Model tv - македонска телевизија за мода

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.457
Поени од реакции
8.651
Возраст
34
11794049_480801072084183_3172300624547082003_o.jpg
Официјално ќе започне со работа, првата специјализирана телевизија за мода, модни трендови и модна култура – Модел ТВ.
Tелевизијата најпрво ќе започне да емитува програма на www.model.mk и ќе функционира како интернет телевизија, за во следниот период да започне и со терестријално емитување во република Македонија. Главниот фокус на телевизијата е да ги следи и обедини модните трендови во Македонија, македонските модни креатори, стилисти и сите луѓе кои работат во модниот бизнис. Модел Тв ќе продуцира емисии во сопствена продукција,ќе изработува едиторијали и фотосесии, како и кратки модни филомови.

Таа ќе ги промовира и прикажува нашите убави македонки и македонци, ќе ги презентира најновите креации на нашите реномирани и потенцијални модни креатори, a воедно ќе ги промовира вредните и квалитетни модни работници – Стилисти, фризери, мејк ап артисти и др. Во фокусот на Модел Тв ќе бидат и познатите музички имиња од земјава и регионот, докажаните и идни театарски и филмски ѕвезди, урбани херои и познати фаци.

Целта е да се обедини модната сцена во Македонија и заедно да го изградиме и подигнеме нивото на модната култура кај нас.
Тимот е составен од млади ентузијасти, познавачи на модата и модните случувања, а веќе безрезервна поддршка има и од сите познати и признати модни дејци од земјата.

Еден прилог од телевизијата за FWSK
 
Последно уредено:
И јас се надевам дека ќе се емитува и терестријално, затоа што на интернет многу малку ќе ја гледаат. Пред неколку месеци се појави и Бла бла тв кој е исто преку интернет но можам да замислам колку е малку гледан, затоа што преку интернет мал круг луѓе знаат дека постои, тие што знаат се некој кој им кажал или виделе реклама на интернет.

Фала богу на некој му текна да направи специјализиран тв канал после информативниот 24 вести и оној обид на Џангл тв како канал без политички емисии и вести кој заврши со згаснување. Еве се најавува и уште еден информативен канал кој ќе почне уште од старт терестријално во почетокот на 2016 година.

Туку супер е и ние да имаме канал за мода.
 
Последно уредено:
Се согласувам било каков канал да се отвори во Македонија. Јас би сакал и да отворат една музичка телевизија која ќе врти популарни македонски и светски музички хитови, нешто како VH1, Hayat Music... но би било одлично повеќе да се отвараат специјализирани ТВ канали за филмови, серии, музика... Останува да се надеваме на уште новини. :)
 
Убаво е тоа што на некој му текнало да основа ваква телевизија, зошто реално на нас ни фалат телевизии/канали. Но јас мислам дека нешто посебно нема да биде гледана, од проста причина што не сме таков народ што го интересира мода.
 
Да не го интересира мода народов во Македонија немаше да гледаш на улициве млади згодни девојки па и мажи добро модерно облечени, немаше трговскиве низ државава да вријат од брендирана роба, немаше да се организира fashion week секоја година.
 
Последно уредено:
Овие ќе згаснат уште пред да почнат. :D
Зошто мислиш дека ќе згаснат брзо ?

Мене ми е само со телевизијава да не исливаат одма на површина таквите некој манекенки и стилисти кој се чукаат во гради дека се којзнае што во државава, дека којзнае колку успеале во животот од работање со мода.
 
Се` убаво ова за телевизијата, но дека терестирајлно ќе тера подоцна телевизијата, тешко. Многу тешко.

Се знае, терестријалното е ограничено, односно мултиплекси има со одредени фрекфенции кои се природен ресурс и е ограничен. Да беше толку лесно терестријално да се тера, до сега ќе имавме повеќе од 5 национални (терестријални) канали и само три (+ три во HD) од Мрт каналите. Регионалните не ги чепкам, тие се поинаку. Секако, од осум, само седум се искористени. Осмиот можеби и нема да биде ни користен некогаш, туку ќе биде можеби пренаменет за 4G интернет или нешто такво.
 
Кој ќе гледа телевизија за мода бе, сериозно... Фешн ТВ се гледа само по кафичи ради топ моделите, не па македонска телевизија за мода. Имавме и музички, па и тие не опстанаа. Држете си се до сајт, јутуб канал - друго џабе ќе биде трудот.
 
У кафиќи Фешн ТВ барам да мењаат, не дома да ги гледам. :D
 
јас кликнав дислајк прв значи прв на видеото на јутуб, брату мој. :)
 
Се` убаво ова за телевизијата, но дека терестирајлно ќе тера подоцна телевизијата, тешко. Многу тешко.

Се знае, терестријалното е ограничено, односно мултиплекси има со одредени фрекфенции кои се природен ресурс и е ограничен. Да беше толку лесно терестријално да се тера, до сега ќе имавме повеќе од 5 национални (терестријални) канали и само три (+ три во HD) од Мрт каналите. Регионалните не ги чепкам, тие се поинаку. Секако, од осум, само седум се искористени. Осмиот можеби и нема да биде ни користен некогаш, туку ќе биде можеби пренаменет за 4G интернет или нешто такво.
Ако не вака тогаш како оние Aрт, 21, 24 вести, Шења... или ако имаат можност преку сателит.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom