Според Премиерот на Ирак, Турција не добила дозвола да влезе на ирачка територија, и дека нема врска дека ги тренираат ирачките војници. Така да што бара турција на неколку километри од Мосул вториот по големина град во Ирак со околу 1 или 2 милиона жители. Баш во овој период се стегаше обрачот околу Мосул, Синџар беше освоен од Курдите како и главниот автопат кој го поврзува тој дел на Ирак со Сирија, што значи Мосул е речиси отсечен од Сирија, калифатот е речиси поделен на 2 дела, и наеднаш турција влегува со војска таму...ова е Апла признае за сојузот на турција со ИСИЛ..
Кога ке видам како некој става извор википедиа како кредибилен извор....Овде каде што живеам има една пензионерка има 78 година и пишува за википедиа, како хоби и е...
Друга работа според рангирањето Турција е мегу топ 10 Армии во светот,ама секако не е трета сила,можеби по бројност е една од најголемите во нато, можеби и има голем број на авиончиња, ама ако ги подгледнеме работите од Милитаристички аспект ке испадне дека немаш поим за што збориш, само шириш популизам.Ако не си знаел, постојат и работи кои се нарачени крстосувачки проектили, подморници, одбранбени ракетни системи, балистички проектили и слични работи...Инаку да направиме споредба што изгуби и доби Ердоган и Путин
Ердоган
- Изгуби шанса да се изгради Турски Поток, со кој Турција од никде никаде, без капка природен гас и нафта на својата територија ке станеше регионален енергетски играч. Милијарди долари само што ке транзитираше гасот низ нејзината територија( тие 3 милијарди од еу ке ги извадеа 100000 пати преку гасоводот).
- Можеби ке се стопира изградбата на нуклерната централа, а со тоа уште една шанса за ефтина енергија е пуштена низ вода.
- (Не) зависноста од Западот. Пред овој настан Ердоган наликуваше на Тито во само еден сегмент. Играше и со истокот и со западот, можеше да си дозволи луксус да води своја речиси независна политика, сега го изгуби пријателот во русија и остана зависен од западот.
- Веке голем дел од европските медиуми и јавното мислење во Европа и во САД ја гледа Турција како соучесник во Тероризмот.
- Јавно беа обелоденети врските и трговијата на нафта со нивните исламистички другарчиња од ИСИЛ.
- Економски Санкции од Русија, може да се заебаваме тука,ама Руските туристи се највеликодушните во светски рамки.Сум работел со нив,знам која пара ја оставаат,така да плажите во Турција ке останат празни.
- Уривањето на авионот му даде повод на Путин да го засили рускот воено присуство во регионот.. Со С-400 системите во Латакиа и оние што ги донесе во Ерменија, Русија ефективно има контрола на 85% од воздушниот простор на Турција.
- Ако Ердоган очекуваше дека Русите ке се исплашат со тоа што им го сруши авионот тогаш бил во голема заблуда, не само што ги засилија нападите туку и секој 2-3 ден испага информација за некој уништен нафтен конвој.. Плус пржењето на Туркмените, кои всушност се турски државјани, прокси милитанти на Ердоган во Сирија, а Ердоган неможе да направи ништо во врска со тоа.
Што изгуби Путин
- Дел од руското јавно мислење смета дека одговорот кон турција требаше да биде порадикален
- Еден пилот и еден Маринец
- Еден бомбардер и еден Хеликоптер
- Изгубен партнер во Турција*
А доби
- Повод да го зголеми вооружувањето и военото присуство во Сирија
- Де факто го контролира небото над Сирија,
- Го виде вистинското лице на Ердоган, пред да му фрли огромни пари за изградба на Турски тек. Виде дека Ердоган не е стабилен партнер и дека во секое време во зависност од интересот може да му сврти грб
- Светското јавно мислење е про руски настроено во оваа Војна, се покажа како сериозен играч во борбата против тероризмот, додека на Турција се гледа како на прв пријател на ИСИЛ
Така да според ова, се гледа кој е победува засега во овој судир.
А и друга работа, дај не ја тупи,вчера срушиле турските ф-16ки ловци( и тоа во заседа) еден руски бомбардер кој нема никакви шанси против било како ловец и одма Турција суперсила.....Суперсила а 40 години неможе да ги победи Курдите, со цела таа американска воена техника,а курдиве со АК-47 и лесно пешадиско оружје се посилни и посилни стануваат.