Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
@Beric Dondarrion
Jaс не верувам во вакви приказни
Одеднаш цели републики кои сакаа отцепување добија оружје инструктори и подршка и признавање од НАТО и еу држави, се отворија магацини поминаа колони шлепери со муниција и оружја, впловија бродови товарени со воен материјал....
случајно
 
ГИ ПЛАЌАЛЕ ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ШИРАТ ОМРАЗА

Поранешен агент на ЦИА: Потрошивме милиони долари за да ја растуриме СФРЈ

Роберт Баер, поранешен агент на ЦИА, тврди дека милиони американски долари биле потрошени за да се разбие поранешна Југославија, пишува Новости.


mkd-230185.jpg

Баер тврди дека тогаш тој и неговите колеги добиле милиони долари за да влијаат врз политичарите и да предизвикаат распад на Југославија.

„Подмитувавме партии и политичари, кои поттикнуваа омраза меѓу народите“, вели Баер.

Тој истакнува дека еден американски сенатор за време на војната во БиХ му кажал дека Сребреница ќе биде главната вест на насловните страници на светските медиуми.

„Дури ни кажа дека можеме да воспоставиме контакт со медиумите“, истакна Баер.

Овој поранешен агент на ЦИА бил уапсен неколку пати во изминатите години поради откривање државни тајни. Досега има објавено повеќе книги за американската разузнавачка агенција, за Бил Клинтон и Џорџ В. Буш.

„Во Сараево првпат стигнав на 12 јануари 1991 година. Дојдов со хеликоптер со уште тројца агенти. Задачата ни беше да внимаваме на српските терористи кои требаше да го нападнат градот. Имавме информации дека ќе се случат неколку терористички напади во градот поради намерата на БиХ да излезе од поранешна Југославија. Но тоа беше лага, нашите шефови нè излажаа. Нашата примарна задача беше да шириме паника меѓу политичарите дека ќе се случат напади“, изјави Баер.

mkd-230186.jpg

Тој истакна дека задачата траела две недели, а потоа заминал за Словенија на нова мисија.

„Целата операција траеше еден месец и го носеше називот „Вистина““, вели Бауер.

Тој додава дека во Словенија, која била спремна за независност, неговиот тим добил повеќе милиони долари за да финансираат невладини организации, опозициски партии и политичари што ќе промовираат омраза.

„Целта на пропагандата беше да се растури Југославија“, вели Баер.

Тој истакнува дека оние што ја предизвикале војната сега се сопственици на компании кои ги користат природните и другите ресурси на земјите од поранешна СФРЈ.


„Едноставно од вас направија робови. Сега мора да увезувате многу нешта од други земји, а бидејќи немате пари, ќе мора да се задолжувате. Тоа е вистината на целата приказна околу Балканот“, истакнува Баер.

На крајот тој ги повика луѓето на Балканот да не се мразат и да го заборават минатото, кое било дел од една голема претстава
Сум го сретнал овој лик во разни сериозни документарни емисии за разни акции на ЦИА во светот посебно во Азија. Се работи за многу успешен и ценет агент на ЦИА.
 
@Beric Dondarrion
Jaс не верувам во вакви приказни
Вистинснските агенти на ЦИА никогаш не би раскажувале вакви работи - тие се сериозни професионалци, ниту би правеле вакви работи
ЦИА не дејствува дирекно, туку преку соработници
Овакви задачи би можел да ги работи некаков соработник и тоа не директен на ЦИА туку на некоја организација која ЦИА ја ангажирала
А овој тип, сигурно не е ни тоа бидејќи од 1991 до денес помина 25 години. Ако некој навистина правел вакви работи 1991, тој сега би бил старец
Ова е некаков хохштаплер кој кој зне од какви причини раскажува вакви приказни

И Сноуден ли е лага ?
 
