@NomoregameS Де брат појасни кој темели ги постави ЛВГ, не напаѓам или провицирам туку чисто онака муабет правам.
Ѓубрето го исфрли ѓубри купи, со исклучок на некои играчи. Дармиан е просек играч и секоја утакмица прави жолт, Депај се изгуби, Шо со нога скршена нога поима немаш како ќе игра кога ќе се врати( дај боже да биде како Ремзи наш само он на негова позиција), Руни не е тоа што беше поради тоа што остаре(не до толку) и сега уште побрзо ќе се здебелува за време на летни паузи, Швајни е стварно класа играчиште ама на 31 година го купуваш уште колку очекуваш да игра?
Керик е исто стар.
Ерера според мене им е најдобар играч во цела средина он го пушта еднаш во 5 утакмици.
За Блинд лани испадна статистика дека секогаш топката ја дава лево или десно кога игра дмф, а и како дмф играч не е играч за тим како Манчестер.
Рохо една игра 50 не игра.
За Фелаини мислам дека нема потреба да правам муабет.
Ди Мариа и они незнаат за што го купија. Онака колку да вртат парите.
Единсвени добри потези што ги направи му се: задржувањето на де Геа, Смолиг што го направи играчиште, Шнајдерлин и Марсијал.
Фрлија во вода преку 300милиони, купија на секоја позиција по тројца играчи и пак ништо не направија.
Летово они требаше да си запнат за Отаменди па дури и 2пати да го преплатат барем во одбрана наредни 3-4 години да им биде мирна главата. Вака сега пак мораат да му бараат партнер на Смолинг.
Според мене само ДМФ позиција им е решена на долгорочен план.
Може грешам може не, ќе видиме на крај на сезона.