Она што се случуваше после вториот гол на Игуаин е само хинт за што е способен овој тим кога ќе се уигра. Ќе ги посереме на реваншот во Милано.
Д'амбросио да не се продава, нека биде втора опција на таа позиција ама ни треба еден кој ќе биде редовен стартер. На оваа позиција сме најдефицитарни.
Икарди премногу зависи од сервис, повеќе би бенефицирале без класичен шпиц пошто е многу предвидлива позиција и ако му залепат 1-2 дефанзивци ќе биде тотално одсечен цел натпревар. Љајич и Јоветич како плејмејкери и по крилата со Перишич и Бијабиани е нашиот најубиствен напад. Само секако дека нема сите напаѓачи да ги нареди од старт, ќе му требаат добри опции за од клупа кои би можеле да го решат натпреварот и затоа мислам дека Јојо не беше стартер.
Грешка беше што не го играше Жезус лево кој ни е најдобар дефанзивен лев бек или Телес кој е пак одличен кога напаѓаме. Сепак за тврди натпревари мое лично мислење е дека ЈЈ е подобра опција. За малите екипи нека игра Телес или пак кога бркаме резултат по негатива.
Нагатомо треба да биде 3 опција или да си оди. Вчера беше очај но да бидеме реални со критиките на предходните 2 натпревари беше солиден. Но имал он и други киксови така да не знам стварно што да мислам. Слаб е дефанзивно и висината и физикусот му се препрека против опасни напаѓачи ама пак знае да изненади со добри пробиви и набацувања кога напаѓаме.
Балканциве како функционираат напред секоја чест. Нека играат секој натпревар истите да се уиграат и ќе кинат. Не ми пречи кога пробуваат и грешат ми пречи кога ја пимплаат топката и враќаат назад. И шутирајте ебаве бељата, некоја ќе влезе (како таа на Љајич) или ќе се одбие па ќе ја збрца некој. Затоа го сакам Гуарин, гледа позиција и шутира.
2-1 против Наполи, кои се во страшна форма, со играч помалку цело второ полувреме е одлично.
Ајмо ЛШ годинава!