Ај да кажам дека лично сум гледал стручна книга од областа на безбедноста - што се базираше на анализа од ЦИА за “предвидувања“ за случувања на Балканот. Во книгата беше анализирано дека ЈУ ќе се распадне со крвави војни со карти каде се очекуваат судири. Убаво се сеќавам на мапа на Книнската област !
Кратко ја прелиустував, не се сеќавам дали имаше некоја карта и за Босна. Претпоставуван дека многу што студирале безбедност имале прилика да ја видат/читаат, беше за интерна употреба.
Она што мене ми падна во очи, книгата беше издадена 1980 година !!!
Може е коинциденција, нели, може Американциве имаале јаки аналитичари што може да предвидат случувања 10-тина години однапред со страшна прецизност.
 
Не е работата на предвидување. Работата е создавање одредени услови и атмосфера за одредени настани. А самите настани се резултат на работата од создавањето на тие сфери на влијание. Искуството со создавање такви работи е долго колку и самото човештво. Само радиусот на делување се зголемува пропорционално со технолошкиот напредок, и расположливите средства. Таква работа не можеш да спречиш, можеш само да бидеш подготвен и свесен за неа. :(
 
Одеднаш цели републики кои сакаа отцепување добија оружје инструктори и подршка и признавање од НАТО и еу држави, се отворија магацини поминаа колони шлепери со муниција и оружја, впловија бродови товарени со воен материјал....
случајно
ЦИА и сите други слични служби постојано ја следат ситуацијата во некоја земја. Значи и денес и секогаш постои мрежа на агенти и други начини на собирање на информации кои се собираат во центарот.
На пример додека бевме под окупација на Германците во Втората светска војна, МИ 6 и сличните служби и понатаму прибираа податоци од теренот
Ако одлучат да нападнат некоја земја, изработуваат студија и план за напад. Потоа ги организираат силите што ќе го спроведат тој план.
Тука нема инпровизации... Значи не очекувајте дека ќе најдете агент на ЦИА кој ќе оди да пука или на терен да прави ова она
 
И јас се сеќавам уште од време на СФРЈ, во 80-те години, кружеа „шпекулации“ дека Македонија нема да е во денешните граници, растурање на СФРЈ, Косово, тешки кризи... И стана вистина, а тогаш изгледаше како научна фантастика.
 
Мит - Во СФРЈ се живееше поубаво!

авторот заборавил да потенцира дека оваа статистика се однесува само на ФИНАНСИСКИ аспект. Привилегиите како безвизен режим, право на миграција и сл воопшто не се спомнати.)


Се обидовме, колку што е тоа можно, да направиме споредба меѓу 1980 и 2010 година базирана на бројки што се достапни. Времето пред точно 30 години го одбравме затоа што тоа беше година на смртта на Јосип Броз, година кога кризата веќе ја нагризуваше Југославија, но таа сé уште се држеше благодарение на странските кредити

Одвреме-навреме дежурните чувари на носталгијата кон СФРЈ и времето на Јосип Броз-Тито кај дел од постарата генерација жители на РМ педантно нé потсетуваат дека во тие години се живеело поубаво и побогато од денес, а обично како клучен аргумент за тоа се посочува дека секое лето сме оделе на одмор во братската ни Грција. Да, тука е и неизбежниот наводен факт дека во тоа време за сите имало работа и дека немало сиромаштија како сега. Колку е тоа вистина и дали таквиот впечаток за златното време на Македонија во СФРЈ (што не мора, но може да има и свое политичко влијание во денешницата) е реалност базирана на податоци или обичен мит? Пред неколку месеци, еден веќе остарен бегалец од Егејска Македонија, раскажуваше како своевремено сонувал за да избега од својата куќа во која се спиело на рогозина распослана врз земјениот под, а сега, како старец, би сакал да се врати назад, макар тоа било во истата куќа, која одамна не постои. Дали во случајот со носталгијата кон СФРЈ се работи за сличен феномен базиран на човековата потреба од своето минато повеќе да ги зачувува и глорифицира само убавите нешта, а да ги потиснува лошите, иако можеби тие се во поголем број?

