Еве доказ од денеска,но и од друг ден.
Беше сончево до 16 часот, празник , коли на секој 6,5 минути по една ќе видиш,автобус на 36 минути.
Времето-воздухот-панорамата, дента чисто ладно без ветер и прозирно со Км (од 12 до 16ч)
Но после 17 часот, не се дишеше во Н.Лисиче кај новиот ред згради, се замаглено,не обична магла,
туку како да си во соба кај запален огин-шпорет, а кога не влече оџакот-просто враќа дим назад.
Ете така беше вечерва, а коли нема, кој друг го примети ова, но од 16-17 часот масовно се палат
шпоретите и ќумбињата во населбата Лисиче,тоа е голема населба со илјадници куќи и оџаци и сите
се греат на дрва(јаглен-ќумур не сум видел со години) но и на отпад дрва иверици и струготини.
----------
како е вечерва во другите делово на Скопје
ете кажете за центар,саобраќај нема ни таму а ни оџаци. ( 1 јануари 2016 год,)