Толку сум се избрукал, што мора да го пишам, како превенција некому да се деси истото.
Дома традиционално си правиме ракија. Дали шливовача, дали лозова, дали од мушмули, зависно од тоа каква е годината и шо има најмногу родено. Па така ако се погоди да има добра реколта и се испече баеѓи ракија, вишокот го продаваме.
Нормално си имаш редовни муштерии на кои им продаваш речиси секоја година. А во сезоната на слави која е моментално, побарувачката е најголема. Има еден познаник на татко ми кој секоја година ни купува. Пред месец дена зема 3 литри, ко секоја година задоволен од ракијата ја шмугнале малку побрзо од очекуваното па минатата недела се јави за да му наместиме уште едно литро, за да има за слава.
И така ми врти татко ми во понеделникот, вика ќе дојде овој, напуни му од појаката и не му наплаќај, редовен е човекот си заслужил. И идам јас горе во собчето до тераса, јер таму седат “избраните“ билноци со појака ракија, точам во шише од Кратошија (или Смедеревка), класика. Го оставам шишето во ходникот и слегувам да вршам други работи.
По некое време лае кучето, ете ти стигнува кола, доаѓа чоеков.
„Еј кај си шо праиш, како има?“
„Еве по дома, ајде ако си за кафе, ракиичка.“
„Не, не, немам време знаеш како е слава утре па во гужва сме дома, дај ракијата и ќе си одам.“
И океј, се качувам по скали, зеам шише, му давам, пари не мора, чао, среќна слава итн....
Вчера, доаѓа дома татко ми:
„Па ти нормален ли си бе? Што ти е проблемот? Се заебаваш со мене или си се мрднал?
(ја неам појма шо се дешава, пробуваш да ти текне дал си направи беља и си скрил нешто, нема...)
„Што збориш бе човек, што сум направил?“
„Како бе што си направил, си му дал вода на Трпко место ракија.“
„Што?“
„Е што, што? Кај ти е паметот? Како може да...“
(продолжува да вика)
Мене ми светнува у глава што може да сум направил, трчам по скали, го глеам шишето оставено на местото кај што го оставив! А му дадов шише на човекот! Во тој момент сфаќаш што си направил. Се вртиш кон даската за пеглање која е покрај скалите, глеаш нема шише до неа. Сум у дал дестилирана вода што мајка ми ја употребува за пеглање на човекот.
Ееееееј
превриена вода сум му дал место ракија ебате!
Ти ебам и истите шишиња и паметот што ми летал, брукиии!
Слагам му кажувам на татко ми што сум направил, тој почнува со „Бог да чува, бог да чува...“ и ништо ајде, земи го шишето и однеси му на човекот ракија, извини му се, иако веќе му завршила славата.
И идеш кај чоеков, му раскажуваш што се десило. Ми вика ај сеа да мавнеме по една, ама од ракијава, не ти давам од дестилираната вода. Се кинете од смеење двајцата.
Среќа што ја пробал пред да ја понуди на гостите, да им понудел на гостите, е тоа би боло максимална брука.