Сите комбинации се можни, иако оваа ептен одговара на сезонава, па како понуда е најатрактивна.
Ама проблемот е друг. Овде се работи за тоа дали Бог е сезнаен, семоќен и добронамерен во онаа мера која произлегува од сезнајноста и семоќноста (демек, подобронамерен не може да биде). Е сега, тоа би значело дека некој има целосен, безгрешен увид во се` што се случило, се случува или ќе се случи, до најситен детаљ. Значи дека истиот отсекогаш знаел дека конкретна мува, на конкретно место ќе положи конкретен број јајца од кои ќе се изведат конкретен број муви. Отсекогаш знаел дека лицето К. на 15.11.2003 ќе задоцни 3 минути и 21 стотинка на работа, и дека тој и тој пар ќе има такво и такво дете и се` така до најситната замислива и незамислива не/можна поединост.
Оти нели, е омнипотентен.
Кога некој би можел да направи совршен производ, кој секогаш добро би работел, зошто би правел несовршен кој брзо ќе се расипе? А тука работата зачкрипила уште на самиот почеток, па ни Адам и Ева, ни нивното непосредно потомство не се којзнае што. За Луцифер да не зборуваме. Не е најконкретно прашањето овде дали човекот има слободна волја (иако се наметнуваат одредени заклучоци), туку дали Бог знаел како ќе се развива натаму филмот и ако знаел зошто не осмислил и снимил совршен филм, со совршено сценарио и совршени актери, бидејќи самиот е совршен.