мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 19.198
- Поени од реакции
- 23.729
Поттикнат од овој филм
се најдов во дилема како би реагирале закоравените верници кога на пример би се појавил непоборлив доказ дека бог не постои. Ете на пример се појави доказ кој колку и да сакаат нема да можат да го игнорираат дека е лажен, наместен, монтиран и кој непобитно докажува дека нивната религија не е ништо друго туку ветер во магла, еден куп приказни за пред спиење. Со еден збор една голема лага. Каков доказ тој би бил не е ни битно толку, секој за себе нека си претпостави што би било тоа, повеќе ме интересира како би реагирал на тој доказ. Тоа е мојата дилема. Јас искрено неможам да си замислам како некој закоравен верник би реагирал кога би се нашол пред таква ситуација која поништува се во што претходно верувал, не дава ни малце надеж за тоа што верувал, ни тронка сомневање дека доказот е невистинит.
Е пошто тука нема недостаток на закоравени верници од повеќето религии бујрум да ја разрешиме оваа моја дилема.