значи, како што кажав погоре, се обидовме, колку што е тоа можно, да направиме споредба меѓу 1980 и 2010 година базирана на бројки што се достапни. Времето пред точно 30 години го одбравме затоа што тоа беше година на смртта на Јосип Броз, година кога кризата веќе ја нагризуваше Југославија, но таа сé уште се држеше благодарение на странските кредити (кои полека секнуваа) и на позицијата на земја отпишана од Исток, а незапишана на Запад, обидувајќи се продолжено да цица од двете страни.

Значи 1980-та е година кога привршуваат последните сили на растежот на Југославија, а сé посилно почнува кризата, па може да се смета како година која дава реална слика за стандардот на граѓаните во бившата ни држава.

„Југо“ уште не постои

Просечната плата во СФРЈ во 1980 година изнесувала 6.109 динари, што при официјална вредност на германската марка од 15,12 динари дава плата од околу 400 тогашни германски марки. Просечните расходи на четиричлено семејство изнесувале 8.284 динари. Би било неразумно тие 400 германски марки едноставно да ги трансформираме во денешните 200 евра, па ќе се обидеме да видиме што можело да се купи со тие пари, во споредба со денешната просечна плата во Македонија од околу 340 евра. Кога сме кај примањата, минималната пензија во тоа време изнесувала 1.700 динари, на која следувале разни додатоци, за да достигне 3.300 динари, или околу 220 тогашни германски марки. Под просечната плата примале дури 80 отсто од вработените, а најниско биле платени текстилците со просек од околу 4.000 динари.
Најпродаван автомобил во таа година бил „застава 101“, а цената на моделот „комфор“ во ноември 1980-та изнесувала 155.735 динари. Поинаку кажано, биле доволни околу 26 просечни плати за да се купи еден таков автомобил. Денес, со 26 просечни македонски плати може да се купи автомобил во вредност од околу 8.840 евра, што би одговарало на ново „пунто“. „Лада 160“ чинела 189.215 динари или за неа биле потребни 31,5 просечна плата, односно околу 12.000 тогашни германски марки, додека денеска за 31 просечна плата може да се купи автомобил од околу 10.540 евра (на пример, „рено клио сторија“ за 10.100 евра). Ако инсистирате на „лада“, тогаш добро би ви дошла „лада седан“, при што би ви останале меѓу 2.800 и 2000 евра во зависност од моделот што сте го одбрале. Патем, за тие на кои им недостига популарното „југо“, во 1980 година постои само најава за негово производство како прв самостоен југословенски автомобил, кој требало да почне да се произведува во декември 1980 година.

Меѓутоа, автомобилите не се единствена вредност што може да се споредува. Многу побитно е што, на пример, во таа година, според Заводот за статистика, работа барале 117.000 лица од 1,9 милион жители на СРМ. Но стапката на невработеност и тогаш била доста висока, некаде околу 23 отсто, што покажува дека и во „златното време“ кога дури и СКМ носеше одлуки дека секое претпријатие (односно ООЗТ) мора да покаже солидарност и да вработи луѓе од кои инаку нема преголема потреба (на пример, жени задолжени за варење кафе и сл.), Македонија имала проблеми од овој вид. Притоа, како што рековме, во 1980 година Југославија само се загреваше за кризата која допрва се засилуваше, за 12 години подоцна, 1992 година, во тогаш веќе самостојната Република Македонија да бидат евидентирани 190.000 невработени. Разликата од 73.000 нови невработени главно беше создадена во претпоследната деценија од минатиот век, но не толку со отпуштања, колку со неспособност на веќе атрофираниот систем да ги апсорбира младите кои стасуваа во Заводот за вработување. Денеска Македонија има околу 320.000 невработени со стапка од 32 отсто, а оваа разлика во однос на 1992 година е создадена во периодот до 1998 година, кога бројката достигна 330.000 лица и во периодот 2003/04 година кога невработеноста стигна до фантастичните 390.000 лица. Интересно е што во 1980-та работеле 419.621 лице, наспроти денешните 621.000 вработени.

