Нема врска тоа бе. Не гледаш има филмови ко тој со волкот и Лео, милиони се вртат па пак срање си е
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Овој еве со 200 000 евра е подобар од Wolf of Wall Street. Tти на некој неагилен дај му и 50 000 милиони, ако не го бива срање ќе напрај (ова не важи за Мартинчо режисерот на Волкот, оти ми е ок режисер, само шо со тој филм ја потпосра работата)
Него муабетов ми е друг, дека гледачот е гледач и си има одредени потреби, критериуми и очекувања. Него го боли онаквото што се режисерите и екипата правеле во позадина. Тој го апсорбира крајниот продукт и крај на приказната. Ама дека режисерот потенцирал дека мала сума е искористена, ама дека актерката била настината на снимањето, не треба да ни бидат клучни параметри со кои ќе поставиме по дифолт пониски критериуми и очекувања и да се задоволиме со истите во стилот-Абе глеј прејак е филмот според тоа колку време е сниман и колку пари се вложиле. Значи не. Јас како гледач може да имам разбирање за тоа на каков начин е остварено и да речам тие го достигнале максимумот со тие средства/екипа, но тој максимум за мене не е доволен на ниво на кое објективно оценувам филм.
Или ко со делава. Читаш книга од рандом јак типац, еве Алан По че го земам, и книгава не ја бива во некој дел и ти вика братов-Абе тогаш имав треска таа вечер ко го пишував, се изнервирав ми снема мастило, ме стегна за серка и тн и тн причини, ама ти му викаш кој те е*a, страниве не се ко шо треба. Твоја работа си е таа и крај на приказната