Имав папагали пред 4-5 години а последниот воедно беше и толку стар. Кога го изгубив не ни помислив да зеам пак.
Е сега читајќи ве многу ми се врати желбата, само имам неколку прашања.
Не сакам тигрици, колку коштат нимфите и розеколинсите? Мал ми е кафезот, па со кафез адекватен за нив ќе поминам ли со 50 евра? Да напоменам не сакам мирна птица, можам да ѝ посветам комплетно внимание, и сакам да ме замара. Друг проблем ми е што немам греење у соба, знам дека одприлика се смета дека треба да се чуваат на собна температура но јас живеам за зима и не би греел соба само за него. Сношти го посетив пет шопот у мојот град и немаше никакво греење, плус очај изолација, стари врати и прозорци. Да го чувам во други соби нема да можам да го замарам толку и ќе кисне у кафез. Тука стално ќе го пуштам, ќе го тренирам пошо последниот само до мене си седеше и сакам пак таква врска. Би било ли проблем 5 степени за него. Тие сношти шо ги видов немаа нешо проблем.
И друго, тука сношти шо ги видов имаа само 3-4 нимфи и 10тина тигрици. Дали е возможно да се изврши некако испорака? Знаете ли слични случаи? Или ја директно треба да идам у некоја кутија да си го земам од Скопје рецимо?