Евтино, ама нема да се купи

Цената на месото во 1980 година изнесувала 138 динари за килограм јунешко без коска или околу 9 германски марки, а 126 динари за килограм свинско. Поради реакциите од населението за скапотијата, СИС на Југославија, односно тогашната федерална влада кон крајот на годината донела одлука за намалување на цените па, на пример, јунешкото е спуштено на 120 динари за килограм, а пилешкото на 56 динари. Меѓутоа, по само неколку дена месарниците останале без месо, бидејќи кланиците едноставно не сакале да доставуваат по намалени цени. Така што граѓаните можеле да уживаат во поевтиното месо, се разбира, доколку најдат да го купат, појава која често беше присутна во СФРЈ. Поради ова, македонската влада, односно Извршниот совет на Собранието на СРМ, донел одлука со која определил компензација за свинското месо од 10 динари и 5 динари за пилешкото, но тоа одвај ја поправило работата. Месото едноставно исчезнало. Инаку, денешната цена на овие меса е околу 300 денари за килограм, па наспроти 50-те килограми месечно кои пред 30 години можеле да се купат за просечна плата (поточно кажано не можеле да се купат бидејќи месо снемало), денес би добиле некаде околу 70 килограми.

За разлика од другите делови на Југославија, Македонија во тоа време имала проблем и со празните рафтови за млеко, па пред Новата 1981 година е најавена „стабилизација во снабдувањето“ со овој производ. Инаку, тогаш млекото се разнесуваше околу 4-5 часот наутро, а пензионерите веќе околу 6 часот создаваа ред пред продавниците. Постоеше период во кој можеа да се купат најмногу два литра млеко, а подобро поминуваа тие што имаа познати меѓу продавачите, кои пред отворање на продавницата им ставаа настрана уште по некој литар.
Дека кризата веќе ја нагризуваше СФРЈ сведочи и одлуката за воведување пар-непар во возењето автомобили. Тоа значеше дека заради потребата од штедење девизи, секој вторник во неделата не можеа да се возат автомобилите чија регистерска табличка завршува со парен број, а секој четврток забраната важеше за непарните броеви. При носењето на одлуката, тогашната влада, односно СИС не направил исклучок, па по реакција на автошколите во ноември 1980 година е донесена одлука според која пар-непар забраната не важи за нив, бидејќи автомобилите им биле „основно средство за работа“, нешто како машините за фабриките.

Дрва за греење - другата година

Во почетокот на декември 1980 година во Македонија завладува студ, па во Скопје се измерени минус 11 Целзиусови степени, а дури тогаш било констатирано дека „јаглен и дрва за греење нема ни за лек“. „Макпетрол“ најавил нормализација за јануари 1981 година, но само во снабдувањето со јаглен. Дека ништо подобро не било ни во другите републики, покажува 8 декември 1980 година кога поради преоптовареност колабира системот за електрично снабдување на целата земја, освен во Црна Гора и во БиХ. Тоа подразбира дека околу 17 милиони луѓе останале цел ден без струја.

Истата зима „Планика“ во Скопје почнува да ги рекламира своите детски, женски и машки чизми обложени одвнатре со нешто што личи на волна, а чија цена изнесувала меѓу 699 и 950 динари, односно меѓу 46 и 60 германски марки. Колку чинеа навистина квалитетните зимски планински чизми што се продаваа во „Словенија спорт“, за жал, не успеавме да пронајдеме.

Тие денови за приклучок за телефон се плаќаше по 1.000 марки, а значајна вест во весниците е дека за една недела во Скопје биле поставени дури 10 телефонски говорници!

Инаку, таа година, платата на Јосип Броз пред неговата смрт изнесувала над милион динари, или како што неодамна пресметаа некои српски медиуми, точно 297.619 германски марки. Платата била одредена од страна на Кадровската комисија на Претседателството на СФРЈ. Иако вредноста на динарот беше преценета и на црниот пазар беа потребни многу повеќе од 1.512 динари за 100 германски марки (речиси е невозможно да се пронајде податок за реалниот курс во тоа време), сепак, платата на саканиот маршал била неверојатно висока.

Ова би биле некои рамки до кои дојдовме и врз основа на кои може да се добие каква-таква слика за времето пред 30 години. Податоците не се соепфатни (на пример, недостигаат тие за медицинската опрема и техниките за лекување на лекарите, но тука му дадовме попуст на старото време бидејќи таа споредба би била поразителна за СФРЈ), но и тие што ги имаме, сепак, даваат можност за да се процени како се живеело тогаш, а како денес.

