Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе се отпуштаат државни службеници или вработени во државни фирми кои не се неопходни, со понудена отпремнина, како што имам слушнато веќе има околу 10.000 барања од самите вработени да бидат отпуштени со отпремнина. Ќе си земи пари ќе си чека пензија уше 5-10 години со тие пари или ќе отвори бизнис.....
Економската ситуација и проблемите се разликуваат меѓу Македонија и Србија
Паметно
 
[DOUBLEPOST=1449312262][/DOUBLEPOST]
1000w
 
Последно уредено:
Исплатени се 150 милиони евра за еврообврзницата издадена во 2005 година, информираат од Министерството за финансии.

По основ на камати од почеток на отплатата до денес се исплатени 69,375 милиони евра, или вкупно заедно со главнината 219 милиони евра.

Оваа еврообврзница е издадена пред десет години, кога министер за финансии беше Никола Поповски. Каматната стапка за оваа еврообврзница беше 4,625 отсто.
 
Колку школи, болници, километри автопат можеа да се изградат со овие 70 милиони дадени за камати, а Брутусе?
 
Да, да. Тој муабет. Веројатно не сака да падне на нивно ниво и да му рече Поповски ради тебе не изградивме уште 50 училишта не се излекуваа 500 болни и тн.
 
Чекај малку! 150мил или 219мил се исплатени? Ова математикава како во прва лекција во учебник по економија: јас на тебе ти давам 100 евра, ти на комшијата му даваш 100 евра, комшијата на мене ми ги враќа 100 евра. Колку имаме пари? 300 евра!? Пиши цели суми, не ги двој по ставки ;)
 
Чекај малку! 150мил или 219мил се исплатени? Ова математикава како во прва лекција во учебник по економија: јас на тебе ти давам 100 евра, ти на комшијата му даваш 100 евра, комшијата на мене ми ги враќа 100 евра. Колку имаме пари? 300 евра!? Пиши цели суми, не ги двој по ставки ;)
Исплатени се 150 милиони евра за еврообврзницата издадена во 2005 година, информираат од Министерството за финансии.

По основ на камати од почеток на отплатата до денес се исплатени 69,375 милиони евра, или вкупно заедно со главнината 219 милиони евра.
Ова ако ти е сложено за разбирање, нема помош.
 
Не е сложено. Различна "слика" се добива кај оние што ја "примаат" информацијата. Ако беше пласирана веста: исплатени се 219 мил по основ на обврзница издадена во 2005... имаш реакција: wow многу пари! А вака, како кај кредит: исплатени се 150 мил по основ на обврзница (и реално мн луѓе не "слушаат" понатаму), ама и 70 мил за камата. Реакцијата е: е добро де, 150мил за 10 год, ништо страшно. Ако некој "ја фати" и каматата: 70мил за 10 год...пак ништо страшно. Психолошкиот ефект е различен. Кога одиш во банка за да земеш кредит, кога ти е "полесно": ако ти речат рата е толку и толку, или вкупно треба да вратиш ххх денари? Парите се тие, доживувањето на сумата не е исто.
 
:pos:
 
Пак задолжување да се вратат стари долгови? Секоја недела две задолжување и можи да ги врати кредитите Македонија?

Државата во вторник ќе се задолжи 488 милиони евра, исто толку ќе врати за 10 дена!
декември 11, 2015
Министерството за финансии ја најави новата аукција која е закажана за во вторник наредната недела. Државата планира да позајми скоро 488 милиони евра од домашните кредитори. Според проспектите објавени на веб страната на министерството за финансии, се работи за две аукции на државни хартии од вредност(ДХВ) во износ од по 244 милиони евра. Едната е со рок на доспевање од десет години, а другата со рок од една година. Исто толку, односно 488 милиони евра доспеваат за враќање на 22-ри овој месец.

http://faktor.mk/2015/12/11/drzhava...-milioni-evra-isto-tolku-ke-vrati-za-10-dena/[DOUBLEPOST=1449824443][/DOUBLEPOST]Замисли банките не ги откупуваат повеќе ова обврзнициве или само пола се продадат, бидејќи има намалување од 500 на 270 од 100 на 73 милиони евра. Трендот оди надолу. Готови сме за во пеколот, кога го прашаа попо дали сме печени, вика реш печени сме :icon_lol:.
 
Последно уредено:
абе ова е обврзница, 0,9.1000.000.000 еур, нашата е пи*кин дим :D
http://www.glasistre.hr/vijesti/hrv...snju-obveznicu-u-iznosu-od-6-mlrd-kuna-516383

Па според планот и нашите задолжувања само во овај месец требаше да бидат билион евра заедно со овие 488 милиона, на крај ќе видиме што ќе излезе.
 
Пак задолжување да се вратат стари долгови? Секоја недела две задолжување и можи да ги врати кредитите Македонија?

Државата во вторник ќе се задолжи 488 милиони евра, исто толку ќе врати за 10 дена!
декември 11, 2015
Министерството за финансии ја најави новата аукција која е закажана за во вторник наредната недела. Државата планира да позајми скоро 488 милиони евра од домашните кредитори. Според проспектите објавени на веб страната на министерството за финансии, се работи за две аукции на државни хартии од вредност(ДХВ) во износ од по 244 милиони евра. Едната е со рок на доспевање од десет години, а другата со рок од една година. Исто толку, односно 488 милиони евра доспеваат за враќање на 22-ри овој месец.

http://faktor.mk/2015/12/11/drzhava...-milioni-evra-isto-tolku-ke-vrati-za-10-dena/[DOUBLEPOST=1449824443][/DOUBLEPOST]Замисли банките не ги откупуваат повеќе ова обврзнициве или само пола се продадат, бидејќи има намалување од 500 на 270 од 100 на 73 милиони евра. Трендот оди надолу. Готови сме за во пеколот, кога го прашаа попо дали сме печени, вика реш печени сме :icon_lol:.

Државата во вторник ќе се задолжи 488 илјади евра, исто толку ќе врати за 10 дена!
иљади пиши, не милиони

Иако и то е лош знак дека не можеме да вратиме ни 500 иљади евра, мора да се задолжуваме за пари кои ги имаат побогатите семејства во Македонија на свои сметки
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom