YuZe
Sic Semper Tyrannis
- Член од
- 22 септември 2005
- Мислења
- 1.953
- Поени од реакции
- 2.224
Тазе отселен. Сум имал AT&T договор, T-Mobile, Verison и сега моментално користам Sprint, така да знам што зборувам.Нема врска каде живееш се гледа дека си тазе одселен па некој основни работи не ги знаеш/сфаќаш. Осигурувањето што го напишав е просек, остај ти стејт/град кога 95% од населението на државата живеат во метро њу јорк. Зип код игра улога како и многу други работи на пример колку год си, кој пол си, дали си бил предходно осигуран и дали си имал судари (рејтинг), дали колата ти е гаражирана, колку миљи годишно поминуваш итн.... Ова што ти го дадов е ПРОСЕК, тоа дека ти плаќаш моментално многу повеќе е друга работа. Што пробувам да ти укажам е дека со тек на време ќе си најдеш начин како да си ги намалиш трошоците а да ги зголемиш приходите. Тоа е таа скриена цена на емиграција.
Се гледа дека си нов и по тоа што сеуште не разбираш како работат мобилните оператори. Покрвиање - мрежа на пример со тие што ти ги дадов -Pure talk USA ќе имаш исто ко со AT&T, вториот најголем оператор во УСА. Они уствари се виртуален оператор што има минимални трошоци а ја користи мрежата на АТ Т.
Во денешно време никој не плаќа многу за работна рака на кола. Или купиваш некоја тојота/хонда јапонска која е поевтино само да смениш дел и тоа кошта релативно евтино или ќе си земеш некоја подобро очувана мечка што има 1 000 000 км гаранција. Во секој случај колите во УСА се смешна цена споредено со МКД.
Треба да си луд во денешно време прва станица да тие њујорк, сиднеј или лондон ако највеќе што можеш да оствариш е минималец. Затоа сега 80 саати треба да работиш. Да си отишол некаде кај што е се поевтино, да ќе имало помалку работни места ама и помалку конкуренција, повеќе шанса за напредок, ќе си го научел системот подобро, ќе стекнеш подобро локално искуство па ќе можеш да се вработиш без познанства или пушење...
Не се секирај и јас зборам од искуство. Прогуглав само за да не остане на my word against yours а и да ти отворам малку очи.
Во странство не е розово ниту лесно ама со тек на време ќе се средиш па ќе видиш голема разлика. Не е ни странство за секого.
Работна рака за кола е скапа и да скапо е кога ќе се расипе. Пример, промена на акомулатор на BMW 328i е околу 450 USD и мора да се мени на ауто дилер затоа што е интегриран во мотор. Зборувам од искуство со коли што сум ги имал и коли што ги имаат другарите.
Давав пример за работење 80 саати неделно, не реков дека јас работам 80 саати неделно. Само давав прецизна слика како е да почнеш ако си сам во оваа држава.