Нови цени на ЈСП, бесплатен превоз за студентите

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум за бесплатен превоз за студенти секој ден ...и еве зошто:
(не велам дека не треба да има барем 3 до 4 дена за оние кои навистина имаат потреба)
Ми се кења од колку многу студенти го злоупотребуваат ова. Значи буквално има некои што само по статус се " редовни студенти" а никогаш се немаат појавено на предавање или пак на факултет. Ќе дојдат до факултет, идат на кафе. I know this shit, затоа што сум студент.
Други проблеми нерешени еден милион.
Мензите празни, бонските празни. Да нема вода или леб да купиш. Да чекаш по 1 час да дојдеш на ред во менза за јадење и да ти кажат нема повеќе ...ќе јадеш од тоа што има останато од сабајле. Со ладна вода да се тушираш е океј. Парно по цел месец да нема е факинг нормално.

Единствено нешто кога се менува е кога ќе дојде пред изборен период. Тогаш можеш да најдеш и од пиле млеко.


Доста е.
 
Добро е студентите да имаат превоз, ама не целосно бесплатен. Цената на превозот би ја ставил во самата партиципација која ја плаќа студентот.

Инаку, каква порака се плаќа до идните носители на општеството, заслужиле да се возат бесплатно само затоа што се студенти? Одамна не е некој успех да се биде студент во Македонија. Дека ќе добиваат нешто бесплатно затоа што биле студенти? Лоша е таа порака кон младината.

Од друга страна, автобусите за избори што разнесуваат гласачинаваму/натаму сега се комплетно легални и ќе бидат финансирани од државен буџет. Покажуваш индекс, и тоа е тоа. А пак, индекс + овие лажните лични карти, кое комбо ти е тоа човече. Згора на тоа финансирано од државата.


:icon_lol:
 
Еднаш излезе нешто добро за студентите и плукате, значи има 1 куп страшно заебани проекти, се градат 1 куп споменици од кој никој нема да има корист за кој е оправдано секој да се буни бидеќи македонија нема некоја си корист од тие споменици, наместени тендери преку кој се крадат милиони и сл. Од тоа што студентите ќе се возат без пари нема да пропадни државата за студенти од другите градови кој студираат во скопје стварно му менуваат тие 1000 денари и тоа многу, барем студентот има работа некогаш да излезе од дома/студетски да појди до факултет или да прошета малд е, кој к*у се возат старците без пари? баш овие од скопје земаат страшни пензии па уште и му ги поткревааат и денар ебан да не дадат за ЈСП од тоа оди државата во пропаст од студент не можи да оди, вака или така студентот ќе ги врати парите ќе платат годинава 500 наместо 300 за оштета, 1000 за користење на тетратки и уште 1000 за административна такса... и уште 1000 за Х причина ;)
 
Честито ново задолжување. Само напред со мега проектите. [emoji16]

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Ова му доаѓа како прај глупости цела година, лажи, кради и оп иде велигден, одиш во црква палиш свеќа и простени ти се сите гревови...
 
Не, туку во иднина ќе го вратиш 1200-300. Поентата ми беше дека ваквите проекти водат кон продлабочување на долгот. Штетата е направена, направен е огромен долг, иако за тоа не сакаат ни да се спомне, лошо ќе влијае за нивната позиција. Треба да гледаме како тој долг да не се зголемува, а истовремено како да го отплатуваме. Инаку, сценарото Грција кога-тогаш, ќе дојде. Евро-обврзница на 10 години од 500 милиони евра (не знам точно на колку години беше, така да карикирам). После 10 години ќе земеш кредит за да ја враќаш главнината (патем кажано, каматната стапка расте ако институциите од кои позајмуваш знаат дека ти позајмуваш од нив за да исплатиш стар кредит). Немаше ништо лошо да кажам за проектов ако за тоа имаше доволно пари во буџетот. Можда и ќе имаше, да немаше некои други проекти (добро знаеме кои се). Битно нашиот Буџет е во добра кондиција, ама зимаме заем за исплаќање на тековни расходи (плати и пензии). За капитални расходи да не правам муабет...
автобусот вози по Возен Ред... и празен и полн... тоа е цаката... ќе бидат пополни автобусите... Но нешто не објаснија, најавено беше дека од 01.01.2016, бесплатните 4 дена во неделата за пензионерите ќе важат и во приватните автобуси...Дали исто ќе биде и за студентите ??
 
преродбата продолжува - се задолжуваме , реализираме ...............а од кога владата ќе почни самата да го плаќа патот до ЕУ,САД,Австралија на својата младина во еден правец ?
 
Типична вмроовска манипулација кај беа 10 год со курот не мрднаа, на секој избори само пензионерите ги тинтреа дури сеа им текна за студентите, бесплатен превоз голема работа, а за документи и испити плус зголемен трошок, усрани се
 
Мерката е мачкање пред избори, да не добие некој глас повеќе, а не реално решавање на проблемите на студенти.
Колку само проблеми може да се решат пред да се донесе оваа мерка, што од сообраќајна инфраструктура, што јавен превоз, што од студентски домови (останати од комунистите), што од исхрана у мензи и ред други работи.
И на запад имаат студентите вакви бенефиции, ама домовите им се подобри од нашите живеалишта.
 
Точно. Вистината е дека од 1 јануари 2016 ќе има бесплатен автобуски превоз за студентите.
вистината е дека го чека ќорка па мора да се додворува со вакви митења кај гласачи..готов е и не му поминува..јасно им е на сите дека пред избори и дуп* е се дава ...
сите приоритетни слоеви кај што може да се ували таму ќе проба со разни проекти,ветувања и што ти не...џабе му е...касно е..утре е среда
 
ПОГОЛЕМА ДОСТАПНОСТ ЗА СТУДИРАЊЕ?? Која бе? Што отворија дисперзирани студии на секој чекор? Што и ќоро и сакато е факултет. Што другар ми на таков факултет има давано за крв за да положи испит. ТОА ЛИ Е ПОГОЛЕМАТА ДОСТАПНОСТ?
Убаво ти рекоа . Оди живеј у Стив. Оди види ја мензата. Оди види ја празната бонска продавница. ПРАЗНИ!! Нема леб да си купам од мензата ми кажуваш тука за ваучери курци палци. За 8 000 денари , таа ли е цената за која треба да ме купат?

Aman be ova seriozno?! Jas koga studirav 2003-4 imase od pile mleko vo Goce.
Prodavnicata bese nonstop polna, bife, menza, nemase so nemase za jadenje.
 
Нема ништо бесплатно, друг ќе го плаќа само. Што е најлошо у принцип.
 
Сендвич и сокче се опиплива, материјална категорија. Достоинство? :icon_lol:

Јас одбивам да поверувам дека студентите се на нивото на пензионерите, иако имам доста напишано против студентската популација во Македонија.

Толку ли сме народ без кичма? Страшна работа, навистина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom