Реков еднаш, ќе речам пак, со отворени очи ми е вештачки, неприродно. Со затворени е каде - каде поголемо уживање. Си се внесувам во бакнежот, убаво ми е така.
Инаку, еднаш, со еден дечко со кој идев тогаш, додека се бакнувавме случајно отворив очи и видов дека погледот му лута којзнае каде. И не се осетив ни најмалку пријатно, ама се напраив дека не сум приметила ништо, си ги затворив очите и продолжив со бакнување. Сепак ми падна многу глупо. Делуваше како да му е досадно, па гледа дали ќе види нешто интересно.