Aj ќе ти одговарам, да не кажеш после дека останав без одговор, иако тезиве што ги постирате смрдат со игнорантност, без никаква база, ниту докази.
Ова ти се празни муабети, но ако навистина сакаш да кажеш нешто, дај аргументи, некој извор, името не е некаков аргумент, барем кај албанците кои биле под секакво влијание.
Без исклучок, сериозно?
Сите тие топоними се поклопуваат со времето кога словените успеваат да ја колонизираат и таа територија, успеваат скоро цел балкан да го населуваат, со тоа преименуваат, прават нови живеалишта, ова никој не го спори. Но што има врска тоа со потеклото на албанците, тогаш немаше брз транспорт, немаше многу комуникациии, па слободно можеше во една земја да живеат паралелно повеќе народи.
Албанците беа интегрирани кај византиската империја, албанскиот јазик не се пишуваше баш по хартија, туку само се зборувал... Не бил многу институционализиран.
Кои се тие светски научници?
Секако дека има славизми во албанскиот јазик, кој го спори тоа?
10 - 20% од зборовите се славизми кај албанскиот јазик.
30% од зборовите се латински, словенски и турски се 30%, 30 % се со албанско потекло, а 10% друго.
Е интересно да се преговори околу тоа, ама малце посериозно, треба за секое тврдење да има извор или некаков аргумент, а не повторување исти постови, цело време.
Инаку веќе бидна 3 години откога побарав од секого одовде да постира историчар или некаква студија каде се тврди дека албанците се дојденци, добро, ќе чекам.
- Прв пат и дипломирав во Скопје токму со темата "Словенизмите во албанскиот јазик". И втората диплома, на Универзитетот во Тирана, ја одбранив со тема од лингвистиката. Особено во РЕЧНИКОТ НА АЛБАНСКИОТ ГОВОР ВО УЛЦИЊ ја имам обработено етимологијата речиси на сите зборови. Всушност, може да се претпостави дека, доколку Турците не дојдеа на Балканот, албанскиот јазик за не повеќе од 100-200 години целосно би се словенизирал. Српскиот, македонскиот и бугарскиот јазик толку длабоко беа навлегле во албанскиот што ја имаат преплавено не само лексиката, туку ги имаат изместено и неговата фонетика, морфологија и синтакса. Освен на значајниот културен престиж на овие јазици во однос на албанскиот, ова исто така се должи и на значителната албанизација на не мал број Срби, Македонци и Црногорци, особено оние веќе претходно исламизирани. Како што е познато, Албанците имаат силно развиена моќ на асимилација. Дека тие во добар дел се по потекло Срби, Македонци или Црногорци, сведочат и нивните патроними, презимиња, а многумина од нив и ден-денес дома си го зборуваат словенскиот јазик. Во Албанија има цели региони долж границата, особено кон Македонија, населени со компактно словенско население, кое е побројно дури и од, да речеме, Албанците во Македонија.[DOUBLEPOST=1450262221][/DOUBLEPOST]
Една од заблудите, за жал, се чини некако премолчно прифатена и надвор од Албанија е т.н. монолитност на албанската нација во Р. Албанија во која наводно живеат 97-98% етнички Албанци, за што претходно нешто веќе кажавте. Каква е, според Вас, реалноста на тој план во Албанија?
- Кога Албанија е прогласена и призната за независна држава (1912-13) нејзиното население изнесуваше 700.000 жители од кои едвај 50% беа Албанци, додека втората половина беа Власи (околу 20%), Словени (Македонци, Срби, Црногорци, околу 15%), Грци (околу 5%) и други (Турци, Роми, Черкези, Италијанци, Евреи и др., околу 10%). Со текот на времето, најмногу насилно, со негирање на сите национални права, па и правото да зборуваат на својот јазик на родните огништа или да го носат своето национално презиме, тие во извесна мерка се асимилирани. Но, и покрај таквата присилна албанизација, во Албанија и денес над 30% од населението зборува на неалбански јазик и ја чува својата неалбанска национална свест, иако се регистрирани како Албанци зашто поинаку не им се дозволува. Неалбанското потекло на жителите на Албанија е очигледно и од нивните пезимиња: Белло, Блусхи, Богдани, Буда, Буди, Дида, Добраци, Драговоја, Драгусха, Хавери(ќ), Каписузи(ќ), Мекси, Милани, Милосхи, Мојсиу, Музака, Најдени, Пеку, Прела, Рука, Силиљ, Скура, Схунди, Зиу и многу други.