Доста со комари...
Да се вратиме на работата...
Со овај "кикс"Веспрем речиси сигурно се простија од првото место..
Вака единствена екипа шо можи да го загрози ПСЖ на прво место е Фленсбург,и најверојатно дуелот во Париз ќе реши многу дилеми..
Моша Илиќ уште еднаш се покажа како клучен играч за Веспрем,без него нема игра,нема шутеви од лева страна,едноставно е вистинска локомотива на Веспрем,не дека и денес беа лошо,напротив изиграа солиден меч,посебно пикерите,ама некако потфрлија од бек,фалеа тие шутеви на Илиќ..
Слишковиќ уште еднаш се докажа дека не е сеуште зрел за поголема минутажа,посебно против големи голмани како Ландин..
Фалеа и тие пробиви на Шема,иако имаше некои моменти стариот,но не довлно,и Палмарсон многу слабо изигра,освен неколку потези речиси ништо не видовме од него...
Мораше Веспрем да го искористи тој поклон бе,не смеаа да испуштат меч кога Кил како никогаш досега не бил толку слаб на бек..
Дувњак аут,Кањелас аут,шо треба повеќе?
Не памтам кога имале помизерна бековска линија од оваа денес,а ги пратам преку 15 години редовно..
Како телетабиси беа и Мамелунд и Вујин....
Која смеа беше Мамелунд денес...
Колку беше уплашен како некое дете беше.....
Како шлемот на Александар Македонски е во косата
,во истоимениот филм во кој главната улога ја толкуваше Колин Фарел..
Дури и жал ми беше да го гледам Кил во прво,за грев беа...
Вујин,хаха,тој па тој,леле мори мајко
колку беа изгубени овие двајца,ако не беше Дисинџер колку толку да ја држи таа бековска тројка немаше ни 5 гола цело полувреме да дадат...
Во второ со Мамелун каде му е местото(одбрана и никако понатаму од клупата на Кил)
и со Вајнхолд како среден се стабилизираа малку и колку толку личеа на нешто,иако се изнамачија за секој гол..
Немаше брза транзиција,а и таа шо ја дозволи Веспрем брзо ја убиваше со стпирање на нападите....
Едноставно ги уништи таа страшна четворка на средина,ШУК-ЛАСЛО-РЕНАТО-ТЕРЗИЌ...
Чиста среќа за Кил шо шутевите од место на Дисинџер и Вајнхолд влегоа,иначе како шо немаа никаква позициона игра толку ќе беше...
Десната страна целосно аут,а и тие топки шо ги добија Шпренгер и Екберг ги промашија..
лево Дамке доби повеќе топки,нешто даде,но и доста промаши,посебно тие високи шутеви сите му ги скина Мирко...
На крај повратникот Доминик Клајн кој влезе во последните 5 минути,кој не играше речиси цела календарска година го реши мечот со една полуконтра и сигурна реализација..
Веспрем си е сам виновен овде.водеа на неколку наврати и со +4 ама џабе,кога дозволија Кил да се врати,посебно паднаа на крај,кога немаа веќе идеја,топки до пикер не одеа лесно,а и Ландин влезе во серија и ги реши..
Навистина штета за Веспрем,продолжува проклетството,немаат победа во Германија од 2004(на лигашки дуел мислам,на Ф4 остануваат со таа победа лани против Кил во Келн)...
Се извади Кил,и најверојатно е четврт,и сигурно е најпосакуван ривал за сите од другата група,тој шо ќе го добие овај Кил го фатил џек потот....
Фленсбург лесно со Турците,иако до кај 45 се играше гол за гол,после Швабите додадоа гас и брзо ги решија....
Псж си одмараше со Цеље,одиграа колку да се одигра,да се земат тие два бода..
Последните 10 минути не можеа да одат...
Цеље не беа лошо,освен првите 10 минути кога дадоа само еден гол,после се поправија и се претставија во добро светло,ако не беше Тити со 20 и кусур одбрани ќе беа уште подобри....
Мотор како шо очекував не изгуби во Данска,ме изнанадија само преголемиот број голови,нетипично за Скјер,не за Мотор,Украинците даваат доста голови...
Заслужено Мотор си го освои првото место,и одат на послабиот противник од другата група Ла Риоха..
Скјерн како шо игра не верувам дека против Мешков ќе направи нешто...
За античките шо да кажам?
Вреди ли да се коментираат?
Додуша не ни ги гледав денес,освен неколку минути,и слушнав еден коментар на Јовиќ на тајмаутот,како рече
да изгубиме со шо помала разлика или така нешто
Ок,кога веќе одиш на шопинг и секој пораз со "мала"разлика е успех нема проблем...
Врти сучи се исполнија очекувањата за античките дека ќе си бидат фенерџии,но искрено не очекував дека ќе соберат 4 бода,победата над Шафхаузен е изненадување за мене,над Елверум не толку,иако мора да се признае дека и немаа среќа на 3 меча и за пичкино влакно не зедоа бод(ови)....
Единствено позитивно е шо го добија Жарко Буцкото како прв пикер на кого мора сериозно да смета,добија врвен десен бек(прашање е дали ќе имаат сили да го задржат и наредна сезона)?
Го добија Мраковчич,малку(повеќе)задоцнија со Шпилер,ама ќе се најди за плеј офот,тука е еден Бувиниќ,сериозен играч..
Го добија Костески,и шо почнаа конечно да мрднаат некои недифинирани "вечни таленти"како Орката,но недоволно,и чисто се сомневам дека ќе се изделка нешто од овај,ама ајде,оставам недефинирано од една единствена причина шо има само 19 години,не за нешто друго,..
Кога ќе се покажи со поголеми тимови од овие во лузерските групи ќе прајме муабет....
За Фитилот ќе видиме,има време за него....
Маџоски нека оди во теретана,или во некоја агенција за обезбедување,не е за лево крило сигурно...го лажи Лино дека го бива...
Палевски од друга страна,можеби и ќе се изделка нешто од детево....