Стравот и срамот од приоѓање е најголем проблем кај машките, особено кога се работи за први контакти и слично.
Работата е што немаш што да изгубиш. Или правиш нешто или не правиш. Сега може нема да имаш храброст за тоа, ама подоцна во животот ќе сфатиш за што зборам.
Ако го тупиш цело време и се мислиш, можеш само да и станеш досаден и пасивен, па ќе ти се намалат шансите.
Затоа викни ја на пијалак без размислување уште одма. Ќе го дефинираш како излегување, а не како љубовен состанок. Љубовен состанок звучи премногу сериозно.
Преку ФБ ништо нема да направиш никогаш. Запомни го тоа. Можеш да запознаеш некои особини на човек, но вистинското запознавање и откривање на квалитетите е секогаш во живо.
Од муабет не се плаши и опушти се. Најважно е да бидеш свој, да покажеш дека си добар и од време на време да и покажеш дека имаш смисла за хумор.
Немој да претераш со хуморот, затоа што може да те смета и за несериозен. Голем дел од девојките обожаваат дефинирани сериозни момци што знаат што сакаат и што знаат што прават.
И глупав да испаднеш пред неа во некој муабет, ако те свиѓа ќе остане со тебе. Ако мислиш дека си кажал нешто глупаво, одма заврти го на шала (па макар и на твоја сметка за да не испаднеш сељачина и торлак). И премногу сериозност не чини. Мораш да се шалиш. Така да ќе држиш некој баланс. Се што е претерано не чини.
Кога ќе се видите ќе и кажеш дека многу убаво изгледа (девојките го обожаваат тоа). Многу време вложуваат во својот изглед за да не импресионираат, и првата работа што треба да ја стори машкото кога излегува со девојче е да го пофали нејзиниот изглед.
Гледај само да не излезеш прост, пошто тоа ниедна девојка не го толерира
Првиот чекор за да не испаднеш прост е на прв састанак да и донесеш нешто што го сака (цвеќе, бонбониера, чоколадо итн.). Со тоа ќе допринесеш девојката да сфати дека нешто си се потрудил околу неа. Тоа значи дека и придаваш значение.
И многу важно и уникатно е да ја платиш сметката кај што ќе седите.
Простотилак е да дозволиш девојче да плаќа (поготово на прв состанок)
И срам и страв никако покажување. 95% од девојките не го сакаат тоа. Ќе покажеш дека си машко со индиректни гестови. Да знае да направи разлика дека седи со маж, а не со другарка.
И да се срамиш, ќе се преправаш дека си одлучен и храбар, за да не се посомнева дека се срамиш.
Ова ако го поминеш првиот пат, после ќе немаш проблем никогаш со срамот со било која девојка, затоа што срамот вистински ќе ти исчезне.
Зборување за девојки други многу многу не, и ќе ја ловиш со поглед (да примети дека вистински ти се допаѓа без да и кажеш).
Терај некој лаган муабет, каде што може да ги искажеш твоите ставови за одредени општи теми од животот, така ќе ги сфатиш и нејзините гледишта, па така и ти ќе имаш шанса да процениш дали се поклапате карактерно.
Пример теми за разговор: Храна, пријателство и лажно пријателство (нема кој не настрадал од ова, така да 100% имаш муабет таму), хоби, интереси, карактерни особини на луѓе, места на излегување, ноќен живот, филмови, човечки квалитети и особини исл.
Ни на крај памет да не си и зборел за школо, учење, науки и задачи. Јас секое машко што би зборело за тоа со девојче на прв састанак, би го убил со хебла. Изнеси ја малку од тој свет. Да заборави...
Бацување на прв состанок никако, за да не си помисли дека си запален коњ, и + селски е од одма да се бациш со некој што си го запознал првпат во живо
Ќе ја бациш во лице и ќе ја гушнеш убаво кога ќе ја испраќаш, и ќе и кажеш дека многу ти годело нејзиното друштво и дека сакаш пак да излезете.
Допирот е многу важна работа за да побудиш девојка. Затоа ќе го искористиш тоа и ќе ја гушнеш убаво.
Ќе гледаш да ја збуниш и потсвесно да и се напикаш под кожа.
За бацување тек после неколку излегувања ќе пробаш. Не смееш многу брзо, но не смееш ни многу да чекаш. Тоа ти е златно правило.
И една многу важна работа, а тоа е да бидеш многу упорен околу неа доколку вистински ти се допаѓа.
И да не ти даде позитивна реакција после првото излегување, биди упорен и не се секирај (секако не до степен за да станеш досадна стеница).
.
Не можеш да знаеш низ што поминала и што и прави неодлучност, така да мора да почекаш за да и видиш реакција.
Ако ептен не сака со тебе да излегува, ондак не те заслужува и не е за тебе.
Само биди храбар и исфрли срамови и такви ствари, пошто ако се срамиш да ја прашаш за излегување, рачунај колку ќе ти биде срам после кога ќе треба да ја бациш....
Само храбро. Ако си храбар, секоја трема и неодлучност ќе ти исчезнат.
Рачунај и таа е само човек како и сите нас. Не дозволувај да те исплашат случувањата од вечерта и да те натераат да се откажеш.
Ако се придржаваш до ова, успешен ќе станеш на сите полиња