Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ја мислам дека треба малце повеќе минутажа на Габриел да му се даде, бар сеа у недела против Вила нека стартува. Јес да праи многу глупи грешки ама па и Кош нели праел глупости првите сезони :D
 
Зошто замена за Пер? Ги имаме Габриел и Чемберс. Мислам дека треба повеќе да се форсира дуото Косчелни-Габриел и нивна замена да бидат Пер-Чемберс.
 
Венгер му го промаши тимот на Гнабри. Детето не е за во тим кој 80% од времето се брани. Малиот е офанзивен играч, а е пратен на позајмица кај менаџер кој гледа само дефанзивно, затоа и не е на клупа. Требаше да го пуштат негде во норвич,вотфорт, некој таков тим.
Јас затоа и барам да го повлечат и подобро ќе биде кај за нас да игра во фа-куп.
 
Никогаш нема да даде 40-50 за Стоунс Венгер, никогаш.
Иначе пред месец дена на прес кажа Венгер дека не можат да го вратат Гнабри, таква била позајмицата... Една година без право да го вратат кога сакат.
 
Мене единствена мана кај Џоел ми е што малце ја користи десната нога. Дечкото кога и да играл за мене бил во топ3 играчи на терен. Значи и да ги ставиме головите и асистенциите настрана, пак ми е ѕверче. Покрај добрата техника, експлозивен е, тешко губи топка , солиден во линк ап играта, добар финишер, јак шут, одлично асистира. На Окс 100% му го зема местото, сега Тео му е конкуренција, но јас би го играл и пред него, зошто така би немале замена шпиц пд клупа, а и сакам повеќе напред да го гледам Тео одколку на крило. Со повеќе минутажа мислам дека и ќе добие уште поголема самодоверба и ќе расте неговата форма.

Гнабри ти е супер талент и покажа добри игри, кога му се даде прилика, но најверојатно после повредата цела година стагнирање, тешко му е да се врати во форма. Венгер кажа дека ќе остане до крајот на сезоната во ВБА и ќе треба да се потруди да му го смени мислењето на Пулис за него, па да почне да игра.

И да, во Јануари клучно е да се зема деструктивец, нешто што требаше уште на лето да се пазарува. Незнам колку поени ќе не коштат Фламини, Артета и Чемберс ако останеме со нив.
 
Многу голема желба ми е Стоунс да го видам кај нас, прејак е малиот, има 21 година, а дефанзивна интелигенција на ниво на Пер.Кој ќе го купи тој играч раат ќе биде наредните 10 години.
Чемберс ама ме израдува со првите негови настапи, кога имавме криза во дефанзивата, си реков дека неизбрусен дијамант купивме, а он тежок преварант испадна маме му ебам.
Па не ме ни чуди што е тешка катстрофа во последно време, најдобар другар му е Окс, газат со селфињата...
 
Последно уредено:
А сте го глеале Гнабри или онака само да се збори ?
Гнабри у првиот настап за Арсенал, против Свонси даде гол и имаше после тоа ако не се лажам уште неколку добри утакмици. Беше долго време повреден и сигурно му е опадната формата, ама од Кембел е сигурно подобар.
Во ВБА и Берахино грее клупа како шо можам да приметам, значи и Берахино е тапа играч ?

Шо е тоа добро шо го покажал Кембел па шо заслужил да игра ете пред Гнабри ?
За волејот против Норич шо го утна заслужил ?
Ај со Сандерленд не ја глеав баш многу убаво утакмицата и не можам да кажам дали играл добро цела утакмица или само голот му бил светол момент, за у средата изигра добро и не можам да кажам ништо лошо за средата, ама дечкото е многу многу многу спор, ете у таа ситуацијата кај пречката на Фламини имаше огромна предност а дефанзивецот на Олимпијакот испак го стигна, и не е само таа ситуација имало и многу други ситуации кај што неговата брзина ни ги усерувала акциите.
Ако ги споредуваме играчите по тоа кокава минутажа добиваат кога се на позајмица и Кембел не знам дали баш се изнаигра во Виљареал.

Не се некоја голема разлика со Гнабри, ама кај Гнабри глеам поголем потенцијал него кај Кембел.

И нигде не реков дека Гнабри го гледам како првотимец, ама во оваа ситуација во која што сме сега попрво би го играл него отколку Кембел.

I Penant na debito dade het trik pa posle si jazaboraj kolata voZaragoza na parking. Sedi zhiti se.
 
Вилшер според мене премногу рано беше воведен во првиот тим на Арсенал.
Требаше уште сезона-две да иде на позајмици по помаливе ПЛ клубови. Во Болтон газеше, главен играч им беше.
 
Вилшер според мене премногу рано беше воведен во првиот тим на Арсенал.
Требаше уште сезона-две да иде на позајмици по помаливе ПЛ клубови. Во Болтон газеше, главен играч им беше.

Таман си беше воведувањето во прв тим, ептен му го погодија тајмингот.
Проблемот е што на 18год изигра 40+ итакмици по 60+ минути. Многу малце деца можат да издржат такво ниво. Треба да имаш физикус како на Лукаку за да можеш да издржиш такво нешто.
 
I Penant na debito dade het trik pa posle si jazaboraj kolata voZaragoza na parking. Sedi zhiti se.
Пa не е сaмo гoлoт прoтив Свoнси, Гнaбри и пoсле тoa дoбрo игрaше и спoред мене ќе беше пoдoбрa oпцијa oд Кембел, aмa имaше дoлгa пoвредa и сегa сигурнo мнoгу му е пaднaтa фoрмaтa.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Нема да ме чуди ако во недела против Астон Вила го видиме новиот Бускетц а.к.а Чемберс во акција.
Го гледам дава изјави што требало да поседува еден ДМФ, во последниве две недели за младинците има играно на таа позиција.
 
Јас немам некое лошо мислење за Чемберс како дмф играч. Лошо игра во последниот ред, ама дмф не беше толку лош. Не беше Кокелан, ама па поарен ми изгледаше од Фламини.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom