Па, реално, и не е се така мед и млеко, никаде. Мене лично, ми се жалаат на животот во Македонија, претежно луѓе кои се неспособни да направат нешто сами за себе. И цело време, само се жалат, се жалат, веќе до таа граница што гледаш дека очекуваат да им се понудиш за помош. Ако веќе некој гледа дека нешто не му иде во животот и смета дека неговото знаење и стручност не се доволно оценети во МК, веќе треба сам да превезми одговорност за исселување или што и да е. Мене еве претежно ми се жалат луѓе кои на над 25 год се издржувани од домашните, во секое време имаат време за кафе, целосна слобода, по цели лета по плажи, немаат потполно никакво работно искуство, а со тоа ниту работна навика, а знаат да кажат дека целиот работен систем во МК не функционира (иако тоа е само мисловен поим за нив, а немаат никакво лично искуство во тој систем), и ми напоменуваат непрекинато дека само Германија е спасот за нив.
И сега што да им се одговори на тие како нив?
Ако им кажеш дека во Германија ќе заборават што е спиење секојдневно до 15h. - не веруваат, и тоа е жалење од моја страна.
Ако им кажеш дека кога си примен на работно место во Германија, значи дека работодавачите очекуваат твоја максимална посветеност за добро на инситуцијата каде работиш - и тоа е жалање.
Исто и дека околината е многу различна, и многу навики стекнати во Македонија, треба да се менуваат за опстанок во Германија, како постојаната дружба, искачања надвор и сл - и тоа е жалање.
Значи, да не се разбереме погрешно, не те категоризирам како неспособен, туку пренесувам од лично мои гледишта како изгледа моето ,,жалање,, кон некој од аспект на западниот живот. И пак ќе повторам, за тие што се решени и знаат дека имаат квалитети, постои интернет, огласи, знаат сами да си средат документација и да одат да работат и заработуваат кај сакаат.
Затоа во последно време дискусии од овој тип целосно избегнувам, зошто се некорисни и бесмислени, а не дека не сакам да помогнам. Кај тие што очекуваат помош колку и да помагаш, исто е, додека помагаш е ок, а потоа пак на старото.