По една година живот плус во секоја деценија

По смртта на Тито, со Претседателството на СФРЈ неколку недели претседава Лазар Колишевски, а потоа едногодишниот ротирачки мандат го презема Цвијетин Мијатовиќ. Претседател на СИС е Црногорецот Веселин Ѓурановиќ, кој се обидувал што помирно да го истурка мандатот, оставајќи неопходните мерки за справување со кризата да ги донесе наредната влада. Него во 1982 година го наследува неодамна починатата Милка Планинц, во чие време, на рестрикциите за бензин се надоврзаа и рестрикциите за струја, кога во период од по неколку часа дневно беше исклучувано напојувањето. Од тоа време датира и кризата во снабдувањето со масло за јадење, како и недостигот на традиционалното кафе, по што профитираа шверцерите на напивката и производителите на рачни мелници за кафе, бидејќи шверцуваното од Грција или од Италија не беше мелено, туку се продаваше во зрна.

Претседател на Претседателството на СРМ во 1980 година е Љупчо Арсов, кој за 29 ноември порачува дека сме горди што живееме во Титова Југославија. Претседател на ЦК на СКМ е Ангел Чемерски. Лазар Мојсов ја има централната положба во ЦК на СКЈ.

Буџетот на Федерацијата за 1981 година во првичното гласање е одбиен поради противењето на Словенија, а Македонија немала став за тоа прашање во тој момент. При повтореното гласање, предлог-буџетот е изгласан во висина од 169 милијарди динари или 11 милијарди германски марки.

Животниот век во Македонија во таа 1980 година изнесувал просечни 70 години, додека денеска е нешто над 73 години, што приближно значи дека секоја деценија животниот век ни се продолжувал за по една година. Според овој параметар, денес ужасно лошо стоиме во однос на сите западноевропски држави, но сме подобри од речиси сите источноевропски земји, па дури и од земји како Унгарија, Полска и Словачка.

а сепак анкетите друго зборат:

skic.jpg
Има еден елемент кој се повеќе го чувствуваме, а тоа е прилив на пари од надвор, како дознаки така и туристичка потрошувачка. Тоа е инпутот кој ја поскапува потрошувачката кошница, па доваѓа до ситуација да платите не стигаат за издржуваењ на семејство, т.е. треба да работат најмалку двајца... Ова се јавува секаде во регионот каде платите се помали од платите во странство, а од каде доваѓа паричен инпут...
Инаку владее законот на понуда и побарувачка, т.е. цените се прилагодуваат на платежната моќ...Проблем е што има пари па се качуваат цените. Во ехЈу имаше доста економски проблеми, но се решаваа вештачки, со вештачки двоен курс на динарот. Кога дојде Анте Марковиќ и воспостави единствен курс и цврст динар, тоа не им се допадна пред се на србите, па неминовен беше распадот на ехЈу. Поради истата методологија, печатење пари во Топчидер, и Црна Гора излезе од третата Југославија.. А поради истата метода, печатење евра и не враќање долгови, на повидок е и распад на ЕУ..
 
Последно уредено:
Има еден елемент кој се повеќе го чувствуваме, а тоа е прилив на пари од надвор, како дознаки така и туристичка потрошувачка. Тоа е инпутот кој ја поскапува потрошувачката кошница, па доваѓа до ситуација да платите не стигаат за издржуваењ на семејство, т.е. треба да работат најмалку двајца... Ова се јавува секаде во регионот каде платите се помали од платите во странство, а од каде доваѓа паричен инпут...
Инаку владее законот на понуда и побарувачка, т.е. цените се прилагодуваат на платежната моќ...Проблем е што има пари па се качуваат цените. Во ехЈу имаше доста економски проблеми, но се решаваа вештачки, со ФИКСЕН курс на динарот. Кога дојде Анте Марковиќ и воспостави цврст динар, тоа не им се допадна пред се на србите, па неминовен беше распадот на ехЈу. Поради истата методологија, печатење пари во Топчидер, и Црна Гора излезе од третата Југославија.. А поради истата метода, печатење евра и не враѓање долгови, на повидок е и распад на ЕУ..
Значи и Македонија денес го има истиот економски проблем ко Југославија со фиксниот денар?
 
