Тетово и Лисиче уриваат рекорди во загаденост
09.12.2015 | 10:36
Македонија
Прочитано: 1297
Според податоците од Министерството за животна средина за квалитетот на амбиенталниот воздух, утрово високо ниво на загаденост со ПМ честички е регистрирано во Центар, Карпош, Битола и во Тетово.
Тетово и скопската населба Лисиче, рушат рекорди во загаден воздух. Мерните станици, во Тетово во текот на вчерашниот ден покажуваа дека воздухот е загаден 17 пати повеќе од дозволеното, додека во Лисиче воздухот е загаден 10 пати повеќе од дозволеното.
Груевски, твоите деца не живеат овде?
|
седумметарска правосмукалка на смог, во вид на кула, која работи на база на јонска технологија. Кулата, која е промовирана во Ротердам, има капацитет да прочисти 30.000 кубни метри воздух за еден час, не работи на струја, туку на одржлива зелена енергија (ветер). Јонската технологија прво го филтрира воздухот, а потоа во вид на меурчиња без смог го
враќа чистиот воздух надвор.
Но, иновацијата не запира тука. Студиото на Росгард од собраниот смог прави дијамантски накит од компресиран јаглерод. Првите примероци на овој накит веќе се на продажба, а кулата, која е подвижна и ќе ги посети најзагадените градови, веќе е резервирана од градот Пекинг, најзагадениот град во светот.
- Уморен сум од чекање на политичарите. Сакам да го решам проблемот сега! - порача Росгард. (видете го видеото
тука)
Иако Росгард јавно не открива колку чини целата кула, се знае дека цената на користените филтри е од 1.600 до 118.000 евра. Ситница, во однос на тоа колку проголта „Скопје 2014“.
Како и да е, можеби овој чистач на воздух нема да ги реши сите проблеми, но вреди да се проба. А со оглед на тоа колку смог имаме, кај нас ќе цвета производството на дијамантски накит и ќе станеме дијамантски рај на Балканот и пошироко. Инвестиција, глава боли. Кој ќе си купи такво парче, ќе знае дека придонел за прочистување на 1.000 метри кубни воздух. Е па Груевски, што чекаме?[DOUBLEPOST=1449660006][/DOUBLEPOST]Во текот на ноќта најзагадено било во Тетово со измерени 798 микрограми, во Лисиче 559, Центар 384, Карпош 350, Битола 304, Кичево 283, Гази Баба 273 и кај Ректорат 202 микрограми на метар кубен.