Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Embedded media from this media site is no longer available
Embedded media from this media site is no longer available
Сириско-руски напади во просторот на Ердогановите туркмени.[DOUBLEPOST=1448474803][/DOUBLEPOST]Значително потежок залак за фантомите. Заедничко дејство на три Су-34 покрај турската граница.
Embedded media from this media site is no longer available
 
Последно уредено:
На американското лицемерие му нема крај.. Ни срам, ни перде.

УСА воведува санкции кон Сирија поради трговија со нафта со ИСИС. :tapp::notworthy:

US sanctions Syria for buying oil from Islamic State group

Уште Америка воведува санкции кон руски државјани и компании поради (пази сега) ситуацијата во Сирија и руската подршка на сириската влада.:eek: :kuracc:

Маските паѓаат од ден во ден.. Се чини овој автократот Путин ги погоди во нерв американските псевдо-либерали со поддршката на Асад.

р.ѕ: Го чекам @puno да дообјасни кој има а кој нема право да биде светски полицаец.
 
Embedded media from this media site is no longer available
Русите пак си играат со сонцепржачот.
 
https://www.facebook.com/photo.php?...02176507.67508.100001308172843&type=3&theater
Валера Несмејанов

С сегоднјашнего днја Турција длја менја не суштествует... ни в каком виде... Хочу об'јаснить почему... Наши самолёты сбивали в Афгане, Чечне, в јужној Осетии, во многих конфликтах... Но их сбивал противник, в боју... ты в него, он в тебја, понјатно... и как ни горьки были потери, длја менја военного лётчика, это было нормально - војна без потерь не бывает и внутренне мы, военные, к этому готовы... Но сегоднја... Это ПОДЛОСТЬ и беспредельное ЛИЦЕМЕРИЕ, когда зајавлјајут себја сојузником в борьбе с абсолјутным злом, а сами ради своих гешефтов бьјут в спину тем, кто активнее всего и боретсја с этим злом... И не надо говорить про пересечение границы, было не было, это всё от лукавого... профессионалы појмут, не буду расписывать... ПОДЛЫј удар из-за угла... всё... не даром пели - Не нужен нам берег Турецкиј...


Since today Turkey does not exist for me any more... in any shape or form... I want to explain why... Our planes have been shot down in Afghanistan, Chechnya, South Ossetia, in many conflicts... But they were struck by the enemy, in battle... you shoot at him, he shoots at you, it's understandable... and no matter how bitter the losses, for me, a military pilot, it was normal - there is no war without losses and we, the military, were prepared for this... But today... It is TREACHERY and infinite HYPOCRISY, when you declare yourself an ally in the fight against absolute evil, and yourself stab in the back those who most actively fight against this evil... And do not talk about crossing the border, whether it happened or not, this is all meaningless ... professionals will understand, and will not argue... SNEAK attack from behind a corner... this is it ... not for nothing they sing: "We don't need Turkish shores"...
 
Писмо од Рака

Сведоштво од прва рака за тоа како е да се живее во градот кој го контролира ИСИС. На моменти тоа личи на животот во Србија бомбардирана од НАТО: земјата ти ја држат бандити ама овие што од воздух демек те ослободуваат, рокаат бомби врз тебе. Цивилна забелешка: Знаете за што бруталниот и немилосрден режим на ИСИС особено строго казнува? За пушење цигари. Ако, ако...


Гареб ал Омави е име кое го измислив и го користам на моите интернет сметки како што е Фејсбук, откако источна Сирија, од Деир Аз Зор до Рака падна под контрола на ИСИС.

Секојдневниот живот во Рака личи на голем затвор кој го чуваат вооружени луѓе во црно. Често се будиме со звуци на воени авиони кои го надлетуваат градот.

Дроновите речиси и да не го напуштаат небото над нас, придружени со сирени за узбуна кои ги пушта ИСИС.

Децата од Рака веќе не се плашат од бомбардирања. Тие веќе умеат и да разликуваат каков воен авион лета над градот, дали е на режимот, на руската армија или на американската коалиција.

И жените веќе не врескаат панично како што правеа кога се запознаваа со звукот на воените авиони.

На жителите веднаш им е јасно кој е нов во градот кога ќе видат како некого фаќа паника. Секој ден излегувам од дома и талкам по улиците на Рака, со измешано чувство на страв, нервоза и гадење и се обидувам да ги документирам злосторствата кои ИСИС ги врши по градот.

Почнав со тоа кога ИСИС уапси и потоа уби еден мој другар за наводно шпионирање за Слободната сириска армија. Почнав на интернет да објавувавм дневни вести за случувањата во областа која ја држи ИСИС, да покривам апсења, распнувања и каменувања.

Пред војната, или револуцијата, како што јас ја нарекувам, против диктатурата на Башар ал Асад, студирав земјоделство на Универзитетот Еуфрат. Живеев како и другите млади, имав свои хобија како фудбал и пливање, излегував со девојки.

Кога револуцијата изби во март 2011, зедов учество во мирните протести во Деир Аз Зор, во источна Сирија. Мирните протести траеа 3 месеци и едно време се собраа 500.000 луѓе на главниот плоштад.

Силите на режимот почнаа да ги разбиваат протестите а жителите одговорија со граѓанска непослушност, поставување бариери и попречување на сообраќајните рути во градот. Владата довлечка тенкови, тешка машинерија и голем број вооружени лица.

Во меѓувреме, јас и моето семејство го напуштивме градот и отидовме во Рака, која во тоа време беше побезбедна од Деир Аз Зор. Се плашевме од бруталното бомбардирање на сириската влада за разбивање на протестите.

Се обидов да се вратам на факултет но добив писмено известување дека сум исфрлен од таму заради политички причини. Сè уште сонувам за тоа еден ден да се вратам на студии.

Во март 2013-та, ФСА (Слободната сириска армија) го ослободи Рака од владините сили со помош на борците од фронтот ал Нусра, коалиција која подоцна се распадна. Настаните брзо ескалираа и до почетокот на следната година, ИСИС веќе го имаше освоено градот кога по тешки битки, ФСА се повлече од Рака.



Почнаа да дигаат црни знамиња по градот, многумина уапсија, почнаа да крадат од владини институции и симнаа сè што имаше врска со сирискиот национален идентитет, како подготовка за нивната Исламска држава.

Ја зацврстуваа нивната држава со мерки слични на оние кои ги употребување сириската влада, вклучувајќи апсења и убиства.

Но, бруталноста на ИСИС ги надмина криминалите на режимот и тие почнаа да распнуваат луѓе, да им сечат раце, да ги каменуваат и јавно да ги бичуваат.

ИСИС воведе строги правила против пушењето. Секој кој е првпат уапсен по таа основа, веднаш е јавно бичуван, вториот пат е бичуван и затворен, третиот пат е бичуван, парично казнет, затворен па протеран од градот.

Во последно време засилија апсења на млади луѓе, за пушење, носење тесни панталони или бричење на брадата. За жените, главен криминал е кршењето на исламските правила на облекување.

Гледајќи како ситуацијата се влошува, заедно со неколкумина искусни активисти и новинари создадовме проект за документирање на злосторствата и кршењето на човековите права. Објавуваме стории и снимки за тоа што се случува во градот. Како го правиме тоа не би можел да откријам без да ја доведам групата во опасност.

Она што ИСИС го прави е отаде бруталноста а некои луѓе го игнорираат овој факт. Никого не занимаат притворените и уапсените, никого не го интересираат невините цивили во Рака.

Но, кога ќе се посветам на нашата мисија да го разобличуваме злосторот на ИСИС, стравот исчезнува. Сите ние се надеваме дека еден ден ИСИС ќе одговара пред правдата за своите недела. Тоа е она што сакаме да му го покажеме на светот.

извор: Ал Џезеира
 

Нафтен конвој направен пепел.
 

Нафтен конвој направен пепел.
Не бе, "хуманитарен" бил..
Возеле цемент и арматура за Ал-Каеда.:boksix::boksix:
Седум мртви, десет повредени.
 
Eве заштто само со воздушни удари нема да стане и без копнена операциja нема да ке размине.

