ИКИ е студиска насока која постои од 2005 на ФЕИТ. Кога во 2010 се создаде ФИНКИ, ИКИ и ИНФО заедно со институтот ИКТИ(еден од двата инститиути што се споија и го создадоа ФИНКИ) и целиот кадар што раководеше со институтот и студиските програми преминаа на ФИНКИ. Во 2013 ИКИ и останатите смерови беа реформирани по нова програма. КНИ пак е насока која постои од 2011 со почнувањето со работа на ФИНКИ и е смер кој е создаден од ФИНКИ ( не е пренесен како ИКИ, ИНФО, АСИ и тн). За тоа кој е подобар е тешко да се каже но дефинитивно двата смерови се водечките на ФИНКИ и во исто време најтешките. КНИ важи за целосно софтверски смер во кој најголем акцент е ставено на програмирањето, додека ИКИ има поширока теориска и инженерска основа, односно покрај програмирањето од софтверскиот дел има застапено и мобилни апликации, компјутерска графија, напредни кориснички интерфејси, оперативни системи, мрежи и интернет итн. Покрај тоа насоката ИКИ зафаќа еден помал дел од физичката работа на компјутерот и градбата на компјутерските системи, дигитална електроника, логички кола, телекомуникации и пренос на податоци...со еден збор има малце и од хардверскиот дел што според мене е многу добро за подобро разбирање а компјутерските науки. Тоа е бидејќи сепак ИКИ предходно бил на феит и тоа се како еден вид остатоци од електротехника/ електроника/ дигитални системи ( многу битен дел за да се разбере компјутерското инженерство во целина )... Значи да се резимира, КНИ е по специјализиран и понасочен исклучиво програмерски смер, а ИКИ е смер во кој целосно се изучува компјутерското инженерство, малку по широк и по инженерски смер.