да не ве казни горниот.
Жално, но не и изненадувачки.
 
Еве, јас ќе се обидам да ти одговорам, иако твоево прашање е филозофско, а не религиско.

Велиш:

како би реагирале закоравените верници кога на пример би се појавил непоборлив доказ дека бог не постои. Ете на пример се појави доказ кој колку и да сакаат нема да можат да го игнорираат дека е лажен, наместен, монтиран и кој непобитно докажува дека нивната религија не е ништо друго туку ветер во магла, еден куп приказни за пред спиење.

На кој начин сме го спознале тој доказ за да го сметаме за валиден?

Epistemology.cmap

Oттука можеш да видиш дека изворите на сознанието се состојат од:

- рационализам: ВЕРУВАЊЕ дека умот е извор на сознанието
- емпиризам: ВЕРУВАЊЕ дека сетилните искуства се единствениот валиден извор на сознанието
- нативизам: ВЕРУВАЊЕ дека барем одреден дел од сознанието е вроден

Односот кон добиеното сознание е:

- скептицизам: ВЕРУВАЊЕ дека светот не може воопшто да биде спознаен
- идеализам: ВЕРУВАЊЕ дека светот се состои само од идеи
- реализам: ВЕРУВАЊЕ дека сите нешта во светот можат да бидат спознаени
- прагматизам: ВЕРУВАЊЕ дека реалноста постои но не може да се спознае директно
- објективизам: ВЕРУВАЊЕ дека претпоставената реалност е однадвор и одвоена од спознавачот
- интерпретивизам: ВЕРУВАЊЕ дека претпоставената реалност е изградена од самиот спознавач.

Кој од горниве методи на спознание за нас би бил релевантен и во кој не би изразиле никаков сомнеж, туку би биле апсолутно убедени дека е апсолутна вистина?

Како ќе дојдеме до тој несоборлив доказ? На кој начин ќе ни биде претставен?
 
Последно уредено:
Значи освен разводнување, дефоксуирање и тропање празна слама од религиозните ништо друго не прочитав.
Никој нема храброст дури ни да се соочи со една хипотетичка ситуација и да се произнесе према истата. Толку бе страв ви е да не ве казни горниот.
Жално, но не и изненадувачки.

Верата се потпира на вера :), и како таква не може да биде побиена од разумен аргумент. Не постои доказ кој може да се носи со ирационалното. Лудилото никој не го приметува додека е дел од него. Бико каков рационален доказ, кој е совршено изведен од научен аспект, може да биде наречен тестирање на верата од еден религиозен човек.
Јас немам проблем со нечие лудило се додека е безопасно. Рисјанското лудило денес е припитомено. Нека си верувааш во што сакаат, и нека си ја чуваат верата за себе.
 
Еве, јас ќе се обидам да ти одговорам, иако твоево прашање е филозофско, а не религиско.

Велиш:

На кој начин сме го спознале тој доказ за да го сметаме за валиден?

Epistemology.cmap

Oттука можеш да видиш дека изворите на сознанието се состојат од:

- рационализам: ВЕРУВАЊЕ дека умот е извор на сознанието
- емпиризам: ВЕРУВАЊЕ дека сетилните искуства се единствениот валиден извор на сознанието
- нативизам: ВЕРУВАЊЕ дека барем одреден дел од сознанието е вроден

Односот кон добиеното сознание е:

- скептицизам: ВЕРУВАЊЕ дека светот не може воопшто да биде спознаен
- идеализам: ВЕРУВАЊЕ дека светот се состои само од идеи
- реализам: ВЕРУВАЊЕ дека сите нешта во светот можат да бидат спознаени
- прагматизам: ВЕРУВАЊЕ дека реалноста постои но не може да се спознае директно
- објективизам: ВЕРУВАЊЕ дека претпоставената реалност е однадвор и одвоена од спознавачот
- интерпретивизам: ВЕРУВАЊЕ дека претпоставената реалност е изградена од самиот спознавач.

Кој од горниве методи на спознание за нас би бил релевантен и во кој не би изразиле никаков сомнеж, туку би биле апсолутно убедени дека е апсолутна вистина?

Како ќе дојдеме до тој несоборлив доказ? На кој начин ќе ни биде претставен?
И повторно .... ама како. Небитно е како. Што во случај ако.... тоа е прашањето.
Еве еден начин. Се симне Брама и ви каже..... верувате во глупости (хипотетички нормално). Или и него ќе го прогласите за протестант?
 
Еве еден начин. Се симне Брама и ви кажењ верувате во глупости (хипотетички нормално). Или и него ќе го прогласите за протестант?

Напротив. Многу е битно како се дошло до тој доказ. Како ќе знаеш дали тој доказ е вистинит или лажен? За да ја докажеш неговата вистинитост, која референца ќе ја земеш во предвид, а во исто време таа референца да не биде субјективна?
 
Напротив. Многу е битно како се дошло до тој доказ. Како ќе знаеш дали тој доказ е вистинит или лажен? За да ја докажеш неговата вистинитост, која референца ќе ја земеш во предвид, а во исто време таа референца да не биде субјективна?
И повторно .... ама како. Небитно е како. Што во случај ако.... тоа е прашањето.
Еве еден начин. Се симне Брама и ви каже..... верувате во глупости (хипотетички нормално). Или и него ќе го прогласите за протестант?
 
Еве, јас ќе се обидам да ти одговорам, иако твоево прашање е филозофско, а не религиско.
Па чим збораме за хипотетички настан тогаш нормално дека се работи за филозофско , а не стриктно за религиско прашање. Додуша и религијата е еден вид филозофија но јас не сум ни оддалеку стручен да го тупам околу тоа.
 
И повторно .... ама како. Небитно е како. Што во случај ако.... тоа е прашањето.
Еве еден начин. Се симне Брама и ви каже..... верувате во глупости (хипотетички нормално). Или и него ќе го прогласите за протестант?

Како ќе знаеме дека се симнал Брама и ни кажал? На основа на тоа што сме го виделе и чуле? Како ќе бидеме сигурни дека тоа навистина се случило, а не е некоја наша халуцинација или вешто смислена измама? Знаеш и самиот колку е лесно човечките сетила да бидат изманипулирани и колку е лесно да се измами човековото око.
 
Како ќе знаеме дека се симнал Брама и ни кажал? На основа на тоа што сме го виделе и чуле? Како ќе бидеме сигурни дека тоа навистина се случило, а не е некоја наша халуцинација? Знаеш и самиот колку е лесно човечките сетила да бидат измамени и колку е лесно да се измами човековото око.
Знам. Што тогаш трубите дека само христијанскиот бог е вистина?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom