На с3 1,4 хди 16 в на компјутер покажа некоја грешка Throttle position sensor (TPS). Мајсторот ја избриша, ми рече да ја повозам една недела и да ја провериме пак. Ако се појавела пак грешката ќе ја бараме причината. Во меѓувреме јас барав на интернет и видов дека тој е чест проблем на цитроените и дека едно од решениијата е само чистење на контактот од сензорот што се наоѓа во самата гас папуча. Навистина имам проблем со влечењето, некогаш прима гас некогаш притискам на гас па ќе повлече покасно. Mожно ли е да е толку лесен проблемот, некое искуство?