Значи и Македонија денес го има истиот економски проблем ко Југославија со фиксниот денар?
не го објаснив добро проблемот, ќе исправам ....во ехЈу беше вештачки двоен курс, динарот, кога ти ги купува доларите ти плаќаа една сума динари , а кога треба ти да купиш од банка беше 3х поскапо...пропадна голем извозник ЈадроЛинија, мораше сите долари да ги дава во Белград, а после за да плати трошоци за бродовите во светските пристаништа своите долари ги плакаше двојно и тројно... ама затоа цуте увозници, Генерал Експорт -импорт, па и нашиот Вардар увоз -извоз
 
не го објаснив добро проблемот, ќе исправам ....во ехЈу беше вештачки двоен курс, динарот, кога ти ги купува доларите ти плаќаа една сума динари , а кога треба ти да купиш од банка беше 3х поскапо...пропадна голем извозник ЈадроЛинија, мораше сите долари да ги дава во Белград, а после за да плати трошоци за бродовите во светските пристаништа своите долари ги плакаше двојно и тројно... ама затоа цуте увозници, Генерал Експорт -импорт, па и нашиот Вардар увоз -извоз
Не се разбирам нешто претерано во економијата па затоа те прашав пошто знам дека имаме и ние фиксен денар. Е сега колку што знам јас стабилноста на валутата во однос на друга валута секогаш се прави вештачки, незнам како било во Југославија али сега знам дека се врзани евро-денар.
Е сега од предходниот твој пост пишуваш нешто за невраќање на задолжувања, нешто што го има и денес Македонија...Читав некои податоци дека за време на Југославија (нејзените последни години) долгот изнесувал нешто под 15 милијарди долари. Денес само надворешниот долг е околу 1.5 милијарди евра. Со бројот на жители на Југославија тогаш и Македонија денес, со производните капацитети на Југославија тогаш и Македонија денес, мислиш ли дека ние имаме подобро позиционирана економија од тогаш? И дали според тебе е по битно државата да е богата а народот сиромашен, или пак е подобро народот да живее пристојно а државата да е посиромашна (зборувам за богата и сиромашна држава во контекст на твоите констатации погоре за задолжувања, стабилен курс на валутата и сл.)
 
Не се разбирам нешто претерано во економијата па затоа те прашав пошто знам дека имаме и ние фиксен денар. Е сега колку што знам јас стабилноста на валутата во однос на друга валута секогаш се прави вештачки, незнам како било во Југославија али сега знам дека се врзани евро-денар.
Е сега од предходниот твој пост пишуваш нешто за невраќање на задолжувања, нешто што го има и денес Македонија...Читав некои податоци дека за време на Југославија (нејзените последни години) долгот изнесувал нешто под 15 милијарди долари. Денес само надворешниот долг е околу 1.5 милијарди евра. Со бројот на жители на Југославија тогаш и Македонија денес, со производните капацитети на Југославија тогаш и Македонија денес, мислиш ли дека ние имаме подобро позиционирана економија од тогаш? И дали според тебе е по битно државата да е богата а народот сиромашен, или пак е подобро народот да живее пристојно а државата да е посиромашна (зборувам за богата и сиромашна држава во контекст на твоите констатации погоре за задолжувања, стабилен курс на валутата и сл.)
15 мрд долари бил само надворешниот долг, а тие пари сега најмалку х3 дда ги рачунаш...
Југославија со цврста и контролирана валута ќе опстанеше, имаше покана и за влез во ЕУ, ама имаше неколку тешки проблеми, големи судири по национални основи, блокади од комуњарска паразитна структура, а и ПРЕдимензионирана и прескапа Армија, 3-та во Европа
 