И кога зборуваме за руските бомбардировки да видиме тоа...
12294643_10153459984283509_2020741451556908007_n.jpg
[DOUBLEPOST=1448537918][/DOUBLEPOST]

Нафтен конвој направен пепел.
Браво, тоа требаше да го прават многу,многу порано.
 
Последно уредено:
1. Русија е секуларна, ако имаш факти дека е обратно повели елаборирај.
Надвор од темата. Чисто да не заборавам да ти го покажам документот кој излезе во јавност. :)

TGhv3Soj9q4.jpg

На основа на ова се погласни се и православните "џихадисти" во барањата државата да се раководи по некаков "комбиниран секуларно-теократски" принцип..
 
Надвор од темата. Чисто да не заборавам да ти го покажам документот кој излезе во јавност. :)

Прегледај го приврзокот 133711

На основа на ова се погласни се и православните "џихадисти" во барањата државата да се раководи по некаков "комбиниран секуларно-теократски" принцип..


Имало и ќе има, но ќе останат само барања:)[DOUBLEPOST=1448658029][/DOUBLEPOST]Денешното бомбардирање на граничните премини меѓу Турција и Сирија.
Bab al Salam border crossing this afternoon

 
Последно уредено:
Вашингтон до Анкара: „Играта се смени, што е многу многу е, затворете ја границата со Сирија“ (ВИДЕО)

Анкара е обвинетa за толерирање - а можеби и соучесништво - со терористите, кои го користат граничниот турско-сириски премин како крстосница за регрутите на ИСИС и за продажба на нафта.

Администрацијата на Обама врши притисок врз Турција да испрати уште илјадници војници на својата граница со Сирија за да ги затворат оние стотина километри што останаа последната точка низ која милитантите на ИСИС продолжуваат непречено да преминуваат.

САД не побарале официјално точен број војници, но претставниците на Пентагон пресметале дека се потребни околу 30.000 војници за да се запечати границата од турска страна.

Сè уште не се знае како ќе одговори Турција. Турските официјални претставници велат дека се согласни дека е неопходна поголема гранична контрола и велат дека почнале да спроведуваат некакви мерки. Тие сугерираат дека процените на Пентагон за бројот на војниците се напумпани, но одбиле да дадат своја бројка.

Вашингтон јасно ѝ укажал на Анкара дека повеќе нема да ги толерира тврдењата на Турција дека не е во можност да го затвори остатокот од границата што ИСИС сè уште го користи, вели Индипендент.

„Играта се смени. Што е многу многу е. Границата мора да биде затворена“, рече неименуван висок претставник на администрацијата на Обама за Вол стрит џурнал за пораката на Вашингтон до Анкара. „Ова е меѓународна закана, и сето тоа доаѓа од Сирија и доаѓа преку турската територија“, гласи пораката што Вашингтон ја испратил до турската влада. САД сметаат дека затворањето на границата ќе биде многу поштетно за ИСИС од сите воздушни напади.

Американското барање доаѓа во време на сè поголем притисок врз Турција и жестоки обвинувања дека таа им помага и соработува со терористите на ИСИС. Не само што илјадници борци ја преминале границата со Турција и отишле да се борат на страната на исламистите во Сирија, туку во Турција се продава и суровата нафта од нафтените полиња што ги зазеде ИСИС, пишува Индипендент.

Турција сега се наоѓа под голем притисок и од САД и од Русија, особено од Владимир Путин, кој ја обвини Анкара дека им помага на ИСИС и на Ал каеда.

Откако турските воени авиони минатата денела соборија руски бомбардер, Русија почна силни воздушни напади во знак на поддршка на напредувањето на сириската армија за контрола на западниот крај од сириско-турската граница. Проопозициската Сириска опсерваторија за човекови права рече дека во руски воздушен напад врз градот Ариха вчера загинале 18 лица, а десетици се повредени.

Во меѓувреме Турција соопшти дека го добила телото на пилотот што загина кога авионот беше соборен и дека ќе ѝ го врати на Москва.



Што им требаше на Турците да го урнат авионот:)

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom