Нема врска ова прашање со темата, онака си се прашував. Додуша можеш да одговориш за она што те прашав за сонцето. Баш ме интересира оти е тоа така.
Oстави ги ти Земјата и Сонцето. Кажи ми зошто милениуми ви беа потребни да сфатите дека ОЧИГЛЕДНО Меркур се врти околу Сонцето.
Замисли дека во далечина на 200 метри гледаш човек како обиколува околу дрво. Ти и тој човек се наоѓате во иста рамнина. Што ќе видиш? Ќе видиш дека човекот се оддалечува од дрвото на едната страна, доаѓа до некоја точка и после почнува да се враќа назад кон дрвото. Кога ќе дојде до дрвото, почнува да се оддалечува од другата страна и кога ќе дојде до одредена точка, пак почнува да се враќа назад кон дрвото.
Меркур токму тоа го прави. Се оддалечува од Сонцето на 28 степени (максимална елонгација) и потоа влегува во ретроградно движење (се доближува до Сонцето). Кога ќе дојде во конјукција со Сонцето, потоа почнува да се оддалечува повторно, но сега од другата страна, до максималната далечина од 28 степени.
Затоа Меркур може да се види само по заоѓањето или по изгревањето на Сонцето. 1 степен одговара на 4 минути.
Истото важи и за Венера. Таа е Деница или Вечерница во зависност од тоа дали се движи кон или од едната или другата елонгација.
Доколку Меркур би се вртел околу Земјата, тогаш би требало да се гледа и на полноќ и никогаш не би се движел ретроградно. Забележи дека Сонцето и Месечината секогаш се движат нанапред (проградно) и никогаш не се движат наназад (ретроградно). Што мислиш, зошто?
Каков е тој систем на движење и каков е тој геометриски нацрт во кој Меркур се движи околу Земјата, но во исто време никогаш не се оддалечува од Сонцето повеќе од 28 степени, а згора на тоа освен нанапред (проградно), се движи и наназад (ретроградно)? Спореди со движењето на Месечината (која се движи околу Земјата), која секогаш се движи нанапред, и може да се види и навечер и насабајле и напладне и на полноќ.
Па зошто тогаш ви беа потребни милениуми за да сфатите дека Меркур НЕ МОЖЕ да се движи околу Земјата, туку е сосем ОЧИГЛЕДНО дека се движи околу Сонцето (објаснето со примерот на човекот и дрвото погоре)?
Што се однесува на темата, погрешно го имаш формулирано прашањето. Ти прашуваш што би се случило ако се појават несоборливи докази дека Господ не постои и што би правеле верниците тогаш, бидејќи мислиш дека ние веруваме во Господ ради реда или здраво за готово. А не се прашуваш дека ние кои веруваме во Господ, веќе имаме докази за Неговото постоење.