15 мрд долари бил само надворешниот долг, а тие пари сега најмалку х3 дда ги рачунаш...
Југославија со цврста и контролирана валута ќе опстанеше, имаше покана и за влез во ЕУ, ама имаше неколку тешки проблеми, големи судири по национални основи, блокади од комуњарска паразитна структура, а и ПРЕдимензионирана и прескапа Армија, 3-та во Европа
Па внатрешниот долг речиси и да немора да го рачунаме пошто претпријатијата се општествени, односно не се приватни. Зошто се распадна и дали ќе опстанеше е сосема друг муабет.
Поентата ми е дека Југославија де факто била Балканска Унија пред Европската Унија...Неколку сиромашни и разрушени земји со слични јазици се собрале во една федерација пред се од економски интерес и станала Југославија таква каква што ја знаеме.
Она што пробувам да си го расчистам сам на себе (пошто како што напоменав економијата не ми е јака страна), не ми е јасно како Југославија 45 години успеала да опстане со среќен, задоволен, прилично богат (во споредба со денес) народ и сл. Безразлика дали сето тоа било вештачки или природно факт е дека се живеело поубаво. Никој неможе да го побие фактот дека 80% од семејствата можеле да си дозволат барем еден автомобил (иако повеќето имале Застава, Вартбург или Лада), да отидат еднаш годишно на одмор од 10ина дена на море и 5 дена на зимовање, факт е дека можеле со црвениот пасош да одат кај сакаат, факт е дека во Италија пазареле со динари и факт е дека за соседите сме биле Вавилон!
Е сега имаме еден друг вид на економија кој сите го фалат, меѓутоа некако не функционира. ПОрано се вадевме ајде млада држава сме, 10-15 години, па беше некој крив за приватизацијата, па имаше војна еве сега сме во еден период од 15тина години во мир, но економски речиси ништо да не е сменето. Цените за живот растат, платите остануваат исти, државата се задолжува.
НА ШТО СЕ ДОЛЖИ СЕТО ОВА?
 
Она што пробувам да си го расчистам сам на себе (пошто како што напоменав економијата не ми е јака страна), не ми е јасно како Југославија 45 години успеала да опстане со среќен, задоволен, прилично богат (во споредба со денес) народ и сл. Безразлика дали сето тоа било вештачки или природно факт е дека се живеело поубаво.
Cистемот на распределба на пари и приоритети на општеството е разликата
и денешното општество му е добар и погоден на 10% луѓе кои го сркаат кајмакот, останатите се задоволуваат со ронки.
Милијарда долари во СФРЈ и милијарда долари денес различно се прераспределуваа. Замисли ни еден политичар од бивша СФРЈ не стана богаташ или сопственик на имоти и компании. Тито ги остаи децата онака како самите си се снајдоа, кој заври школо кој не. Днес е тоа поинаку, друг систем е, систем каде елитата ги граба парите, то е КАПИТАЛизам, порано имаше за сите оти беше СОЦИЈАЛизам
 
Ја одсекогаш сакав да се распадне Југославија, зашто Македонија беше задња рупа на свирали. Ја "плачев" кога видов дека македонскиот народ нема капацитет за такво нешто, Врзан со инертноста своја за Србославија, која беше тоа што преостана од СФРЈ, кенкаа што се распадна земјата, додека Словенците и Хрватите грабаа кон независност. Затоа мораа Американците да наметнат такво срамно прашање на референдумот (иначе немаше да успее). И после него Македонците сеуште плачеа некое време по србославија. Длабоко во независност, тие неколку години, сеуште имаа YU на своите коли. Уште на времето Љубчо викаше - Луѓе не е прашањето дали федерација или конфедерација, туку конфедерација или независнот, а комуњарите му викаа ти си националист - сакаш да ја распаднеш Југославија.. Тогаш место да го фатат возот, тие праеа некакви Глигоров-Изетбеговиќ платформи...

да не должам. Како човек со такви ставови можам да кажам со мирно срце дека тие денес што викаат дека у Југославија било посрање (скоро било што) од сега во Македонија, јадат гомна (тешки гомна) и ниту самите не веруваат во тоа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom